Култура и туризам

stefan-markovski

Гран при за Стефан Марковски на поетскиот фестивал „Литературни Искри“

За најуспешен странски поет беше прогласен Невен Лукачевиќ од Хрватска, а за најмлад автор Сара Ѓорѓиоска. На конкурсот за второто издание на фестивалот, беа пријавени 73 автори од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска (Фото:Телеграф.мк/ Зоран Маџоски) Со прогласувањето на најуспешните поети, денес во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар беше означен крајот на второто издание […]

1svekrva copy copy copy copy

ВО БИТОЛА ПАНИХИДА ЗА ВОЈВОДАТА ПАРАСКЕВ ЦВЕТКОВ

Во организација на Македонското Патриотско Здружение Тодор Александров во Битола беше организарана панихида за македонскиот револуцонер Параскев Цветков. За ликот и делото на Параскев Цветков зборуваше историчарот Ѓорги Чекутков кој истакна дека, Парашкев Цветков е роден на 20 мај 1875 година во градот Плевен, (Бугарија). Познат е уште по прекарот Пролетин. Параскев Цветков е еден […]

oldberovo 07

Од минатото на Малешевијата

Однесувањето на мажите и жените Во старо време моралот и кај машките и кај женските секогаш бил на високо ниво. Тогаш ретко каде се трпела невеста што нема деца (Ил’ ми роди, ил’ ќе земам друга!). Ако би се најдел некој неверен маж, тоа би била домашна тајна. На тоа неговата жена онака за себеси […]

patrijarh-kiril

Патријарх Кирил: Татковината e голема светиња

16 мај 2015 лето Господово На 16 мај 2015 год., Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил отслужи Литургија во храмот на Руските Новомаченици и исповедници на Бутовско поле. По завршувањето на богослужбата Претстојателот на Руската Црква им се обрати на верните со проповед.  Ваши Високопреосвештенства и Преосвештенства! Достојнопочитуван отец игумен, драги отци, браќа и […]

krusevo

Урбана култура на Крушево

Панорамата на Крушево наликува на една интегрална, голема фасада со безброј прозорци, балкони и кровови. Крушево претставува единствена урбанистичка целина, со типична амфитеатрална положба. Гратчето има физиономија на лепеза, а куќите како да не си пречат една на друга во видикот и осончувањето, органски се поврзани со теренот и пејзажот. Првиот контакт со градот, практично […]

izida

Изида, Изис или Асет е божица на плодноста и мајчинството од египетската митологија

Изида, Изис или Асет е божица на плодноста и мајчинството од египетската митологија. На египетски Aset или Eset – таа припаѓа на Енеадата од Хелиополис. Таа е сестра (и жена) на Озирис, Нефтида и Сет; ќерка на Нут (Небото) и Геб (Земјата) како и мајка на детето Хорус. Во иконографијата на обожувањето, таа е претстава […]

znameto-na-mijacite

Мијачки бајрак

Мијаците како племе отсекогаш настојувале да ги задржат карактеристиките по кои ќе бидат препознатливи. Една од нив е и поседувањето на мијачкиот бајрак. Српскиот учен д-р Цвииќ запишал дека ниту едно друго население нема толку голема гордост и стремеж за самостојност како Мијаците. Мијакот отсекогаш се гордеел со своето име оригинално и самостојно, и со […]

lazaropole-svadba

Ноќно венчавање во црква

Од минатото на Лазорополе По завршувањето на Втората Светска Војна идеологијата што ја пропагираше и спроведуваше тогашната народна власт спрема црквата беше јасна. Во првите две-три години беше намалена посетата на верските објекти каде што се проповедаше религијата, а потоа настана чудесен атеизам (неверување во Бога), особено меѓу помладите генерации. Божјиот храм „Свети Ѓорѓија“ во кој […]

galiste

Момина карпа (девојките од Галишта) и преселбите

Преданија од Тиквешијата Легендата се однесува на еден херојски чин на девојките од с. Галиште, Тиквешко. Јужно од с. Шешково и источно од с. Галиште се издига врвот Галичин. Горе на врвот е рамно, а источно од него, наеднаш како со нош исечена, се спушта надолу една вертилкална карпа. Карпата е висока околу 80 или […]

selo-marul

Туѓо пусто се пустоши

На 15 километри југоисточно од Прилеп, во западниот дел од подножјето на Веселец, лежи селото Марул. Атарот на селото во месноста Ушите се дели на два дела – прилепски и битолски дел од Пелагонија. Селото гледа кон битолска Пелагонија. Населбата е многу стара. Името го добила од каменарот Марун, кој пелтечел и не можел правилно […]

esnaf

Еснаф во Прилеп

Бочварцката стока му е домародна: штоцоте, обрачите му и` носат селаните од планинцќите села. Бочварите не праат само бочви, ами праат: корита (жлебови), бочви, каци, бутини, букари, кобли, бурила, крбла, ведра и др. Праат и меремет. Продажбата му е за градо и селата. Има многу бојнои (сорти) бочви, има и мали и уште помали. Славеј […]

sveti-joakim

И Турците се поклонувале пред чудотворецот свети Јоаким

Турскиот знак со карактеристични исламски белези бил донесен со дозвола директно од Цариград и служел да се заштити овој православен храм од уништување. Осоговскиот манастир е единствениот православен храм во кој може да се сретне турски заштитен знак, со типични исламски обележја, кој и ден-денес стои веднаш до големата манастирска црква посветена на патронот свети […]

To top