На прво место

Никола Груевски

Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со највисок рејтинг

Доколку утре би се одржале парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5 проценти од граѓаните, за СДСМ 9,3, за ДУИ 6,1 и за ДПА 3,9 проценти, покажуваат резултатите од анкетата што ја спровел Институтот за демократија на барање на Институтот „Павел Шатев“.Анкетата, спроведена од 15-ти до 20-ти овој месец врз 1.106 испитаници, покажува дека за […]

Доделени Медали за постигнување на припадници на АРМ кои биле на служба во СЕЕБРИГ

Единаесет припадници на АРМ добија медал за постигнување во СЕЕБРИГ

Единаесет припадници на АРМ кои биле на служба во Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ денеска добија „Медал за постигнување“. Медалите се доделуваат на лица кои успешно работат повеќе од една година како припадници на основниот штаб на СЕЕБРИГ, а ги врачи командантот на Бригадата на Југоисточна Европа, бригадниот генерал Зибер Душку. На свеченоста во […]

Владимир Голубовски

ВМРО-ДП: Кој има интерес да ги промовира глупостите на Тачи

Кој има интерес да ги промовира глупостите на Тачи и од малоумните закани да прави централно прашање на дневната политика, запрашаа од ВМРО-ДП. Владимир Голубовски, Претседател на ВМРО-ДП Мендух Тачи, гостувајќи на Канал 5 телевизија отворено повика на војна, на прекројување на граници, се закани со нови договори, се закани со агресија од Албанија и […]

Орден 8-ми Септември

Одликување на поранешниот министер за надворешни работи на Данска Уфе Елеман Јенсен со Орденот „8 септември“

На 12.02.2010год. (петок) Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ќе го одликува поранешниот министер за надворешни работи на Кралството Данска Уфе Елеман Јенсен со Орденот ‘’8 септември’’, за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Данска, како и заради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната […]

Одбележани 138 години од раѓањето на Гоце Делчев

Одбележани 138 години од раѓањето на Гоце Делчев

Со литургија на свештенослужители од Македонската православна црква и положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев денеска во црквата Св. Спас во Скопје почна одбележувањето на 138-годишнината од неговото раѓање. Литургијата ја водеше митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во присуство на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.Пред споменикот на Делчев цвеќе положија премиерот Никола Груевски, придружуван од […]

Тоше Проески

Промоција на нов албум и хуманитарен концерт во чест на Тоше и 29 години од неговото раѓање

Во пресрет на роденденот на големата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, вечер ќе биде промовиран новиот албум со негови композиции „Се уште сонувам дека сме заедно“, а утревечер во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт под мотото „Со хуманост кон светлината“.На концертот покрај останатото, ќе бидат исполнети осум песни кои […]

Ѓорге Иванов и Жељу Желев

Интегрални обраќања на претседателите Иванов и Желев на врачувањето на орденот „8 септември“

Во прилог се интегралните обраќање на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и на поранешниот Претседател на Република Бугарија д-р  Жељу Желев, по повод денешното врачување на орденот 8 септември на Претседателот Желев. Обраќање на Претседателот Иванов Дозволете ми да го изразам моето големо задоволство, што денес, сме собрани овде, за на пријателските односи […]

Вевчански карневал

Вевчанскиот карневал, Свети Василиј Велики и традиционално гонење на злото

Традиционалниот Василичарски карневал, за време на верскиот празник посветен на Свети Василиј Велики се одигрува повторно во Вевчани, каде започна паганскиот обичај на изгонувањето на злото. Манифестацијата започна со импровизиран саем за алтернативен туризам и концерт на Владо Јаневски, Влатко Стефановски и групите Милко и Рибља Чорба,а овие денови се прекрасно збогатени со маскирани лица, […]

Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна година

Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна година

Со сукан мазник со паричка и со познатите битолски бабари жителите на градот под Пелистер го одбележуваат доаѓањето на т.н. православна Нова година, како и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. Спроти 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар […]

Прослава на Бадник во Гостивар

Во чест на Бадник веселба на гостиварскиот плоштад

Tрадицијално во чест на Бадник во Гостивар се одржа богослужба во црквата „Св.Богородица“, а потоа беше запален бадниковиот огaн и спектакуларно- како никогаш досега- беше организиран огномет. Неколку илјади гостиварци и жители на околните селски населби, во соборниот храма „Св. Богородица“ присуствуваа на вечерната богослужба. Потоа, кумовите на верниците им делеја ,,греана ракија”, сокчиња, варени […]

Бадник и Божиќ

Македонскиот Бадник и Божиќ

Христос се роди! Вистина се роди! Во македонскиот Бадник и Божиќ со векови има мистика, традицијата, паганизам, културен култ… Што вели Македонската Православна Црква за празнувањето… Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. […]

Бадник

Прослава на Бадник и Божиќ на Православните Христијански верници во Македонија

Бадник традиционално  ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што на годинашниот кум Јовица Угриновски ќе му биде врачен преодниот бадникарски ќуп. Православните христијански верници во Македонија го слават Бадник, еден ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Манифестацијата, вообичаено, почнува со подигање на бадникарското знаме, по […]

To top