Култура и туризам

Еснаф во Прилеп

esnaf

esnaf

Бочварцката стока му е домародна: штоцоте, обрачите му и` носат селаните од планинцќите села. Бочварите не праат само бочви, ами праат: корита (жлебови), бочви, каци, бутини, букари, кобли, бурила, крбла, ведра и др. Праат и меремет. Продажбата му е за градо и селата.

Има многу бојнои (сорти) бочви, има и мали и уште помали. Славеј (канелка), букар, рачка, синџџир, што се носи и се тоара на самар. Каца и каци има многу бојнои. Чеп. Кобел што молзи млеко од овците, има и кобли што носат млако тоарени на самар: тие кобли се затворени одозгора само по една дупка имат колку за турање млекото и се врзани со обрачи. Крбло. Крблата се со широќи усти, а газеро (јаторо) – тесни. Со крблата грозје носат и друго. Бутин што матат маштеница. Бурило се полни раќија или вино и се тоара на коњ. Чабур. Со чабуро и ведро се продааше виното. Во Маркоите песни го има чабуро: пие марко вино со чаша чабурлија. Чабури има многу големи, има и мали. Ведрото е токмо десет ока. И со ведрото се продава виното – спроти годината и цената. Има една стара песна за ведрото, еве само еден стих.

Мажи ме, мајко, мажи ме,

дури е вино евтино,

триесе пари ведрото.

Кога и венчаваат младенците по селата наместо маса ќе испраат едно бурило. Го венчаја, го вртоа околу бурило, олди бити.

Имињата и видот на инструментите

Една направа се вика магарица. На магарицата и делкат или и танчи праќето што праи обрачи. Мандалото што ја клава ногата кај пто го клава прато, стега со ногата за да не мрда прато коа го делка со рокано. Со прво се расцепуаат праќето со теска и со теслата ќе ’и поизделкаат, та  после со рокано ќе ’и доеелкаат за да се поизмазнат. Штиците за бочви и бочвиња ’и нагоруаат и после и виткаат, после ’и наделкуаат со теслата, после ’и стружат со струго. Откоа ќе ’и израмнат штиците убао лепо ќе врзат со неколку обрачи и ќе ’и стружи внатре со земалото. На газеро кај што треба да го клава ќе му напраи место со јаторнико кај што треба. Јаторнико е од челик, со остри заби. Така и земалото е челикоо, као сантрачо од налбарите, само е криво као завиткана рака.

Куменџискио еснаф (Златарски)

Куменџијата седи крснозе пред оџако; оџако негов е во еден ѓувеч земјен (мангал); полн е со земја и во стреде има една дупка кај што гори огно и се топи стреброто, дуајќи со мео.

Куменџиите у нас праат многу нешта, као: тепел’ци, пафти, прстење, обетки, чапрази, белезици решме саде од срма; ќостеци за саати; кабзиња од јатаани, куркулуци од пиштоли; кутии за бурнуот и многу друзи работи. Сите тие нешта се продаваат на граѓаните и на селаните.

Вид на неколку нешта

Обетки чарклии, обетки крлежи, стребрени, белезџици (гривни) решме се од танка срма сплетена и закачена за две стребра, откоа ќе се клаат на раце ќе се закачат со една стребрена со синџирче врзана во алките што се на крајот од стреброто. Прстен за селсќите невести што носат, наоколу му висат трепетушќи. Тој прстен го носат на показалецо. Коа се венчават и зето носи прстен на тој прс. Пафти. Ѓубек. (Коа се мажила мајка ми со ѓубек се мажила). Тепел’к за на фесо што носеа во старо време мемите и невестите, зашиен на неколку места.

Имињата и видот на некои алати

Унија. Унијата е со три ќошиња една чаша земјена, голема колку една чаша винцка, во неа топат стреброто. Има ид руга унија, колку една чаша винцка мала и во нра тпат стребро. Откоа ќе го стопат ќе го турат во хитото. Хитото е едно железно коритце, долго околу две педи и тесно околу три прсти. Откоа ќе се изваи стреброто ќе се исчукат на накоалната со големио чекан за какво што му треба. Коа сака да праи тел танок ќе го проври во попголема дупка од сирматирото. Сирматирото е едно долго железо колку една голема нога, а широко околу три прсти и сето издупчено со дупќи мали и големи и низ тие дупќи ќе го танче тењо до колку што му треба; ќе го трга тељо со големите клешти. Купитар. Купитаро е колку една педа широк и долг, тркалест и дебел колку два  прста, внатре е со чашурќи, во тие чашурќи праит куменџијата чабрази што ’и носат селаните запетлани кошулите отспреди. Во пандевтите откоа ќе ’и наполнат земја двете полоини ќе калпа крс или нешто друго и после ќе ’и стегнат едно во друго и ќе турат стопеното стребро внатре. Има и маткап за дупеље дупки кај сака. Маткапо е едно долго танко железо, на крај со еден токмак како кантар, железото е проврено низ едно дрво и дрвото е врзано со сиџим од двата краја и со дрвото се крева нагоре и надолу и маткапо се врти и дупи. Има и чуканела (купитир) е од железо со рачка долго колку една педа и со глаа колку една бела меџидија, со него чука купидите или калеми коа да шари павтите и сичко друго. Има и купитир што се чука колисе (лепило).Тој е една чаша железна. Гиу е едно танко и завиткано чибуче, со него го дуа палено од безиро што гори фитиљо коа лепи нешто.Чапрази со трепетушки. Многу турлии има чапрази, прстење, крсто и друзи работи.

Казанџискио еснаф

Казанџискио еснаф беше цела фабрика во старо време, имаше околу два-триесе дучани, во сеќи дуќан по десетина калфи и башка чираци. Дури не беше излезена ламарината работеа со ќулче. Калајџиите што шетаа по селата да калајлисуваа и продаваа нов бакар, та го трампеа со ветов (две за едно) и му го носеа на казанџиите, та и тие го трампеа со нов. Ветвио го топеа и го праеа на ќулче, та ќулчето го сечеа на парчиња и тие парчиња и чукаа и од ниов садои праеа.

Тенеќеџискио еснаф

Тенеќеџијата седи крснозе. Пред него има еден мангал со огон и во огно му се пикнати две ајви да се жешќи. Накоалната и друзи до колку алати што има сите му се нарадени околу него. Дури немаше тенеќии од гас, работеа нови тенеќии што му идеа од Немечко. Освен нови работи што праеа, и меремет работеа. Во време оно тенеќеџииџте многу нешта праеа, секакви џежвиња за каве, кутии за каве, кутии за бурноот и со огледала, секаков бој чамчиња за вода пиење, ѓумои, ѓумчиња, ибричиња, леени, ламбичиња, шандани за свеќи и за безир горење, за по селцќи цркви серавими, крстои, пулилеи со секакви бои бапсани и друзи многу работи.

Имињата и видот на неколку изработки

Џежвиња. Чамче (канче) за пиење вода. Кутија за пари клавање и на капако огледало има за гледање. Ибрик за вода поливање раце, образ и друго миење. Шандан за свеќи палаење, има и за безир горење. И друзи многу работи праат и до ден денешен тенеќеџииџте.

Од записите на Марко Цепенков

Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top