Среда, 21 Јануари 2015   
Македонскиот национален јаз е голем адут за грците

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Чудни луѓе сме  ние Македонците.  За се` нешто, некој  друг ни е крив, или поедноставно, „Не бев јас“.

Постојат  група луѓе кои за се се  секираат, освен за себе, сите им се помили за опсервација освен себеси.

Таквите интересни  појави секојпат се спремни да ви кажат што нетреба, но никако да ви кажат како треба. Многу е лесно едно дете да земеш и да го натепаш оти, ете направило беља, но ако не му кажеш како правилно да постапи, џабе ќотекот.

Така и со нашите дежурни мислители и истерувачи на правда, секојпат спремни организирано да се спротистават и да нападнат за да ги одбранат „своите “ ставови, не давајќи ни  малку шанса некој друг нешто да им укаже.

Македонија повеќе од две декади се наоѓа во сериозна консензуална криза околу спорот за името. Битката помеѓу двете струи на левицата и десницата е развиена до степен на крајна нетрпеливост и непомирливост. Донесувањето на блиц потези само од инает, многупати скапо ја чинеа државата, но и натаму се практикува како модел за да се оневозможи партискиот противник да постигне позадоволителни резултати од ривалот. Поигрувањето со националните и со државните интереси е најголемото зло кое може да ја снајде една нација.  Сега тоа најмалку и е потребно на македонската држава.

Не смее да се наруши угледот на македонскиот народ дека и покрај сите ембарга, препреки и уцени, доследно опстојал на ставот дека нема попуштање пред узурпаторот на меѓународното право и човековите права и слободи. Македонија без размислување треба да ја продолжи борбата за докажување на сопствената вистина пред светот, да ја продолжи битката за разоткривање и уништување на грчката пропаганда, која сее лаги и омраза повеќе од дваесет години. Не смее да се дозволи внатрешно-партиските поделби во државава да и послужат на Грција како алиби дека Македонија не е конструктивната страна, дека ние сме тие кои спроведуваме опструкциони процеси, а тие се посветените и докажаните.

Од секој промил од македонските грешки Грците создаваат пропагандни трикови, со кои меѓународната заедница повторно ќе покаже со прст кон нашето политичко и дипломатско општење. Спротивно на тоа, кога јужните соседи ќе ја направат и највалканата работа, тогаш тоа или не знаеме доволно да го искористиме или само делумно ќе го претвориме во позитивен бод на нашето салдо.

Тешки времиња доаѓаат. Одново, по којзнае кој пат, на белосветските јаничари ќе им го докажуваме она што стотици пати сме им го докажале - дека сме Македонци, дека зборуваме на македонски јазик, дека пееме македонски песни, играме македонски ора, се поклонуваме пред македонска историја. Истите тие, се знаат, знаат кои сме ние, знаат кои се Грците, знаат кој ја зборува вистината, а кој лаже. Но, повторно со помош на нашата опозиција дискриминаторите се во предност. Во предност се затоа што дома се обединети, затоа што сите политички елити од кои е составена и грчката власт и грчката опозиција, непоколебливо стојат на своите позиции дека не треба да ни се попушти ниту милиметар. Зарем тој национализам нас не разедини наместо да не сплоти ?

Кога некој е склон кон попуштање, спротивната страна постојано ќе ја применува стратегијата на притисоци без крај. Македонската опозиција одамна игра двојна игра кога е во прашање проблемот што го има Грција со нашето библијско име..

Постојаното дрндање на Македонската опозиција во однос на нашето име на веќе познати, истрошени и неупотреблизи фрази и флоскули, не само што ја збунува, туку и ја разгневува јавноста. Но, нејзиниот суд, судот на народот знае да биде ем најжесток, ем најправеден.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.