Култура и туризам

Чуден народ сме ние Македонците

cuden-narod-sme-nie-makedoncite

cuden-narod-sme-nie-makedonciteПочит кон сите оние кои дале свој допринос во македонската културна оставштина.

Чуден народ сме ние Македонците. Насекаде по светот македонскиот народ ги оставал своите коски, создавајќи прекрасни дела но никогаш не сме знаеле тоа да го цениме, истакнеме или пак да го промовираме како дел од наше културно наследство, ниту пак да ги сочуваме спомените за нашите дејци. Постојано оставаме некој друг сето тоа да го преземе, да го презентира како сопствено наследство или да ги промовира македонските дејци како свои.

Малкумина знаат дека православната црква Св. Стефан во Цариград позната како Железна црква, која пред 1912 година била главен храм на Бугарската Егзархија, била изградена со парите на охриѓаните, ресенчаните и велешаните. Исто така, малкумина знаат дека во дворот на црквата се погребани многумина познати историски фигури меѓу кои и Партеније Зографски кој бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19 век во Македонија и прв македонски митрополит.

Нашето слепило, нашето омаловажување посебно на нашето градителско наследство и нашата негрижа кон нашите дејци, остава простор некој друг да ја препишува историјата и таа да ја презентира како своја. Денес црквата Св. Стефан и познатите историски личности чии споменици се наоѓаат во дворот на црквата се презентираат исклучиво како дел од бугарската историја и нејзиното културно наследство.

Црквата Св. Стефан е изградена во 1896 година, по добивањето на султанскиот ферман во 1890 година, на местото на поранешната мала Дрвена црква. Архитектот, ерменецот Хофсет Азнавур, предложил црквата целосно да се изгради од железни елементи, заради лошиот терен кој не бил безбеден за изградба со класичен материјал. Интересно е што македонските инвеститори од 19 век веднаш биле подготвени да инвестираат во промена на најнови светски технологии на тоа време, како што се префабрикувани лиени железни делови!?

Проектот за црквата Св. Стефан бил готов 1893, а потоа на тендерот за реализација работата ја добива австриската фирма “Вагнер”. Тоа е истата фирма која ги има реализирано градежните проекти: покривот на дворот на Британскиот музеј во Лондон и куполата над берлинскиот Рајхстаг. Железните елементи за црквата биле пренесени со стотина бродови од Виена по Дунав и Црно Море за Цариград, а склопувањето траело три години. Архитектонскиот стил на црквата е барокна и е слична на некои реализации на Андреа Дамјанов.  Денес само неколку цркви во Австралија и македонската инвестиција во Цариград го чуваат споменот на црковното градителство во лиено железо во светот!

Самата црква е посветена на кнезот Стефан Богориди, а неговите мошти се наоѓаат во олтарот иако тој бил висок и влијателен офицер на отоманската империја. Богориди е роден 1775 г. во Котон, денешна Бугарија, а умира 1859 г. во Цариград. Го подржувал Горги Раковски, пријател и соработник на Константин Миладинов, и организатор на тајното македонско друштво  во Атина.

Во дворот на црквата се погребани многу познати личности како црковните дејци: Илирион Макариополски, Авксентиј Велешки, Паисиј Пловдивски, како и Партенија Зоографски, кој е првиот македонски архимандрит произведен од страна на цариградскиот патријарх, за потоа да биде поставен за епископ на Полјанската епархија. Прво околу што се заложил новиот владика било воведување на црковнословенскиот јазик во богослужбата во црквите на македонските верници, со што го намалил влијанието на грчката црква. Тој е автор на многу дела со кои се создадени темелите на граматиката на македонскиот јазик. Партенија Зографски ги систематизира разликите помеѓу бугарскиот и македонскиот јазик на научна основа.

Иако црквата Св.Стефан е изградена од македонскиот верски и градежен занес, иако во нејзиниот двор е погребан првиот македонски владика, сепак како да е изоставена од македонската културна оставнина.

Црквата Св. Стефан е реставрирана со пари од Министарството за култура на Бугарија во 2002 и 2005 година. Добро е барем што вредностите кои ги остави македонскиот занес се со такво ниво што светското културно наследство не може, а да не се погрижи за нив.

Колку ли има македонски дејци, сјајни автори и споменици на македонската историја кои остануваат невидени и непознати за нас наследниците во оваа денешница? Македонија не ќе може да биде Македонија ако сите сјајни делови од нејзиното културно наледство им ги препушти на чување на другите. Македонија мора да ги знае и да ги чува.

Затоа почит кон сите оние кои дале свој допринос во градењето на македонската културна оставштина насекаде во светот и на сите оние кои се грижат за неа.

Тихомир Каранфилов

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top