Солзнаа сега тие македонски очи бујни
и претворија бразди во реки струјни,
замотана во сонцето со многу краци,
а земја држам во растреперени раце.
Како птица летнав и во туѓина појдов
те поздравувам земјо, јас тука дојдов,
со раскината кожа и во душата тесна,
а во срцето ми удира носталгија бесна.
Завртена со грбот кон мојата мила земја
животот стави болка во душата темна,
полека се влечам како силуета тажна
во скротени бури и непобедливост лажна.
Денес е топло, а утре бројни солзи течат
во душата болките како острици сечат,
а јас заминувам, Македонијо моја мила,
незаборавено, корени во душата си свила.
Поминаа времиња, а јас туѓа земја газам,
толку би сакала сега, јас по тебе да лазам
зборувам друг јазик, а тагата од срцето ечи
добро би било сега солза, тага да спречи.

МАРИЈА ЦРВЕНКОВСКИ