Среда, 04 Февруари 2015   
Засега нема промени во курсот на Грција

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

По промената на власта во Грција, Алксис Ципрас и неговата левичарска влада веќе им задаваат проблеми на ЕУ. Неговото барање за намалувањето на долгот и ветувањето за зголемување на платите, комбинирано со закани за излез од еврозоната и доближувањето до Москва, го загрижува Брисел. Можеби не толку должничката криза, колку опасноста од домино ефект, која може да ги зафати медитеранските земји. Сепак, доаѓањето на Ципрас и неговиот однос кон ЕУ, незначи дека ќе дојде и до промена на политиката на јужниот сосед во однос на името.  

Спротивно од односот на Самарас, со доаѓањето на Ципрас односите меѓу Атина и Брисел се затегнати.  За да го оствари Ципрас своето ветување кон гласачите, Атина побара попуштање на уздите на Брисел и отпишување на дел од долгот од меѓународните кредитори. При тоа се служи со низа закани и уцени, како што е напуштање на еврозоната и вртење кон Русија.

За да ги потврди своите намери новата ултра левичарска влада на Грција уште на почетокот на својот мандат најави дека не ја поддржува намерата на ЕУ за нови санкции врз Русија. Од друга страна  Русија пак најави дека би можела финансиски да и помогне на Грција и да го отплати грчкиот долг од 240 милијарди евра кон ММФ и Европската централна банка.

Иако Ципрас е голем поддржувач на политиката кон Москва, тоа незначи дека така лесно ќе излезе од еврозоната и ЕУ. Дека Атина води византиска политика и дека користејќи со секакви сплетки се обидува да ја постигне целта по секоја цена, покажува изјавата на францускиот министер за финансии Мишел Сапен кој по средбата со неговиот грчки колега Јанис Варуфакис ја предупреди Атина да не игра на картата на кавгата меѓу Париз и Берлин, еден од поголемите кредитори. При тоа тој ќе потенцира дека Француско –Германскиот договор е клучен за постигнување спогодба што може да им помогне на Грците и дека нема потреба да се туркаат членките од еврозоната едни против други.

Меѓутоа, Грција која за да ги оствари своите цели има можност да балансира меѓу Брисел и Москва, во овој момент таа нема драстично да ја менува својата политика кон македонското прашање. Тоа секогаш ќе биде предмет на пазарање со двете страни. Особено, во услови кога во Украина се води војна, пред вратите на Москва, кога Русија ја менува својата воена доктрина и Балканот станува повторно полигон на кој ќе си ги мерат мускулите големите сили.

Многумина во Македонија, по доаѓањето на Ципрас и неговата СИРИЗА на власт, видоа можност дека прашањето за името ќе тргне од мртва точка. Наводно во тоа може да има голема улога што неговата мајка има македонско потекло, а дедото и бабата на Ципрас  по мајчина страна се Македонци кои живееле во селото Правишта, Егејска Македонија. Меѓутоа дури и да има Ципрас разбирање за македонското прашање тој самиот ништо не може да направи.     

Надежта дека најмладиот премиер на Грција ќе отвори ново поглавје и ќе започнат преговори со Македонија се минимални.

Се додека нема промени во грчката војска, полицијата, тајните служби, за кои од случајот со лидерот на СДСМ можеме само да претпоставиме колку длабоко се инволвирани во жалбата за рушење на македонската држава, тешко би било да се претпостават некакви драстични промени во политиката кон македонското прашање. Секогаш тука е и грчкото свештенството кое Македонија ја смета за своја. Дури и вистински Македонец да биде избран да ја води Грција не би можел преку ноќ да ја промени грчката мегали идеја.

Ако десницата на Самарас ни под притисок на Германија не седна да преговара, уште помалку во овој момент тоа може да се очекува од радикалната левица во чии редови се наоѓаат националисти.

Сепак Ципрас не е Самарас. Иако е млад и наследи лоша политика, тој е искусен политичар и можни се нови големи изненадувања.

Така на пример, грчкиот весник „То Вима“ пишува дека преставници на СИРИЗА изминатите денови ја разгледуваат можноста архиепископот на Албанија, Анастасиј, да биде предложен од Ципрас за кандидат за претседател на Грција, што укажува за постоење или на многу порадикални ставови во политиката на левицата или нешто друго за кое допрва ќе слушаме.  

Додека Ципрас во овој момент нема голем простор за маневрирање, бидејќи Грција ја има изгубено довербата на Европа, единствено што може Македонија да очекува во овој момент е промена на односот на ЕУ кон Македонија со оглед на влошени односи со Грција.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.