Историја

Кавадарци во 1920 година

kavadarci-1920-god

kavadarci-1920-god

Инспекторот за стопанство во Министерството на Владата на Кралството Србија – Миливое Савиќ ни дава комплетна состојба на населението.

Население. 7000 жители половина Македонци, половина Турци. Околу 2000 Турци веќе се иселиле.

Турците живеат исклучиво од земјоделие, Македонците од трговија, занаетчиство и земјоделие. Во Кавадарци секој има по малку земја, така што покрај обработка на афионот, лозарството е една од главните култури. Додека трае зимата занаетчиите работат на занаетот, меѓутоа преку летото и тие работат земјоделие, па дури и трговците за време на бербата на афионскиот катран ги затвораат дуќаните и одат на работа по полето. Оној кој што нема сопствена земја, закупува созреан афион за режење, зашто ако не врне дожд за време на собирањето на катранот може добро да заработи. Кавадарци има необично плодна околина.

Производство. Во Кавадарци годишно се произведуваат околу 25.000 оки катран и триесет пати повеќе семе, или 750.000 оки. Афионот најдобро успева на силна и смолникава земја со местоположба завртена спорема сонцето. Најквалитетен катран се произведува во околината на Дреново. На еден хектар се собираат просечно од 15 до 20 оки катран, а афионско семе од 450 до 600 оки. Со семето се покриваат сите трошоци за производство, а катранот е чиста заработувачка.

Обично се сее секоја година на иста нива, само кај господин Јаков Цајзет една година се сее афион, а друга година јачмен.

Во Тиквешијата се произведува многу квалитетно грозје, кое во најголемиот дел се преработува во вино, ракија, киселина. Во Кавадарци се преработуваат по 100 вагони грозје, а околу 500 вагони се извезуваат: преку Криволак, преку Струмица 200 вагони и преку Демир Капија 51 вагон. 1913 година во Тиквешијата се памети како многу лоша година за лозарството и производството на грозје.

До пред десетина години производствено вино било продавано во Битола, Прилеп, Крушево, а оттогаш, па наваму грозјето е извезувано во Србија, па ако не би била Србија, Кавадарци не би можело да постои.

Секој граѓанин на Кавадарци има по малку вино, но во градот има околу 20 трговци кои се занимаваат со продажба на вино. Ако грозјето се преработува со преса или мулјач се добивале 78 насто вино, ако операцијата се врши рачно се добива 50 до 60 насто вино, но затоа пак се добивало повеќе ракија.

Познато е дека од големите трговци еден имал каци и бочви кои собирале два вагона вино, така што за три дена тој преработувал околу 600 товари грозје.

Главни винарски трговци во Кавадарци се: Хаџи Паис, Пане Велков, Ѓорѓи Бошков и компанија. Јанаќи Данов, Тодор Велков и Ефто Манев.

Во Кавадарци, исто така се произведувал и анасон и тоа околу 50 вагони, кој по квалитет бил подобар од прилепскиот, затоа што имал многу посилен мирис.

За Солун од Кавадарци се извезувале околу 200 тони пченица и тоа бела, `рж – околу 30 до 40 вагона, јачмен – околу 300 вагони, кој во Солун се употребувал за производство на пивски слад. Во околината на Демир Капија годишно се произведувале од 100.000 до 150.000 килограми добар и квалитетен ориз.

Од Мариовските Планини зимно време по реките Црна и Вардар со сплавови за Солун се транспортирале околу 100 вагони дрвена граѓа, а бичена граѓа (штици) за Штип и за Велес е носена и по сув пат. Во околината на Кавадарци еден хектар земја дава пченица од 1000 до 1400 оки, јачмен на ѓубрена нива од 1800 до 2400 оки, а на неѓубрена од 900 до 1400 оки. Температурата во овој крај е многу висока, летно време во сенка изнесува 38 степени и тоа трае цел месец. Целиот Тиквешки округ е изложен на јака суша. Териотријата околу реките црна и Вардар е подложена на заразни болести, особено маларија, од која страдаат, како луѓето така и стоката, а особено е многу голема смртноста кај децата.

Занаети

Бербери. Во Кавадарци има 11 берберски дуќани од кои 5 се христијански и 6 турски. Порано берберите заедно држеле и кафеана, но денес има само берберски дуќани. Само два дуќана имаат калфи. Она што калфата го добивал од муштеријата за својата работа, го делел по половина со газдата. Најдобриот мајстор во градот неделно можел да заработи 20 динари. И берберите како и сите други занаетчии во градот за време на бербата на афионскиот катран работеле како надничари.

Кујунџии. Во Кавадарци има само еден кујунџија, кој исклучиво само крпел. Порано имало уште еден од Прилеп, но не успеал да се одржи.

Кондураџии. Во градот има 20 конураџиски дуќани од кои два се турски. Десет дуќани имале калфи, а останатите само чираци. Калфите биле плаќани најмногу по 7 гроша на ден. Секој мајстор имал по малку земја и лозје и секој од нив одглдувал афион, ако немал сопствена земја земал под закуп. Кондураџиите порано кожата ја набавувале од Солун. Сега се` почесто ја набавуваат во Скопје и во Битола. Најдобар чевлар можел годишно да заработи до 600 динари, а од афионот се заработувало по 200 до 300 динари.

Абаџии. Во Кавадарци има дуќани со по еден до двајца калфи, или пак работат со синовите и браќата. Абаџиите се сите Власи од Крушово и материјалот го купувале во Битола и Крушово. Тие работат исклучиво за Турците, зашто селаните имаат сопствен материјал којшто го произведуваат самите, а им го шијат селски абаџии. Порано абаџиите можеле да заработат од 1000 до 1200 динари годишно, но сега работата опаднала и заработувачката е значително помала.

Столари. Во градот има 4 дуќани коишто изработуваат маси столови и куќен мебел. Секој дуќан има по еден калфа на кој годишно му плаќал по 200 динари. Столарите штиците ги добивале од Рожден. Секој мајстор имал по еден или два декара земја, а од занаетот можел годишно да заработи до 600 динари.

Дрводелци. Во Кавадарци има околу 50, кои работат за 3 до 4 динари дневно, но секој од нив има по малку земја и лозје.

Лимари. Има три дуќани, кои покрај другото произведуваат и печки од црна ламарина. Двајца од нив работат заедно со своите браќа и заработуваат по 1200 динари годишно. Секој од нив покрај занаетот поседува по малку земја и лозје.

Кројачи. Има два дуќана кои работат без калфи, но порано и тие имале калфи. Двајцата ортаци делат по 600 динари годишно од заработеното. Инаку и двајцата псоедуваат мали ниви и лозја.

Бочвари. За чудо Кавадарци бочвари нема, па побарувачката на буриња во градот е голема! Со отпочнувањето на масовното производство на вино потребата од нив е се` поголема, а буриња купуваат во Прилеп и Битола.

Ковачи. Има осум христијански и осум цигански ковачници. Половина од Христијаните имат калфи, а половина немаат. Циганите работат со помош на жените. Калфите на ковачите за својата работа годишно добиваат по 240 динари и храна. Циганите заработуваат по 600 динари годишно, а Христијаните по 1200 динари.

Кафеџии. Во градот има осум кафеани кои за време на војната прилично добро профитирале.

Фурнаџии. Во Кавадарци има седум фурни кои дневно заработуваат од 16 до 24 динари. Тие за фурната плаќаат годишно кирија по 300 динари.

Шарлаганџии (или зејтинлии). Има 8. Тие годишно произведуваат по 5.000 оки, па и повеќе шарлаган. Тој се прави од афионово или сусамово семе. Од 60 оки семе се добивало 25 оки шарлаган и околу 45 оки ќуспе за сусам, од 60 оки афион се добивало 20 оки шарлаган и 50 оки ќуспе (се добивало поголема количина затоа што се додава и доста вода при производството). Ќуспето се продава по 0,10 динари за ока и се употребува за исхрана на говедата и на кравите. Сега се произведува помалку зејтин од сусам зашто оваа култура многу помалку се одгледува, а порано се произведувало по 80 до 100.000 оки. Шарлаганџиите работат сезонски и тоа почнувајќи од октомври па се` до Ѓурѓовден, а останатото време се занимаваат со земјоделство, а некои од нив седат по дуќаните и продаваат шарлаган.

Шарлаганот се продава во Кавадарци, Скопје, Битола и Гевгелија. Шарлаганџиите годишно заработуваат по 1200 до 1400 динари. Секој од нив има калфа, или пак му помагаат членовите на семејството, меѓутоа кога се меле семето земале и надничари.

Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања, Кавадарци 1900-1945“, од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010 г.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top