Песни за Македонија

nadica-trpevski

Древните

НАДИЦА ТРПЕВСКИ Измачен народТоа сме ние,Но храброст и НепокорностВо срце ни бие. Не угнетуваа и измачувааВекови цели,Но пак си останавме,Македонци смели.     Затоа чујте,Непријатели клети,Македонија нешто,На Александар му вети:Името вековно,Не го менуваме,МАКедонци со корен,За навек остануваме. За името световно,До смрт ќе се бориме,Македонци за навек,Нема да се покориме

makedonska-solza

Македонска солза

Солзнаа сега тие македонски очи бујнии претворија бразди во реки струјни,замотана во сонцето со многу краци,а земја држам во растреперени раце. Како птица летнав и во туѓина појдовте поздравувам земјо, јас тука дојдов,со раскината кожа и во душата тесна,а во срцето ми удира носталгија бесна. Завртена со грбот кон мојата мила земјаживотот стави болка во […]

violeta-petkovska

Ти света мајко

Колку ли чини лагата, колкава е тагата повторувана со векови, откината од душата со клевети, предадена на чуждинци. Од огништата нивни ги откинале од мајка Македонија ги однеле, ги поделиле, ги разделиле. Децата ги растеле во мрачнини, житата зрееле со горчини. Водите студени, отровни им биле . Сонцето не ги греело исто, лебот не им […]

rozita-hristova

Беломорска тага

Таму далеку крај Белото Море,во едно парче македонска земјаоткинато од мајка страдалничка, таму се коските на моите предци,таму се коските на моите дедовци,коските на моите предци Беломорци. Коските свети под урнатините,во темелите на огништата згаснати, коските на цел глас врескотат,крикот нивен до бескрај се слуша,со исконски пркос а не со покор,аманет за правда праќаат до […]

Дојдете кој од каде Варвари

Дојдете кој од каде Варварикренете го повисоко сонцетои кажете му да не заоѓадури е со нас, дури е над нас,оти ние сме постари од него. Земете си ја само омразатакон своите родители и роднини,земете го и гревот и гневоти запалете ги куќите и амбаритестоговите сено и посевитеи водата и солта во солзите,нека пиштат и змиите […]

marija-crvenkovski

Во Галичко некаде

Зурли и тапани од далеку се слушаат,планини и ридови од тонови се рушат –во Галичко некаде свадба се спрема,ни разигра срца со душевна трема.Топотат копитата од коњскиот кас,светат ѕвездите, небесниот украс,со факели запалени по невеста се одидве срца разиграни, силна љубов се роди.На сретсело денес многу народ се собра –да види сака, галичка традиција добра,одекнуваат […]

milica-paulus

Етно тркало

Моето име е Македонија !Презимето, македонка !Со преврзани раниод минатото и со душа вдахната кон иднината,ќе отрчам среќна. Песна македонска и благородна,низ планинии рамнини да разлеам . Кога погледнам назад,знаме со крв од куршуми. Кога погледнам напредпоетите пеат. Пеат, во лоното на зборот!За мракот тогашен и светлината денешна. За етното тркало од Божјата рака,кое се […]

violeta-sekovska

Без вина виновни

Македонци се раѓаме. Вие сакате вина да осеќаме. Разгневен ветар врз нас чувствуваме. Сенки дамлосани – суви крила, со гнев по нас замавнувате, зошто сме виновни? Со раѓање име добиваме во смрт со исто заминуваме, без името ни смртта не може да не пронајде. Билките име имаат, дрвјата име имаат, животните име имаат, зошто Македонците […]

blagica-petkovska

Три круши

(Свидение на хранителот) Јас, хранителот Дабјан Македонецот,на стража сум за цезароти римските легии,чии мечови со крв христијанскаи моите раце ги извалкаа…А стојам, стражарам простумво дреи војнички,со копје и штит крај патот,салутирам на коњицашто гони и убива…Моите очи пресушуваат,ме скаменува болката.Се молам во невремеи за сите времиња се молам:– О Господе, Боже,зар крвта Исусовасите наши гревови […]

pece-cvetkovski

Бегалци

Бедни мајки здогледавод родина изгонети.На крстопат затекнавво згрч мало девојчемртвото братче во пазувите стегаше. Бесно погледнав,на небото  бесрамно  ново сонце се раѓаше,а слободата умирашезад ѕидиштата на градот антички  од моите предци соѕидан. Страдалници благоверни!Тоа беа на одмазда страдалници, страдалници на одмаздаод довчерашните пријатели,од довчерашните соседиод ајмани од бедствие спасени. (автор: Пеце Цветкоски)

miladin-ugrenovic

Македонка

Миладин УГРЕНОВИЌ Набрана јанѕа,в скутина рика.Од зад сонцето дурии изгрева мисла.И секој зборпланина е една,во душата стипсанако сугаре в лулка.А, ти …високо нa ридот,ко сончева посестримасветовите ги броиши светот твојв болката го бараш.Сал клетвата македонскаод пред исконска доба,те тера да траеши синови да раѓаш.Зашто рожбатаво крвта ти е,да препливаш води,да изгаснеш жед.

To top