Зошто настанала песната и што порачува - Германос Каравангелис -спомнат во песната- зошто? И кој е тој?
Непријателскиот однос кон македонското и влашкото малцинство во Грција беше целосно манифестиран од Грчката православна црква. Додека Македонија сè уште беше под турско ропство, а тоа е пред 1912 год., грчката црква беше таа која го охрабруваше и дури го проповедаше како божествено дело уништувањето на македонското и влашкото население. Неуспевајќи да го грцизираат христијанското население преку црквата, грчките митрополити ги контактираа воените офицери од грчката армија со цел да се организираат и испраќаат грчки вооружени банди против населението во Македонија. Грчиот митрополит Германос Каравангелис од Костур, ги покрстуваше овие грчки терористички банди во името „војници на Христос“. Во јужна Македонија само за време на 1904 и 1905 година, 1039 македонци исчезнаа како резултат на грчкиот тероризам, инспириран и благословен од грчките митрополити. Многу Власи исто така исчезнаа. Само во македонското село Загоричани, во напад извршен на 25 март, 1905 година, од страна на грчка банда заштитена од митрополитот Каравангелис беа масакрирани 60 селани, 7 сериозно ранети и опожарени 28 куќи. Има и многу други сведоштва кои покажуваат дека грчките банди беа поставени во Македонија од грчката влада. Во книгата, „Мојата мисија во Русија“, том 1, страна 64, познатиот англиски дипломат George Buchanan дава сведоштва за тоа. Кога големиот македонски бунт избувна во август 1903 година против турското владеење, претходно споменатиот митрополит од Костур, Каравангелис, отворено стана сојузник со турските воени и цивилни власти против христијанските македонски и влашки бунтовници. Тој дури и дозволи да биде фотографиран заедно со турските цивилни и воени лидери од регионот на Костур и ја охрабри нивната анти-христијанска акција. Веќе позната денеска, оваа фотографија нема и во иднина да ја изгуби својата цена како историско-документарен доказ и од тие причини ја вклучуваме во овој меморандум. Првиот странец кој ја забележал фотографијата А закачена во канцеларијата на турскиот кајмакам (префект) на градот Костур, Македонија, е познатиот англичанец д-р H. N. Brailsford. Како резултат на споменатото востание, мноштво села и градови во јужна Македонија биле уништени од Турците. Д-р Brailsford заедно со добротворна група на Англичани ги посетил овие села и градови со цел да распредели успокоение за страдалното население. Тој останал таму за некое време и составил студија за условите во Македонија. Како резултат на оваа студија и набљудувањата, д-р Brailsford во 1906 година го издава својот автентичен труд: „Македонија: нејзините народи и нејзината иднина“. За неговата втора средба со грчкиот митрополит од Костур, Каравангелис, д-р Brailsford на страниците 193-194 во овој труд пишува: „Се сретнавме уште еднаш овојпат во конакот на турскиот кајмакам и уште еднаш една фотографија ми го привлече погледот. Таа прикажуваше турски власти во свечени униформи како стојат околу турски топ и во нивната средина, симпатичен, забележителен, со изглед на господство и командување, беше лично митрополитот. Потоа се сетив на друга приказна која зборуваше како неговата милост ги испраќала неговите наемници да ги предводат турските трупи во нивниот масакар и го благословувал топот кој ги разрушувал селата до прав“. Нема да биде бесполезно да се спомене тука дека митрополитот Каравангелис и неговата црква беа во сојузништво со најзаостанатиот турски режим, против кој и самите Турци два пати востануваа за да се ослободат од него (во 1908 и 1920-22 година). На истата страна од споменатата книга има опис на она што д-р Brailsford го видел во собата на митрополитот (фотографија Б). Тој пишува: „За пет минути тој се потврди себеси за философ. За десет минути се призна себеси за слободоумник... Но таму, над мојата глава, на забележливо место на ѕидот висеше фотографија на ужасна глава до врат, со куршум низ челуста, капејќи крв. И тогаш се сетив на приказната. Таа глава припаѓала на македонски началник. Банда на наемници од групата на митрополитот го убила додека тој лежел ранет во скривалиште. И приказната продолжи со тоа како убијците го донеле крвавиот трофеј до палатата, и како митрополитот ја фотографирал и ја платил нејзината цена од педесет парчиња злато. И таму, над мојата глава висеше фотографијата. Некако, ние запревме да говориме за морална филозофија“. Д-р Brailsford, прославен писател и социолог, ужива заслужен престиж во Англија. Со толку многу пројави на нехристијански постапки од страна на грчкото свештеништво, би било апсурд да се очекува дека тие би преземале одбрана на угнетуваните малцинства во Грција или барем на Македонците и влашките свештеници кои беа прогонувани, измачувани и убивани. Никаков протест не беше направен од кој било во хиерархијата на грчката црвка кога архимандритот Евлогиј, македонски црковен достоинственик од Солун, беше жив фрлен во Белото Море од грчките власти во 1913 година. Заедно со неколку стотици водечки Македонци од Солун и околината, архимандритот Евлогиј (роден како Спиро Светиев во познатата македонска фамилија Светиеви од Битола, која што дала видни доктори и инженери во градот, како и градоначалникот на Битола во периодот 1943-1944 година, г-н Христо Светиев) беше предвиден од грчките власти да биде протеран на некој од нивните Егејски острови. Вознемирени од овој славен црковен достоинственик, Грците го фрлија во Белото Море додека бродот го продолжуваше своето патување со другите несреќни затвореници. Тој беше роден во 1878 година во градот Битола, Македонија. Дипломирал на Теолошкиот факултет во Черновиц. „Извештајот на Карнегиевата меѓународната комисија за истражување на причините и водењето на Балканските војни“, издадена во 1914 година во Вашингтон, напоменува за трагичната смрт на Евлогиј, неговото образование и неговиот статус како црковен достоинственик. Архимандритот Евлогиј е прикажан на фотографијата В. Кога ја покорија и разделија Македонија, Грција и Србија беа сојузници па успеаа во нивното срамно дело - потиснување на македонските религиозни, образовни и културни институции во Македонија. Според тоа, тогаш, лесно можеше да се објасни симпатијата која постоеше помеѓу Грчката и Српската црква кои, исто така, се познати по нивниот шовинистички и непрогресивен дух. Со цел да се види колку црковната хиерархија на тиранска Србија е конзистентна со проповедањето на морално учење, ја прикачуваме фотографијата Г на шесте македонски владици прогонети од нивните легитимни епархии при доаѓањето на српските власти во Македонија во 1912 година. Овие владици беа регуларно избрани од жители на нивните соодветни епархии; нивните епархии без создадени со специјален ферман издаден од султанот на Турција во 1870 година, којшто ја создаде националната црква. Мораме да го споменеме историскиот факт дека црквата беше создадена години пред да беше создадена националната држава. Местата на шесте црковни достоинственици протерани од Македонија беа преземени од Срби назначени од Белград речиси како тие да се политички функционери – непочитувајќи ги желбите на народот во предметните епархии.
Митрополитот Каравангелис
Попот со турците
Главата на Лазо Поп Тракјов
Еве како Германос Каравангелис им се обракал на беломорските Македонци Дека оваа теорија има длабоки корени во грчката политика кон Македонија, може да се забележи од обраќањето на митрополитот Каравангелис кон Коте од Рулја, кој е извршител на убиството на борецот за слобода Лазар Поп Трајков. Во своите спомени насловени како „Македонската борба“, митрополитот Каравангелис пишува: „Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед е грчки и земјата што ја газиме е грчка. Затоа сведочат и спомениците што се скриени во неа, и тие се грчки и монетите што ги наоѓаме се грчки и натписите се грчки“. Денес, грчката политика мудро ја користи оваа теорија: од една страна, подарувајќи ја како „данајски дар“ на пост-комунистичка Македонија и, од друга страна, искористувајќи ја сред меѓународните влијателни кругови како изговор дека Република Македонија ја краде грчката историја; и дека има територијални претензии кон Грција. Според тоа, ако се земе предвид дека Грција е најголемиот увозник на оружје во светски рамки за 2007 година (Financial Times, 16 април 2007 година), логично е да се постави прашањето дали ова не е подготовка на политичка агресија (претензија над името е претензија за земја – Nomen est Omen), за „легитимна“ закана со оружје.
Афтентичноста на податоците преземена од истражувањата на Брејлсфорд.
К.Л.
|