Песни за Македонија

krste-petkov-misirkov

ПО 1903-та ГОДИНА

КРСТЕ МИСИРКОВ Знам, ќе ме ломат, и ќе ме сломат! Силните секога се и прави и груби – Туку најгрдото поглавје од мојот роман ќе носи наслов: од свои убиен! Ко сеништа ќе облетуваат крај мене, ќе колват ко мршојади, кобно ќе грачат, грижливо ќе ми сплетат трнов венец и ковчег скапоцен приживе ќе ми […]

violeta-sekovska

Македонија со Македонија граничи

Виолета СЕКОВСКА Дал ни се слободни мислите,дал ни се слободни рацете?Македонци, Македонијо,во јазол врзани.Пред сто годиниземјата се скрши, небото посиве,облаци темни надвиснаа,судба македонска, судбина,Македонија како момаубава ја грабнаа…Едни глава и земаа,други раце, трети нозе,а четврти тело и поробија,сега сакаат срце да и откорнат,утроба да и уништат,Македонец да не се роди,јалова земјата да ја остават. На […]

violeta-sekovska

Живи сме!

Виолета СЕКОВСКА Ние не сме мртви – живи сме! За својот леб сами се грижиме, а вие сте слепци да видите, глуви да чуете. Со таинствени бодежи јуришате, оковани жртви барате, застрашувањето е вашата сила, крвави дамки растат на вашиот послан чаршав. Ништо не занемело, ништо не замолкнало, ништо не изумрело, живи сме! Од старите […]

Cvetkov

Песната за војводата Парашкев Цветков

„Ај кажи, кажи, мајска природо.Кажи народе, денес што имаш(2)Долу во полето, село Могила.Таму се бие, Цветко војвода,со неговата верна дружина.Бие се бие и негова дружинаи со него беше дедо Андреа (2)Бие се бие, со турска војска,во Могила Цветко мртов падна (2)Заради братство и за слобода,лежи спокоен,слаавен јунак,слаавен јунак Цветко војвода (2).

violeta-sekovska

Александар Македонски

Виолета Сековска Магла од прашинатопот на коњите,царска војска –царска држава,Цар ја предводи. Мажи силни,мажи стројни,мажи умни –Фаланга македонсказа слава Достојна. Меч в ракаум в глава,спремни за поход,Бог* пат им осветува,сонце пат им осветлува,шеснаесеткрако сонце,сите во срце носат. Од победа во победа,се така во недоглед,војсководец наш голем,воздухот го отклучивме –Царот го вративмениз времето и просторотАлександар Македонскина […]

violeta-sekovska

Скопје ’63

Ноќта на глува убавина наликува,молк ита од соништата,блесок од првите зраци сончеви… Наеднаш! Стојат птиците на дрвјата,застанаа облаците на небото,сопреа сказалките на часовникот,тресок се слушна во ѕидините,сенка од прашина,ко ѕвер се надвисна,морна тежина на утрото,над градот се распосла,лелек и тагата, градот го сокрија. Убавината во рушевина се претвори,врисок и плач во криксе слуша од секаде,имиња […]

violeta-sekovska

Постоење

Болка, радост,тага, среќа,се лутиме, се смееме,понекогаш подвикнуваме,тоа е се што имаме! Ваков или онаков свет,одмазди, заблуди,лаги, интриги,времето во синџирине може да го врземе,воздухот во нас,не можеме да го задржиме. Зборови пишуваме,живот пренесуваме,љубов дарувамевек векуваме. Виолета СЕКОВСКА

zaklina-mihajlova

Македонија катана мунди

На мегданеј, Mакедонци, за Армакедонизлезете!Од вашето – туѓо не правете, со доброто зло победете!Еј, вековни паталциочи отворете,срце раширете..Еј, прадедовциаманет испраќаат: чакрите очакрете ги,црквите отворете ги,одродите проколнете ги,изродите дотолчете ги! Еj, свето вљубени,еј, свето примати,еј, свето писмени,еј, ѕвезди водилки,еј, ти розо на водата,жива да си,и Сонцето без тебе не е сонце,Македонијо! Жаклина Михајлова

violeta-sekovska

Прокоба

Време од судбата бега, таму горе на неботoкаде зората зарудува, каде сила и верба изнудува. Време бега од судбата, таму покрај гробиштата каде коските се грчат и чемерна болка вијат. Време од судбата бега, каде оган жари во душата, каде солзи исти се леат, каде маки исти се делат. Mајка со ѕвезда и месечина, друга мајка […]

zaklina-mihajlova

Седенка во Стоби

На сон или на јаве, на седенка заседнавме рано едно утро, јас, Царот и Боговите, кај што Еригон* и Аксиос* се спојуваат , за вечен век заедно да векуваат. Јас , како Грација, исто накитена, исправена во гордоста своја порабена. Разиграна,продуховена и преубава, со насмевка среќа и радост што емитува. Царот- како Дион* среде лозје […]

cento

Соколот

Таму каде Вардар бели пени фрлаи в долина ежи со дивовски грла, во карпите модри, стрмно обесени,ведно топло гнездо длабоко во стени,во мрачните деној на ропското времесе извело пиле од соколско племе. Првиот му полет во просторот ширенне можел да биде радостен и мирен,првиот му поглед в бескрај  вселенаму оставила слика мрачна и студена,ветришта  и […]

Tome-Veljanovski

Лопатица 1904

А бре грчиња, вие клети кучињаи тие со вас одродени македончиња,што мајка беше таа што ве родилаи со какво млеко таа ве задоила.Дење сте мирни бубалки мили,ноќе сте клети ѓаволи гнили,село по село во оган ги ставате,село по село со крв ги облевате.Дојде време и за нашето село,алал да ви е за јунаштвото вашешто го […]

To top