Култура и туризам

sv-ilija-mariovo

Свети Илија Мариово

На иницијатива на Стале Чешелков од село Потолчиште, Мариовско и со помош на сето мариовско население, во 1870 година поставени се темелите на манастирот посветен на Св. Илија а изградбата завршила по две години во 1872 година. Откако завршила изградбата на манастирската црква, биле повикани мијачки зографи од селото Тресонче на цело со со Аврам […]

ivan-snegarov

Четири охридски првенци го помагаат уништувањето на Охридската архиепископија

„Само народното предание ги посочува за главни виновници четирите охридски првенци: Бујар Лигдо, Нејко Челеби, Станчо бег и Малечко беј, против кои според истото предание било изречено проклетство од соборениот архиепископ Арсениј.“ –  пишува истакнатиот славист и историчар Иван Снегаров. Во продолжение на својот труд за „Уништувањето на Охридската архиепископија“  Снегаров заклучува дека причините не […]

kukja-galicnik

Најубави и најголеми куќи

Најубави и најголеми и најскапоцени куќи се во Галичник, а после во Лазорополе Во Галичник имајет баре 50 куќи шо се сторени више од 150 илјади динари, и ако се зиздани и со евтин материал и со многу ниски надници. Куќите се не саде на два и три ката, току се и во сешчоје и […]

staro-kumanovo

Обичаи од Кумановско: Брада на нивата

Брада – Китка. Крајот на жетварската работа се означува со правење на нивата – брада или викана уште и китка. На довршување, односно дожнејување на последната нива (на дожневку) сите жетвари почнуваат да итаат и секој гледа да ја сврши својата поста што побргу и да ја наполни раката со житното класје од последниот руковет. […]

gjureski-manastir

Други манастири, урнатини и манастиришта во Скопско

Во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), Георги Трајчев во продолжение за манастирите во Скопско во кратки црти известува за манастирите Св. Илија – село Ракотинци, Св. Богородица – Ѓуришки и Св. Богородица – с. Кожле, но и за урнатините и манастириштата  во Скопската котлина. Македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинот – Џинот во […]

kuceviste

Манастирите на падините на Скопска Црна Гора

На падините на планината Скопска Црна Гора има повеќе манастири и цркви поради што овој предел во минатото населението понекогаш го викало Скопска Света Гора. По неуспехот за возобновување на Охридската архиепископија и формирањето на Егзархијата во 1870 г., кон крајот на XIX и почетокот на XX век се водела вистинска војна меѓу приврзаниците на […]

mitologija

Народна митологија

Вештици Си седел татко една вечер под еден трем од една воденица во време кај пет и пол саатот  и си пиел тутун. Времето било во мај месец и месечината била зајдена тогај, пред пет декики. Како што си се мислел нешто и си се пулел удолу в поле, видел еден огон од едно село […]

blagoslovi

Народни благослови во Македонија

В година поголем родот да биде. Во раце Господови да стоиш. Вечно нека ви е иемто. На именден. Вечно нека ви е малечкото. На домашните за родено дете. Вечно нека ти е малечкото, ама до реда Господ да те милује со машко. Во секоја куќа радос, Господи. Глава нека е жива. На човек кому му […]

umetnost-identitet

Дело за уметноста и сопствениот идентитет

Во историјата на државите и народите, многу  често, настаните на одделни периоди  се важни и значајни за натамошниот државен и народен опстој. Така и денес во 21 век кога Македонија е самостојна и суверена држава, врз грбот на македонецот тежат туѓоземните политички игри околу името на државата, пред се отвореното и крајно нападно форсирање на […]

sv-andrej-matka

Манастирите на Матка

Во живописниот предел на вештачкото езеро Матка, од двете страни на клисурата на реката Треска се наоѓаат средновековните манастири „Св. Андреја“, „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка и Свети Никола Шишевски. Скриени меѓу високите и стрмни карпи, пред изградбата на хидроцентралата Матка тие биле тешко достапни, а и денес да се пристигне до Шишевскиот манастир […]

lamja

Мотивот за ламјата

Не само ликот, туку и името на натприродното суштество ламја (кое често е застапено во македонскиот фолклор) е наследено од античката митологија. Станува збор за истоименото митолошкото суштество ламја (lamia) која се среќава во одделни содржини на оваа митологија. Но, најнапред да кажеме нешто за ламјата во македонскиот фолклор. И ламјата главно се среќава во […]

otvorena-kukja-na-mijacite-prv-restoran-muzej-na-mijachkata-kultura-238331

Отворена „Куќа на Мијаците“ – прв ресторан музеј на мијачката култура

Помеѓу спокојната тишина и живописната природа, на аголот по патот кој води кон Бигорскиот Манастир, покрај реката Радика – денеска официјално беше отворен првиот ресторан етно-музеј на македонската мијачка култура „Куќа на Мијаците”. Овој култоролошки значаен објект е изграден по идеја на игуменот на Бигорскиот Манастир, Архимандрит отец Партениј и е олицетворение на богатата мијачка […]

To top