Среда, 04 Февруари 2015   
Ќе се јават и други шутраци

mane jakovleski 3
Мане Јаковлески

Што е пуч? Според дефиницијата, станува збор за обид на заговорници со сила, со средства спротивни на демократската процедура или со фалсификување на таа процедура да ги срушат носителите на власта или на политичката хиерархија.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев одамна е познат по своите изјави од типот дека кога ќе дојде на власт живи луѓе ќе јаде. Пред неколку месеци најави бомба која во моментот кога ќе ја објави, честа на Македонија ќе биде повредена, ќе допре до сензибилитетот на меѓуетничките односи и за три дена владата ќе си даде оставка!

За време на престојот на трибина во Битола, ден по денот на ослободувањето на градот, тој без да објасни за што се работи најави дека ќе ја откачи „Бомбата“, која потоа не ја објави ни пред членството, ниту ја „фрли“ во Собранието, ни во Обвинителството. Со „запален фитил“ тој се обиде од владеачката партија да изнуди формирање на техничка влада, слично како и 2001 година кога, на тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски му успеа да влезе во широка коалиција во владата на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Љубчо Георгиевски.

Во изминатите години опозицијата предводена од СДСМ не избираше средства за да дојде на власт. Видени се повеќе сценарија со црна кампања кои опозицијата требаа да ја вратат на власт, па дури и по насилен пат. Во сето досега видено можеа да се насетат личните интереси и интересите на поединци во најголемата опозициска партија, но и интересите на јужниот сосед.

Со својот начинот на раководење на Социјалдемократскиот сојуз како и со своите ставови во врска со името на македонскиот народ, спротивни на интересите на земјата, тој и нанесе огромна штета на Македонија. Меѓутоа, она што лидерот на СДСМ Зоран Заев го направи со т.н. бомба, го нема направено ниту еден македонски политичар од 1990 година до денес.

Заев од септември минатата година остварувал средби со Премиерот Никола Груевски и му се заканувал барајќи техничка влада и избори. За возврат Заев велел дека нема да ги објавува тие т.н. бомби.

Во текот на четирите средби меѓу Груевски и Заев, од која првата одржана на барање на лидерот на СДСМ, одржани од септември до ноември минатата година, Заев побарал итно формирање на техничка влада и го информирал Груевски дека во соработка со одредена странска разузнувачка служба прибавил снимени телефонски разговори од скоро целиот државен врв, политички јавни лица од власта и опозицијата и од медиумите.

Видео запис од разговорот помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев:

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/188358-OBNOVENO-Transkripcija-od-razgovorot-megu-Gruevski-i-Zaev-VIDEO

Фактот дека Заев се заканувал дека ќе го објави овој материјал добиен од странска разузнувачка служба доколку не се формира техничка влада, преставува директен обид за рушење на демократски избрана влада со помош на странска интервенција. Исто така, тоа е директно мешање во внатрешните работи и сериозна закана насочена против изборната воља на македонскиот народ и суверенитетот на македонската држава.

Еееххх душа ме боли, некои наши шутраци, се испотепаа Македонија да не ја биде држава достојна за живеење. Бог да ни е напомош со овие недоносени, Бог да не чува од такви политичари, Бог да не чува од бетер.

Од Империја до Кина и Индија, до поранешна Југословенска Република, Македонија меѓу Албанија, Бугарија, Грција и Србија, како вдовица раздавана... Си патела земјава пред се од своите изроди, многу, многу...

Денес, кога имаме самостојна држава Македонија, некои од надвор, потпомогнати од малку на број наши недораснати политиканти, на кои очигледно Македонија не им значи ништо освен алатка за остварување на личните интереси, сакаат да не обезличат, работаат да не снема. Тоа нема да им успее се додека Македонија има одважни синови и ќерки, Македонија ќе постои и ќе ја има, ќе не има и сите нас кои се вложуваме за идеалите на Македонија.

Народот вели со ситни души држава многу тешко се прави!, се разбира, проблеми околу Македонија ќе има, ќе се јават и други шутраци, но ќе постоиме се додека светот се крсти во Библијата каде Господ не запишал дека не има за да не биде! МАКЕДОНЦИ!

ДА Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА!!!

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.