Култура и туризам

Постол – Пела град во Кралството Македонија

pela

pela

Пела бил град во Кралството Македонија кој денес се наоѓа во Егејска Македонија. Во времето на Византиската и Отоманската империја, градот го носел името Постол, сè додека властите не го вратиле старото име во 1936.

Kаменот-темелник на градот го удрил македонскиот кралот Архелај I (413 – 399 п.н.е.) со намена да биде главен град на кралството, да ја замени старата престолнина (Ајга). По ова, Пела била седиште на Филип II Македонски и Александар Македонски, неговиот син. Во 168 п.н.е. Пела била ограбена од Римјаните, а нејзиното богатство било пренесено во Рим. Подоцна градот го руши земјотрес и одново почнува да се гради врз рушевините. Веќе во 180 Луцијан поминувајќи го опишал местото како „денес незначајно, со многу малку жители“.

Пела за прв пат се спомнува од Херодот (VII, 123) во врска со походот на Ксеркс како и од Тукидид (II, 99,4 и 100,4) во врска со македонската експанзија и војната против Ситакле, кралот на тракиабните. Според Ксенофон, на почетокот на IV век п.н.е. Пела бил најголемиот македонски град. Постои теза дека основачот на градот не бил Архелај I, туку Аминта III. Градот привлекувал уметници како Зевкиј, поетот Тимотеј од Милет и трагичарот Еврипид кој живеел таму сè до неговата смрт, пишувајќи и работејќи на продукцијата на неговата драма Архелај.

Градот го доживел своето златно доба за време на карлот Антигон II Гонат и овој период ни дава највеќе археолошки наоди.

Пела исто така се спомнува од Полибиј и Ливиј како престолнината на Филип V и Персеј за време на Македонско-римските војни. Единствено тука, со записите на Ливиј, имаме дадено опис за изгледот на градот во 167 п.н.е. кои се адресирани на Луциј Емилиј Павле Македоник, командантот кој го поразил Персеј битката кај Пидна:

„и тој [Павле] виде дека не е без добра причина тоа што [местото] било избрано за кралска резиденција. Сместена е на југозападната падина на едно брдо окружена со мочуриште премногу длабоко за да се премине пеш било лете или зиме. Тврдината („Факус“) близу градот, стои во самото мочурише, издигајќи се како остров, и е изградена на огромна основа која е доволно силна за да ги носи ѕидовите и да спречи било каква штета од навлегување на водата од лагуната. Оддалеку изгледа како продолжение на градскиот ѕид, но всушност е одделена со канал кој тече меѓу двата ѕида и како таква палатата е поврзана со градот со мост. Така ова го отсекува секој можен пристап на непријателот, и ако кралот затвори некој таму, не постои друга можност за бегство освен мостот, кој е лесно да се брани…“

За време на римското владеење со Македонија, Пела бил главен град на третата област, и можеби седиште на римскиот гувернер. Бидејќи низ неа поминувала Виа Игнација (Страбон VII, 323), Пела останала важна точка на патот помеѓу Дирахиум и Солун. Цицерон престојувал во градот во 58 п.н.е., но во тоа време провинцијалната престолнина веќе била преместена во Солун.

Градот почнал да оди во регрес (веројатно заради земјотрес) кон крајот на I век п.н.е. Помеѓу 45 и 30 п.н.е. бил предмет на колонијална редукција; во секој случај локалните монети биле испишани со Colonia Iulia Augusta Pella. Октавијан Август ова место им го подарил на селаните чии имоти биле одземени за да се дадат на неговите ветерани (Дион Касиј LI, 4). Но за разлика од други македонски колонии како Филипи, Дион и Касандреја, Пела никогаш не била под јурисдикција на ius Italicum или Римското право. Од овој период познати ни се четири пара колонијални управители (IIvirs quinquennales).

Опаѓањето на градот било стрмо, и покрај колонизацијата: Дион Златоуст и Луцијан сведочат за падот на античката престолнина на Филип II и Александар Македонски; иако нивните описи може да се претерани. Впрочем, римскиот град бил позападно од првобитниот град; што објанснува некои контрадикции околу монети, епиграфи и сведоштва. Во византиско време, на местото на римскиот град имало утврдено село.

Градот бил изграден на островот Факос, ‘рт кој предоминира над мочуриштата кои ја окружуваат Пела јужно, и езерото кое се одлевало во морето во хеленско време.

Градот кој Ливиј го спомнува е само парцијално познат. Тој се состои од висок бедем од груби тули (од околу 50 сm²) подигнат на камена основа; дел се наоѓа северно од палатата, а дел јужно кон езрото. Во бедемот, на северниот дел има три брда, а палатата е сместена на почесното место на средното брдо. Оваа област е само делумно истражена и зафаќа голем простор од некои 60,000 m²). Плеанот сѐ уште не се знае добро, но се поврзува со планот на самиот град (видете го дијаграмот).

Палатата во Пела се состоела од 7 големи архитектонски групи наредени во две редици, секоја со низа простории сместени околу квадратен централен двор, обично со портика. Досега археолозите имаат препознаено палестра и бањи. Јужната фасада на палатата, која гледа кон градот, се состоела од големо (долго најмалку 153 m) портико, кое лежело на основа со висина од два метра. Соодносот помеѓу четирите главни комплекса е дефиниран со прекин во портикото со пропилеум, со висина од 15 m, кој давал монументалност на градбата гледано од градот.

Одредувањето на староста на палатата е малку проблематично: големите згради веројатно се од времето на Филип II, додека останатите се постари. Бањите датираат од времето на кралот Касандар.

Големината на комплексот укажува на тоа дека за разлика од палатата во Ајга, ова не било само кралска резиденција или грандиозно здание, туку и седиште на дел од владата, т.е. административната апаратура на кралството.

Самиот град се наоѓал јужно и под палатата. Бил распореден по решеткаст план обмислен од Хиподам од Милет. Се состоел од две низи на паралелни улици кои се пресекувале под прав агол, правејќи решетка од осум реда на квадратни блокови. Овие блокови се со стандардна ширина (околу 45 m) и должина која варирала од 111 до 152 m, а најчеста должина била 125 m. Улиците биле широки од 9 до 10 m, освен главната артерија исток-запад, која била до 15 m во ширина. Оваа улица е главниот пристап до јавната агора во центарот, која зафаќала место за 10 блока. Исто така пошироки од останатите биле две улици север-југ кои воделе до пристаништето на југ. Сите улици имале водовод, одвод и канлизација.

Овој план датира од првата половина на IV век п.н.е. и по дизајн е многу близок до идеалниот, иако отскокнува по големината на блоковите; на пример Олинт и Халкидики имале блокови со димензии 86,3 x 35 m. Подоцнежните хеленски градови имаат блокови слични на оние на Пела: 112 x 58 m во Латакија или 120 x 46 m во Алепо.

Агората се наоѓала на почесно централно место, со димензии 200 x 181 m или 262 x 238 m ако се бројат портиката што ја опкружуваат од сите страни.

Врз основа на описите од Тит Ливиј, местото било копано од патешественици како Холанд, Поквевил, Божур, Кусинери, Делакулонш, Хан, Глоц и Штрук во XIX век. Првите ископувања ги започнал Г. Ојкономос во 1914-1915. Систематското истражување на наоѓалиштето започнало во 1953 и наполно искпоување во 1957. Првата низа ископи завршиле во 1963, додека други ископувања се вршеле и во 1980. Ископувањата на агората траат до ден денес.

Во доцните 1970-ти, археологот Манолис Андроникос ја открил гробницата на Филип II Македонски, татко на Александар Македонски. Меѓу другото Андроникос има пронајдено и златна кутија на која се наоѓа ѕвездата од Кутлеш.

Во февруари 2006 еден земјоделец сосем случајно ја открил најголемата гробница најдена на територијата на денешна Грција. Имињата на членовите на македонското благородно семејство како и насликаните скулптури и ѕидови се сосема зачувани. Гробницата датира од II или III век п.н.е., по владеењето на Александар Македонски.

Архелај го поканил сликарот Зевкиј, најдобриот сликар во тоа време, за да го декорира. Подоцна тој бил домаќин на драматургот Еврипид по неговото пензионирање. Неговото дело Менади било премиерно прикажано таму, околу 408 п.н.е. Пела била родниот град на Филип II Македонски и неговиот син Александар Македонски. Исто така откриено е местото во дворецот каде Аристотел му туторувал на младиот Александар.

Во антиката, Пела бил пристанишен град поврзан со Солунскиот залив со пловно заливче, но пристаништето во меѓувреме станало кал и оттогаш местото нема пристап кон морето.

Од 1957, па наваму ископувањата имаат октриено мал дел од градот, кој се збогатил со Александар и неговите наследници. Откриени се големата агора или пазар, која била окружена со стои, и улици со куќи од затворен тип со ѕидови со фрески во соби распоредени околу внатрешни дворови. Првите мурали со оптички мамки кои имитирале перспективи за прв пат се појавиле во Пела. Најдени се храмовите на Афродита, Деметра и Кибела, како и мозаици, кои датират од времето по Александар и уживаат светска слава: некои се репродукции на грчки слики.

Славниот поет Арат умрел во Пела ц. 240 п.н.е. Пела била ограбена од римјаните во 168 п.н.е., и нејзиното градско богатство пренесено во Рим. Потоа во I век п.н.е. градот го руши земјотрес; пронајдени се продавници и занаетчиски работилници од тоа време заедно со остатоците од нивната стока. Подоцна градот бил одново изграден врз рушевините, што всушност ги заштитило, но во ц 180 Луцијан на поминување го опишал местото како „денес незначајно, со многу малку жители“.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top