|
|
Последните воздишки на субсахарците |
Балканот се уште е заложник на мракот од минатото. Голем дел од неговите државни ентитети живеат под страв од македонското постоење и македонското воздигнување. Впрочем, така и ги поминаа вековите наназад. Опседнати од македонизмот, настојуваа трајно да го збришат македонскиот дух, не само од пишаните хартии, туку и од душата и умот на секој оној кој се чувствува како Македонец. Дека не успеаја во злобните намери е евидентно, но тоа што и натаму продолжуваат тенденциозно да го градат својот хистеричен и шизофреничен однос кон Македонија и Македонците е предмет на длабока психолошко-трауматолошка анализа. Доказите за постоењето на македонштината во нас и нашите предци растат секој ден. Несоборливи се наодите кои вистинските патриоти му ги презентираат на светот. Паѓа моќта на грчката држава, се кине превезот ставен врз лажното лице на АтинаСе сторија, се направија, само за да му покажат на светот некакви квазидокази и фалсификувани факти дека на Балканот нема повеќе Македонци. Во ниту еден дел од светската историја, не постои досега запис дека цел еден народ изумрел и го снемало од земјените простори. Првите археолошки истражувања во Егејскиот дел од Македонија од страна на Грција беа направени пред триесетина години. Дотогаш местата само ги евидентираа. Грчките археолози кога го пронајдоа сонцето во Филиповата гробница напишаа дека станува збор за стара и типична македонска култура, високоразвиена и афтохтона. Потоа, Грците почнаа да ги извитоперуваат наодите. Дека Грција нема факти во обидот да ја обезличи македонската древност, говорат и стотиците други археолошки наоѓалишта на целата територија на етничка Македонија. Во сите од нив има белези и автентични остатоци од античко време. Тоа се населби и градови што ги подигнувале луѓето и војниците на Александар Македонски. А, дека не сме само ние Македонците тие што за себе кажуваме кои сме, што сме и од каде сме, говорат и следниве изјази, размислувања и ставови искажани токму од Грци. Голем дел од нив уште во древното минато знаеле и зборувале за различноста меѓу Македонците и Грците во секоја смисла на зборот ( етничка, јазична, културолошка, традиционална и сл.) Но, има дел и од денешните Грци кои размислуваат поинаку од крутите шовинистички политички структури во Атина. Тие ги повикуваат конзервативните струи да го прифатат постоењето на македонската нација на македонската територија која по ништо не е грчка, туку автентично македонска.
Григорис Валијанатос, поранешен советник на лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу:
Александар Македонски |