Култура и туризам

Коста Шахов: Задача на весникот „Македонија“ е да се бори за духовното и културното издигнување на македонците

kosta-shakov

(21 октомври 1888 година)

kosta-shakov„При сеж што сме 2.000.000 луѓе, пак немаме, барем овде, во слободна земја, еден каков и да е весник, кој ќе неж држи во текот на работите што се случуваат околу нас и за нас; и кој ќе ни служи да ги изразиме нашите народни искажувања и мисли… Денеска печатот е посилен од топот и со него се служат скоро сите народи на светот, освен нас. Со тоа ние са-мите се претставуваме пред очите на образованиот свет нешто како народ… На крајот, ние Македонците, како сме едни под двојно и тројно ропство, а други прснати по разни страни, сепак не смееме да си ја зборавиме татковината и сме должни да работиме за подобрување на нејзината положба; Зашто како народ, бидејќи како народ ќе бидеме одговорни пред нашето потомство ако и при толку неволји во својот живот мине времето безра-ботно, без борба за слободен живот, бидејќи нашите господари не сакаат да се грижат за олеснување на нашиот живот.

Побудени од сето тоа, иако со слаби сили, го започнуваме издавањето на весникот „Македонија” со цел и барање да се подобри положбата на Македонија. Весников „Македонија” ќе биде далеку од секакви партиски интриги и ќе води независна политика по македонското прашање. Страниците ќе бидат слободни за секој родољубец само ако се пишувани во духот на времето и целта… Задачата на весникот „Македонија” е да се бори за духовното и културното издигање на Македонците”.

“Македонија”, Русе, ред. от г .К. Шахов, год.1, 21.10.1888 г.;  Документи за борбат на македонскиот народ…, т.И.,стр.  282-283;

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top