Култура и туризам

pijanec1

Пијанец од праисторијата па до денес

За првпат археолошко-етнолошката збирка е отворена на 19.11.2001 година како тематска изложба- „Пијанец од праисторијата па до денес“. Археолошкиот дел од музејот содржи предмети од неолоитот (5.000 год. п.н.е) па се` до доцниот среден век (14 век од н.е). Вклучува предмети изработени од керамика, камен, метал и стакло. Предметите се од различи типови и се со […]

kuzman-kapidan

Преданија за Кузман Капидан

Кузман Капидан бил родом од Дебрца. (Во Охрид повеќето веруваат дека Кузман бил родом од Старово или Поградец. Стефо Размо, стар чоек кој многу добро ги помни опишаните настани, не` уверува дека Кузман бил дебрчанин, од некое село од Дебрца. Тој насила грабнал некоја мома и побегнал во Старово (Старово и Поградец кои што ги […]

spisanie-vardar

„Вардар“ ќе бидит постретен от свите, шчо се интересувајет со маќедонцкото прашајне, осем западно-јевропејците

Од наредилницана. Списание „Вардар“ на стар македонски правопис Нашијот месечник јет нешчо ново, шчо ќе привлечит внимајн’ето на свите, шчо се интересувајет со маќедонцкото прашајн’е. Однапред можит да се речит, оти «Вардар» ќе бидит постретен от свите, шчо се интересувајет со маќедонцкото прашајн’е, осем западно-јевропејците, као нешчо шчо можит да принесит голема шчета на интересите […]

cvetin180

Во македонските народни песни многу често се среќава цвеќето

Во македонските народни песни многу често се среќава цвеќето. Тоа е опеано најповеќе во љубовните, но и во обредните, митолошките, семејните и во другите песни. Во песните се опеваат најразлични цвеќиња заедно со нивните особини, лековити, магиски итн. Најзастапени се: трендафил, каранфил, босилек, темјанушка, зумбул, стратор, смил, невен, потоа: кукурек, вратика, леска, дрен, итн. Опеани […]

cocev-kamen

Цоцев Камен е вулканска карпа која во праисторијата се користела како мегалитска опсерваторија

Цоцев Камен се наоѓа во атарот на селото Шопско Рударе, поточно во близина на маалото Цоцевци и селото Коњух. Самата карпа се издвојува од околните ридишта е интересна сама по себе. Видливи се и осатоци од човечка обработка. На стотина метри источно од Цоцев камен се наоѓаат мегалити кои служеле како сончеви и месечеви маркери. […]

galicnik

Во турско Галичник и сине села Мијачки и рисјански беје прочуени надалеку со писменост

До година 1880 школата во Галичник и во сите села мијачки, а готово и во цела Македонија биле и беје старински. Даскалите биле прости селани, колку толку писмени, научени или кај такви исти даскали или во некој манастир. Не бидеејќи ги за друга работа тије се оддавале на даскалување. Децата најповеќе и учеле во куќите […]

velika-sabota

Во светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог

Во светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, Кој нашиот род од распадливост го повика кон вечен живот. Светата Четириесетница е поголема од сите други денови, а од неа, пак, е поголема оваа света и Велика седмица; а од Великата седмица повторно […]

Воден – град во Егејска Македонија

Воден е град во Егејска Македонија, денес северниот дел на Република Грција, северозападно од Солун, или поточно во префектурата Постол, со 18.253 жители (2001). Преку железничка пруга Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, додека пак со Солун кон југоисток. Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и водопади, кои […]

fidanovski

Возот грабаше кон Солун

Возот грабаше кон Солун, а ја со мислите стално бев во Битуше. Се собравме кумпанија. Водач ни беше стрико Марко, а во кумпанијата покрај него бевме ја, Трајче и Угрин. Кинисавме за Солун. До Маврово одевме пешки. Во Мавровските анови стасавме негде околу зајдисонце. Влеговме да се одмориме од потот. За стреќа наша овде најдовме еден […]

melnik

Кога момчето ќе стане на 17-18 години, тоа веќе е готово за годеж

Обичаи од Мелник Кога момчето ќе стане на 17-18 години, тоа веќе е готово за годеж. Се договараат момчето и момата и тој ги праќа мајка му и татко му, сестра му и други поканети за годеж. Тие носат облека модерна, купена од Мелничката чаршија, преполнета со солунски стоки, чорапи и обувки. Момата ги дарува. […]

staro-kumanovo-240

Обичаи за измолување дожд од кумановскиот крај

За да се обезбеди доволно дожд преку годината, односно летните месеци – во Куманово главно се изведуваат два обичаја. Едниот наречен додоле се изведува секоја година во еден од летните месеци, а другиот – богомолство – само во годините на најголема суша и тогаш зема учество скоро сето население од градот. Посебни пак обичаи се застапени […]

kokino

Кокино тврдина на сонцето

Откривањето на локалитетот „Та­ти­ќев Камен“ во 2001 год. ни пружи из­вон­редна можност да погледнеме во еден од потемните делови на праисто­ри­јата, како од хронолошки, така и од гео­графски аспект. Во овој, североисточен дел на Р. Ма­кедонија, во кој многу малку од ре­гистрираните археолошки локалитети беа истражувани, локалитетот кај селото Кокино не восхити како из­вон­ре­ден извор […]

To top