Среда, 21 Јануари 2015   
Останувањето на Македонија надвор од ЕУ и НАТО не е неуспех на Македонија!

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Останувањето на Македонија надвор од ЕУ и НАТО не е неуспех на Македонија, бидејќи таа одамна ги исполни сите критериуми за членство. Тоа е неуспех на политиката на ЕУ и НАТО, кои не најдоа начин да ја принудат својата членка Грција да го почитува меѓународното право, особено по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Грција од своето создавање како држава во XIX век била проблематична земја која и задавала сериозни проблеми не само на своите соседи туку и на нејзинте основачи и поддржувачи. Огромни средства се дадени за да таа стане модерна земја која ќе биде лидер во регионот, локомотива која ќе биде носител на економскиот развој на Балканот. За таа цел во минатото Македонија е жртвувана и поделена на три дела.

Но, Грција никогаш не стана лидер на Балканскиот Полуостров. Она што била во минатото, Грција е и денес. Презадолжена земја и извор на нестабилност. Повторно се слуша изреката „Должен си како Грчка“  

Грција една недела пред изборите се наоѓа во предизборен хаос, кој по се изгледа ќе трае долго време и по изборите што ги намалува шансите да се придвижат работите за прашањето за името. Тоа го попречува евроатланскиот интегративен процес на Македонија, што не е добро за двете соседни земји.

Политичката нестабилност и падот на еврото во однос на доларот и швајцарскиот франк, во Грција предизвика страв од „кипарското сценарио“ и замрзнување на депозитите. Во пресрет на парламентарните избори закажани за 25 јануар, граѓаните ги празнат банките, што ја доведе во прашање нивната ликвидност. Според некои проценки Грците веќе подигнале стотина милиони евра, а грчките водечки банки биле приморани со посредство на грчката Централна банка да бараат средства од европските фондови за да можат да ги сервисираат побарувањата на физичките и правните лица.

Атмосферата е крајно напната, а се шпекулира дека владеачката коалиција се обидува со вакво сценарио да го заплаши народот. Односно дека таа им испраќа порака што може да ја снајде Грција доколку радикалната левица СИРИЗА дојде на власт. Во својот говор во Каламата, лидерот на Нова демократија и премиер на Грција Андонис Самарас ќе изјави дека „Победата на Нова демократија следната недела не е само за нашата партија, туку и за сите Грци кои сакаат земјата да остане во еврозоната...“

Според последните анкети СИРИЗА и понатаму е во предност и се смета за озбилен фаворит на парламентарните избори. Можноста да добие СИРИЗА, предизвикува загриженост во Брисел и кај меѓународните кредитори, поради ставот на левицата за одложување на плаќањето на кредитите и отпишување на дел од долгот.

Инаку, периодот на политичката нестабилност ја доведува во прашање кредитната способност на Грција, што за неколку месеци ќе ја одложи достапноста на средства на пазарот на капиталот. Според анализите на некои кредитни агенции, иако не се очекува дека ќе потрае долго време, доколку победи радикалната левица, неизвесна ќе биде целата политичка состојба во Грција. Во тој случај се очекуваат преговорите на меѓународните кредитори и левичарската влада, која веќе ги има ублажено своите ставови, да бидат тешки и ризични.

Сепак во стилот на Грците, познати по закани и уцени, додека Самарас го заплашува народот со дестабилизација на земјата доколку победи левицата, некогашната пратеничка на Независните Грци, потоа независна, а сега под знамето на радикалната левица, Рахил Макри ја шокираше Европа со изјавата дадена на предизборен митинг дека „Грција самата може да отпечати 100 милијарди евра"!

Иако овој став се смета за предизборен маркетинг на Макри, од кој СИРИЗА се огради, таа не ја повлече својата изјава, туку објасни дека според одредбите на Европската централна банка, секоја од регионалните банки може да отпечати евра во случај на загрозена ликвидност. Меѓутоа, таа не спомна дека за тоа се потребни да се поминат посебните европски процедури, што укажува дека се обидува да ја смири паниката која владее во земјата при што масовно се повлекуваат средства од банките.

Во ситуација кога европските политичари ја отфрлаат можноста од отпишување на долговите и порачуваат дека иако се избори не треба на народот да им даваат лажни ветувања и надеж, очигледно е дека политичката криза кај јужниот сосед ќе продолжи подолго време, што ќе биде добар изговор за пролонгирање на решавањето на македонското прашање, но и можност на грчката политичка елита за уцени со вето за остварување на сопствени цели.

ЕУ и НАТО немаат можност ниту стратегија да ја притиснат Грција да го отфрли ветото. Оттука меѓународната заедница континуирано бара дијалог меѓу Грција и Македонија за разрешување на прашањето за името, иако многу добро знаат дека Грција тоа не го посакува. Повеќе од две децении поминаа во јалови дијалози, при кои Македонија направи повеќе остапки, додека Грција не остапи ниту чекор. Грција едноставно сака Македонија да исчезне од картата на Европа. Меѓутоа, како никој да не сака да разбере дека без Македонија ќе ја нема ни Грција, ниту Грција економски ќе заздрави ако Македонија не е членка на НАТО и ЕУ.

Останувањето на Македонија надвор од ЕУ и НАТО не е неуспех на Македонија, бидејќи таа одамна ги исполни сите критериуми за членство. Тоа е неуспех на политиката на ЕУ и НАТО, кои не најдоа начин да ја принудат својата непослушна членка Грција да го почитува меѓународното право, особено по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Со ваквиот однос,  ЕУ и НАТО не само што го рушат сопствениот кредибилитет, туку оставајќи ја надвор земјата, ја загрозуваат безбедноста во регионот и пошироко, вклучувајќи ја и самата Европа.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.