Среда, 28 Јануари 2015   
Различните идеологии и внатрешни делби во македонското револуционерно движење и нивните последици (3 дел)

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Сега веќе се отвараат темите дека Организацијата треба да се децентрализира, да биде раководена од месните кружоци, а не како порано сите наредби да доаѓаат од Централниот Комитет и без поговор истите да се извршуваат.

По Прилепскиот подвижен конгрес, а подоцна и на конгресот во 1905 година во Рилскиот манастир овие два табори кои од денешна гледна точка се карактеризираат како леви и десни, а колку е релеванто во една левичарска организација да има и десничари тоа го оставаме на човековото расудување. Суштината е тоа дека еден дел од Организацијата на чело со Христо Матов, Ѓорче Петров се застапуваат Организацијата да остане на поранешниот систем на уредување, а тоа е централистичкиот додека, Јане Сандански со неговата група Серчани (револуционери од Серскиот револуционерен округ) се за децентрализација на организацијата. На крајот на конгресото тие ќе си заминат начелно со успешен договор за добробитот на Организацијата, но во суштина секој од нив едноставно ќе си продолжи по својот пат па дури и понекогаш тоа одело и во спротива со решенијата кои биле донесени на Конгресот. На Конгресот се барало и да се најдат виновниците за неуспехот на Илинденското востание и вината како што и се очекувало паднала врз Сарафов и Гарванов, но сепак под големата заштита и дипломатија меѓу обвинетите и обвинителите Ѓорче Петров успеал да постигне договор, па затоа на Конгресот се донело решение сите виновни за некакви дела да добијат помилување, но доколку ја повторат грешката тие ќе бидат судени и за претходното дело покрај новото.

Ова решение не било испочитувано, па така по неуспешниот атентат врз Јане Сандански од страна на атентаторот испратен од Сарафов и Гарванов, па тоа подоцна ќе го убеди Сандански да ја донесе конечната пресуда за Сарафов и Гарванов без знаење на централниот комитет тој наредува нивно убиство и истото било извршено во 1907 година од страна на атентаторот Тодор Паница.

Во овие дни ќе се роди и новата идеологија за среќа, една од попозитивните во нашата историја, а тоа е санданизмот во чиј што корен стои идејата за автономна обединета и слободна Македонија. Како правец санданизмот ги обединува сите почитувачи на делото и ликот на Јане Сандански кој пак е еден од корифеите и човек кој никогаш не се поколебал во своите идеи за Македонија и Македонците.

За македонското прашање Сандански ќе изјави: „Нема брзо и едноставно решение за македонското прашање. Кој мисли дека со еден потег на перото, со едноставна промена на името или додавање на некаква придавка/збор преку ноќ ќе го реши македонското прашање- се лаже! Се лаже и себеси ги лаже и другите!

Кој мисли дека некој однадвор, од големите сили, од соседите, ќе пресече и ќе ја исправи неправдата кон нас во наша корист, се лаже, и себеси и другите!

Кој мисли дека иднината на Македонија не е во обединета Европа, се лаже, и себеси и другите!

Кај нас е решението, и само од нас зависи!

Ние мораме да изградиме мостови помеѓу нас Македонците на Балканот и да се бориме за нашата иднина и иднината на нашите деца.

Народите на Балканот не се наши непријатели и затоа ние, најмногу од сите, мораме да изградиме мостови на доверба и пријателство со сите наши соседни народи. Да ги надминеме недоразбирањата и непријателствата, искрено. Да ја изградиме иднината заедно, а минатото да го оставиме, зошто доста беше страдање, време е новите генерации да имат слободен живот.

Само така ќе го решиме македонското прашање и ќе ја одбраниме македонската независност“.

Санданизмот е една од ретките идеологиии кои ќе го надживеат и самиот Јане Сандански што не било случај со претходните идеологии и внатрешни делби кои замреле кога од политичката и животната сцена биле тргнати односно починале. Причината за нејзиниот опстанок е можеби тоа што идеите и целите на санданизмот се поклопувале целосно со општонародните идеали и не оделе во спротивна насока од тоа што народот го посакувал и замислувал за разлика од врховизмот, цончевизмот итн.

Наскоро санданистите на голема врата ќе се придружат на младотурците кои начелно и де јуре требало да ја подобрат положбата во земјата, но сепак тоа ќе остане само на празни ветувања и на хартија. Со Младотурската револуција состојбата видно во Османлиската империја не се променила, туку само нејзиниот владетел. Султанот Абдулхамид I бил наследен од неговиот брат Мехмет Решат II кој бил слаб владетел и неговиот живот го минал затворен во еден дворец со харем од триесет жени.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.