Култура и туризам

dunje

ДУЊЕ – селото на Чучук Митра

Во 70- години на дваесетиот век, во ова село  живееле 1.500 жители, селото  располага со голем атар од околу 50 квадратни километри, на него пасиштата заземаат површина од 2.500 хектари, на  обработливо земјиште 1.500 хектари, на шуми 1.000 хектари. Податоците говорат дека во с. Дуње во 80-тите години на 20 век се напасувале околу 10.000 […]

lesocki-manastir

Лешочки манастир

Лешочкиот Манастир е православен христијански манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовско. Манастирот е сместен во природен амбиент, збогатен со чист планински воздух во т.н. Горно Лешочко маало во селото Лешок, на надморска височина од 610 метри. Во комлексот се наоѓаат црквите Св. Атанасиј и Св. Богородица, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите […]

mesenje-pogaca

Месење на „сваќа“ (погача) – Свадбени обичаи од Мариово

Истото девојче што го месело тестото ја месело и сваќата во неделата изутрина. Тестото се месело без сол и квас. Наместо тоа му се клавало шеќер за да бидат благи сватовите и младоженците. Од тестото се правеле разни фигури на животни: куче, маче, глувче, теле, ждребе, јагне, јаре, змија, гуштер, ластовиче, гугутка и др. па се […]

vasil-ikonomov

Васил Икономов

ВАСИЛ ИКОНОМОВ ПОПОСКИ – ДИМКОСКИ (1848-1934) Попознат во својата средина како Василко Попоски Димкоски. Го зазема скромното но значајно место во пантеонот на македонската културно-национална историја. Тој е познат не само како учител што предавал на својот мајчин јазик, туку и како истакнат етнолог, фолклорист, вреден препишувач, калиограф во духот на манастирската традиција во Македонија, […]

rakopisot-na-gjurcin-kookaleski

За еден Лазороски род – од ис сој сме

Родот Димковци се смета за еден од најстарите и најугледните родови од Лазарополе. Род од кој во подалечното и поблиското минато се регрутирале едни од највидните и најугледните православни свештеници (поради што ќе го добијат презимето Попоски-Поповци исто за родот) и учители во реканскиот крај и пошироко. Се мисли дека водат потекло од основачот на […]

stencevska-tvrdina-1

Стенчевска тврдина е археолошки локалитет кој се наоѓа над селото Стенче

Стенчевска тврдина е археолошки локалитет кој се наоѓа над селото Стенче, во подножјето на Сува Гора, на ридот Градиште, на надморска височина од 730 метри. Според проценките на археолозите локалитетот е стар 8.000 години. На врвот од ридот се наоѓа зарамнето плато, кое е опкружено со јаки кули и бедеми, градени од камен во малтерна […]

staro berovo

Чесноста кај народот – Малешевијата во минатото

Во правните обичаи изнесовме некои работи во врска со кривичното право од кои може да се види каква е чесноста кај народот. Овде ќе споменам уште некои појави, од кои истото тоа може да се види. Во старите времиња имало добри и чесни луѓе, кои не сакале да се коористат со туѓата несреќа, па дури […]

josua

Теракотни икони Виница

Јошуа и Калеб Оваа сцена во која се прикажани ликовите на Јошуа и Калеб илустрира една епизода од старозаветната Книга за Исус Навин, и го прикажува моментот кога тој ги запира сонцето над Гаваон и месечината над долината Елонска, пред големата победа на Израелците над Аморејците (Книга на Исус Навин 10:12,13). За да ја откриеме […]

oblast-gora

Гора е географски регион кој се наоѓа помеѓу Лјума и Полог

Географскиот регион Гора се протега од планините Коритник на север, на југ од Торбешки мост. Во крајниот југозападен дел на Косово има околу 18 села распослани на јужниот дел на северозападната падина на Шар Планина) и североисточниот дел на Албанија 9 села. Регионот е планински со густи зимзелени шуми (гори) и низ него протекува реката […]

Veljusa old

Манастирот Вељуса е изграден во 11 от век

Во 1080 година е завршена градбата на манастирската црква, градена во стар стил со камен и тула. Значајно да се спомене е дека оваа црква е единствената која воопшто не е уривана. Оваа црква на времето била фрескописана во 11 тиот век, 12 тиот и 14 от век, но фреските се многу малку зачувани. Последен […]

misirkovgoodrm2

Неколку зборови за македонскиот литературен јазик

Крсте Петков Мисирков Во четирите горни статии во оваа книга јас сакав да им ги обрнам погледите на моите сонародници на нуждата од едно корено изменување на досегашниот процес на нашиот духовен развиток, како и на тоа дека моите погледи во тој случај не се нешто ново и безосновно, а се само чекор напред во […]

kuzman-sapkarev

Авторот на оваа народна песна го почитуваат сите македонци овде и по цела Македонија

КУЗМАН ШАПКАРЕВ ЗА ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ : (Софија, 1882 год.) “Јас знам овде еден македонски Бугарин (Македонец, н.б.) од дебарското село Галичник, кај којшто ма многу материјал собран од дебарските бугарски (македонски, н.б.) села. Кај него има песни, нарави, обичаи, приказни и разни други податоци за географската положба на оние месности. Овој човек одамна се занимавал […]

To top