Култура и туризам

И Турците се поклонувале пред чудотворецот свети Јоаким

sveti-joakim

sveti-joakim

Турскиот знак со карактеристични исламски белези бил донесен со дозвола директно од Цариград и служел да се заштити овој православен храм од уништување.

Осоговскиот манастир е единствениот православен храм во кој може да се сретне турски заштитен знак, со типични исламски обележја, кој и ден-денес стои веднаш до големата манастирска црква посветена на патронот свети Јоаким Осоговски. Овој камен-симбол (столпче со турбан на средината) сведочи за посебниот третман што го имал манастирот во текот на османлиското владеење на нашите простори, а служел како заштита од негово уништување од тогашните турски власти. Се претпоставува дека знакот бил поставен пред околу еден и пол век, како забрана дека никој не смее да посегне по светоста на овој верски објект и по духовната сила на чудотворецот.

Сличен знак само во Аја Софија

– Ваков знак може да се сретне само во Осоговскиот манастир и единствено уште во Аја Софија во Истанбул. Но таму дадената заштита не е докрај испочитувана затоа што овој верски храм е поделен така што половина е црква половина џамија. Нашиот манастир е единствениот православен објект, кој добил турска заштита да не се уништува и пренаменува во што и да било друго, што јасно говори за заштитничката функција и за моќта што ги уживал свети Јоаким благодарение на неговата чудотворна сила – вели старешината на манастирот, протојереј ставрофор Добрислав Бошковски.

Во народот постојат повеќе преданија, но и пишани документи од повеќе извори и автори, за поставувањето и за улогата на турското обележје, од кои некои се во тесна врска со житието на осоговскиот светец.

Познато е дека во текот на османлиското владеење манастирот ги доживува најтешките моменти и бил запустен, но во средината на 19 век повторно се обновува. Во тоа најзначајна улога одиграл познатиот трговец Хаџи Стефан Бегликчија. Тој ја снабдувал војската во Истанбул со овци и уживал посебни права кај Турците поради што не било тешко да се издејствува царски ферман за изградба на црква во Крива Паланка во 1833 година, а во 1847 година и дозвола за изградба на манастирскиот комплекс.

– Според преданието, за да издејствува дозвола за градење на манастирскиот храм, Бегликчија првин побарал дозвола за изградба на џамија во Крива Паланка, а потоа од султанот добил и дозвола за изградба на христијански храм. Се претпоставува дека специфичното спомен-обележје пред манастирот е поставено во негово време како знак за заштита што ја гарантира лично султанот – наведува Јордан Михајловски, автор на повеќе дела за свети Јоаким Осоговски.

На влезот на големата манастирска црква, пак, постои запис, кој сведочи дека овој храм бил ставен под заштита на султанот Хамид во 1884 година. Се смета дека и самиот ја доживеал немоќта на неговите аскери пред чудотворната моќ на свети Јоаким Осоговски и потпишал ираде за обновување на манастирот. Тој со султанскиот акт го ставил објектот под заштита на Отоманската Империја, што е прв и единствен случај од ваков вид во православните земји во кои таа владеела.

Цариград дал 5 кг злато

Во народната традиција најпознато и најраширено предание за заштитната функција и за чудото на овој светец е преданието што го раскажува старешината Бошковски.

– На патрониот празник во манастирот се собрале голем број луѓе, но кон него се упатил турскиот паша со аскер за да го растурат народниот собор. Во тоа не успеал зашто луѓето дале силен отпор, па посегнал по моштите на светецот. Зел дел од нив и на коњ се спуштил до местото Света Вода каде што занемел и се фатил како прободен со меч. Дал знак да се вратат моштите во манастирот и веднаш оздравел. Потоа ги известил претпоставените во Цариград за ова чудо, по што стигнала наредба за заштита на манастирот и строга забрана да не се посегнува по неговата светост. Од таму бил донесен и турскиот знак, а биле дадени и 5 килограми злато за дотогашните штети и зулуми, кои Турците му ги нанеле на манастирот- раскажува Бошковски.
Тој нагласува дека посетителите се многу изненадени кога ќе го забележат овој споменик, а посебно кога ќе им се раскаже приказната.

Преземено: Дневник

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top