Култура и туризам

Туѓо пусто се пустоши

selo-marul

selo-marul

На 15 километри југоисточно од Прилеп, во западниот дел од подножјето на Веселец, лежи селото Марул. Атарот на селото во месноста Ушите се дели на два дела – прилепски и битолски дел од Пелагонија. Селото гледа кон битолска Пелагонија.

Населбата е многу стара. Името го добила од каменарот Марун, кој пелтечел и не можел правилно да си го изговари името. Наместо Марун изговарал Марул. Така со подбив и шега населбата го добила денешното име Марул. Со времето и делбата на неговите потомства, се основале осум нови населби кои со старата станале девет и со заедничко име Марули. Сите нови населби се основани на повисоки гргулести места, покрај брегот на пелагониското езеро. Населбите, на кои и ден денес има остатоци од глинени садови, од бардиња, стомни, грнци, се Марул, Смрдла, Грамадска тумба, Долговрбче, Чуките, Леќиште, Пустомагаре, Црквиште.

Марулчанката Магда Дашоска како дете со нејзината мајка одела на гробишта во Црквиште. Со појавата на болеста чума многу луѓе умирале од страв и населбите биле напуштени. Жителите се вратиле во старата населба. Селаните, во одбрана од чумата, го заорале селото со два вола. Исправиле и закопале три камења околу, викани цуцулци, да ја плашат чумата. Тие стојат таму и ден денес и сведочат за тоа време. Во близината има гробишта со жртви на чумата.

Во местото Венците, марулци направиле куќарка од камен. Внатре поставиле јадења, пиења и венци плетени од разни цвеќиња, бидејќи мислеле дека чумата живее во камењето. Кога тргнувала за Марул застанувала во куќарката и уживала во убавината. Штом ќе пропееле првите петли, силата на болеста се губела и се враќала назад да лежи во млаките бонечки. Со итроштина, марулци не дозволувале чумата да пустоши. Местото Венците и ден денес го носи името, а стојат и урнатините од куќарката со растурени камења.

Марулскиот синор е околу 15 км2. Од шумските растенија доминира дабот. Затоа има повеќе места со име Дабот. Растат големи стебла на ридот. Има и липа, нешто бреза, викана по марулски дива јасика, па и дабова шума. Низ реките виреат јасики, тополи. Овоштарници со сливи, јаболка, круши се распространети на северо – западниот дел. Од тревата, доминира садината. Низ полето има над 60 кладенчиња за пиење вода, а за добитокот има доволно во марулските реки и долови. Пролетно време за наводнување на ливадите, градините и расадите за тутунот, селото располага со 15 бразди вода од марулските реки. Од житните култури се одгледуваат ‘ржта, јачменот и пченицата од старото бело семе. На пазарите во Прилеп и Битола од вреќа стокилница, марулската пченица тежела 120 кг. и ја нарекле марулски ориз. Од летните култури, тутунот е прочуен по квалитет. Селото е познато и по вкусниот бостан.

Селото потпаднало под турска власт. Целата земја ја имале десет бегови со кули. По беговите во 1912 година, дошле Србите како ослободители и го забраниле нашиот говор. Дошле вторите ослободители. Тие поинаку го смислија јазикот, литературен и државен. Селото дало шест војници за Хуриетот во 1908 година. Дало војници во Првата Светска Војна и за Србите и за Бугарите. Осум војници загинале на фронтовите на двете страни и четворица се пуштени на домашно лекување. Урлале дома од раните по фронтовите. Во Втората Светска Војна излегоа 23 партизани. Марулскиот одбор во заднината четири дена ја снабдуваше со храна втората партизанска бригада.

Марулските бегови по балканските војни ја продадоа земјата на селаните, а утрината останала заедничка, по турски, ваковска. Селото останало чисто христијанско со сите управни тела. Одборник, протуѓер, клисар, полјак, говедар, овчар итн. Жителите располагале со 1500 овци, неколку стотини грла крупна стока, коњи, магариња. Секое домаќинство имало по еден ѕевгар волови. Прадедовците Риза и Стојче на бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, имале пет ѕевгари волови, еден ѕевгар биволи, запрежна коњска кола и неколку товани магариња. Во 1925 година го купиле првиот железен плуг. Дотогаш се орало со дрвено рало. Марулци се гордеат и со прочуениот борач Милан Василоски Борачо (1911 – 1978).

По ослободувањето се отвори првото училиште на мајчин македонски јазик. Наставата ја изведувале учителките Ванка од Битола и Менка Квачкоска од Прилеп. Училиштето се изгради во 1947/48 година. Народот беше задоволен, оти доби своја држава. Се правеа многу свадби и крштевки. Есента во 1949 година селото е присилено да се колективизира. Точно 38 куќи влегоа во колективот, само две останаа. Селото внесе 1.000 овци, а кога се трансформира во 1953 година останаа само 250, кои ги поделија според бројот на домаќинства. Останатите овци, млекото, волната и машките јагниња ги јадеше државата неплатено. Народот како да се ослободи од колективна стега и почна со нов живот. Во 1954 година се родија 21 дете на 45 домаќинства. Но, го зафати и нов бран незадоволство. Властите соопштија основање на лозарска задруга. Одзедоа 300 хектари ниви, токму за жито. Селото остана со земја на северозападната страна во ридестиот дел, која за неполни 20 години ја однесоа поројните води. Доловите пораснаа за 1,5м. Се нарига песок, а водата ја снема. Селото се намножи и веќе во шеесеттите години на минатиот век некои семејства почнаа да го напуштаат и да се селат во Прилеп. Полето го оставија накитено со разни дрва по меѓите кои служеа за сенки за аргатите. Во 1980 година останаа само 20 отсто од жителите, а денес има само неколку фамилии. Некои семејства лете доаѓаат од градот да се занимаваат со земјоделство по нивните имоти. Најлошото е во тоа што селски и градски фамилии купиле моторни пили. Со нив пустошат низ марулското поле. Безмилосната сеча зеде таков замав што не штедат и не гледаат приватна или државна сермија. Натрупале десетици кубици дрва по дворовите. Сечачите се истите што ги собраа камењата, белутраци од туѓите меѓи по ниви и лозја за да ги продаваат за пари. Тие ги собраа камените копанки од бунарите и дворовите да ги продаваат за ситни пари. Се уништи и отиде во неврат и во странство мајсторијата и културата на марулските прадедовци. Властите, за жал, не се обидуваат да го спречат тоа.

Затоа, апелирам до шумските власти и другите инспекции, да ја земат работата во свои раце и да ја спасат природата и културата од злосторниците. Ова злосторство со шумата да се спречи и уништувачите да се откријат и казнат. Се разбира да им се одземе пленот и алатот со кој го правеле арамилакот, како моторните пили, тракторите.

Во комунизмот имаше едно мајтапчиско мото, “Нишај врата – земај плата”. Изгледа дека ваквиот стил се одржува и денес, небаре Македонија е Тунгузија.

Томе Велјановски – Марулецот
Гетеборг, Шведска

Најново од: Култура и туризам

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

To top