Среда, 21 Јануари 2015   
Познанството со Охрид е обновено познанство со А. Ден Долард и обратно

herald-pulvejk
Пишува: Херард Пулвејк (Холандија)

Во септември 2012 година мојата сопруга и јас одлучивме да ја посетиме Македонија. За нас не премногу позната земја што ја знаевме само од неколку книги од А. ден Долард, но во тој момент за тоа не бевме ни свесни, па решивме во периодот по одморот да купиме книги од овој писател за Балканот и посебно за Македонија за читање и/или препрочитување. За посебни книги ги сметавме: „Свадбата на седумте Цигани“ - една прекрасна љубовна приказна со посебно внимание за Охрид и околината; „За слобода и смрт“ - книга со стравотни извештаи за политичките случувања во земјата; „Ориент Експрес“ - роман за истите тие политички компликации, понекогаш дословни пасуси од тие ужасни извештаи; „Заедно е два пати сам“ - роман за скитањето на авторот и за една од неговите големи љубови; „Гостилницата со потковицата“ - пред сè за Албанија, соседната на Македонија земја од другата страна на Охридското Езеро.

Така подготвени исчекоривме надвор од авионот и помалку или повеќе низ очите на писателот ги видовме Охрид, црквите, плоштадите и плоштадчињата, кејот и алеите, и пак секогаш и насекаде прекрасното езеро со мистериозните планини во позадината. Некаде на едно раззеленето плоштадче наеднаш застанавме изненадени покрај еден споменик на... А. ден Долард!!! Длабоко во моето сеќавање (еден учител по холандски јазик во средно училиште мора да ги помни своите класици) знаев за почитувањето во Македонија за овој писател. Исто така впечатливо беше што во овој парк наоколу шетаа многу Холанѓани кои сакаа да се фотографираат пред овој споменик.

Во една особена среда навечер скитавме низ улиците, уличките и алеите на Охрид во близна на кејот (баравме еден посебен ресторан), ни пријде една Македонка која нè праша (на холандски јазик!!!) дали сме Холанѓани и дали сакаме да видиме еден посебен музеј. Ние посакавме и таа нè поведе кон една куќа. Кога влеговме, се покажа дека тоа е канцеларијата на некој со многу восхит за... А. ден Долард. На ѕидот висеа фотографии на многу корици од неговите книги и малку повнатре цела една соба наместена како музеј на А. ден Долард?!

Се разбира дека бевме изненадени и љубопитни од каде ова почитување. Македонката ни објасни нашироко и надолго. Тоа беше почитување за холандскиот писател кој толку многу значи за врската помеѓу македонскиот народ и Холанѓаните. Таа ни ја посочи книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“. Кога прашав дали постои и холандско издание на книгата, се покажа дека не постои; писателот можел да се изразува на холандски, исто така го владеел холандскиот јазик, но не го владеел доволно добро за да напише цела една книга.

Коментирав дека тој би можел да побара помош од некого и кога таа праша ‘како и од кого?’, јас реков: „Обидете се со мене”.

Пак изненадување, сега кај другата страна, но кога се покажа дека јас сум доктор по холандски јазик и литература, таа нè покани да дојдеме вечерта да се запознаеме со авторот на книгата.

По вечерата се запознавме со Мишо Јузмески, еден симпатичен човек кој навистина добро зборуваше холандски. Тој во 2011 година, заедно со македонската дама, ја основал „Култура 365“, чија мисија е да се промовира македонската култура и пред сè да го промовира туризмот. Една од иконите, најважната, на нивната организација е А. ден Долард. Се договоривме: кога ќе се вратам во Холандија, јас повторно ќе се поврзам со писателот и ќе се обидам неговата книга за А. ден Долард од англиски да ја преведам на холандски.

Во 2013 излезе преводот и тој си го најде патот кон бројните холандски туристи кои следејќи го А. ден Долард или сосема случајно, скитајќи, наишле на овој музеј.

Оттогаш редовно одржувам врска со писателот, понекогаш преведувам некоја нова статија и секогаш се информираме меѓусебно за сопствените активности. Двајцата имаме исполнет живот со заеднички интереси, а секогаш и време за нови информации за А. ден Долард, кој толку многу значеше за откривањето на балканските земји и особено на Македонија за Холанѓаните посебно и воопшто за западните туристи.

Македонска нација му благодари на Мишко Јузмески за текстот.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.