Среда, 11 Февруари 2015   
Различните идеологии и внатрешни делби во македонското револуционерно движење и нивните последици (4 дел)

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Наскоро по ова ќе следи и формирањето на ВМРО автономистичка од страна на Тодор Александров, Петар Чаулев и Александар Протогеров во 1919 година. За жал оваа организација, односно нејзните внтрешни делби по 1924 година односно по убиството на Александров ќе стане јаболко на раздорот во македонското револуционерно движење и де факто ќе биде одговорна за македонските братоубиства кои без прекин траеле се` до замирањето на организацијата во 1934 година.

Положбата во која што се појавила ВМРО автономистичка не бил нималку лесен и едноставен, на една страна биле интересите на Македонците кои безусловно барале обединување и автономија на Македонија, но од друга страна тука биле и интересите на бугарскиот двор кои многу влијаеле врз организација, бидејќи без нејзината подршка таа не би можела да опстои. Затоа Александров и останатите вешто балансирале и воделе добра демагогија, кај Македонците ветувале автономија и обединување, а пред бугарскиот двор пак кажувале дека ќе сторат се` што можат за да се обединат со Бугарија, бидејќи тоа и била главната цел на бугарскиот двор и главната причина за поддршка на македонските револуционери. Бугарија верувала и ја промовирала идејата дека автономијата на Македонија е само еден чекор и кога меѓународните услови би биле поволни таа ќе се обединела со Бугарија.

Четите на ВМРО автономистичка воделе силни борби со српските власти во Вардарска Македонија, убивајќи ги спрските колонисти, па тоа дури во еден период довело и до замрзнување на односите помеѓу Југославија и  Бугарија, бидејќи Србите сметале дека тоа е еден подмолен чин на Бугарија за да ја разедини Југославија, но во суштина не била Бугарија, туку македонското население кое било желно за слобода, а неговите чети се наоѓале во Пиринска Македонија односно како што некои ја нарекувале “татковината на комитите“.

Во македонското движење почнуваат да навлегуваат и социјалистичките идеи и утопии и полека почнала организацијата да се меша во внатреполитичките работи на Бугарија, иако според начелата тоа во никој случај не смеело да се дозволи.

Почнале да се ликвидираат едни од најсветлите имиња на револуционерната борба на Македонците само поради тоа што бугарскиот двор диктирал така. Од оружјето на ВМРО автономистичка паднал и великанот Ѓорче Петров и редица други револуционери кои своите животи ги изгубиле од убијците испратени од Александров.

Особено убиствата ќе зачестат по Септемвриското востание во Бугарија од 1923 во кое некои припадници од ВМРО се вклучиле во бунтот, иако не смеело според начелата но де факто според доказите можеме да утврдиме дека во истот биле вклучени и некои од раководните личности, иако подоцна истиот тој чин ќе го осудат. Пресудата за оние што го преживеале Септемвриското востание била смртна казна без никаква милост со строга наредба на Тодор Александров. Во овие убиства животот ќе го изгуби и внукот на Гоце Делчев преданиот македонски револуционер Тодор Чопов, внук од сестра на Гоце Делчев, син на првата жена во револуционерната организација Руша Делчева.

Подоцна ќе биде потпишан и Мајскиот Манифест во мај 1924 година под влијание на Коминтерната и според кој требало сите сили и правци во македонското револуционерно движење да се обединат во борбата против окупаторите и поробувачите се` со цел обединување и слобода на Македонија. Ова не одело во прилог на интересите на Бугарија, па затоа потписниците Чаулев, Протогеров и Александров ќе ги натера да се откажат од потписите но сепак тоа според нив нема да биде доволно и целата работа ќе финишира со убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година.

По ова убиство ќе започнат низа на убиства во македонската историја познати како македонските братоубиства.

Тука револуционерите ќе се поделат на култови основи кон некое лице од револуционерната организација, па така на сцена стапуваат: протогеровистите, ванчомихајловистите, санданистите итн.

Антагонизмот кој ќе се води помеѓу сите овие внатрешни делби не е на идеолошка основа, сите тие имаат иста замисла односно идеја за оформувањето на Македонија, автономна и обединета, некои од фракциите кои биле под поголемо влијание на бугарскиот двор ја ставаат во една заедничка географска рамка со Бугарија, но во суштина се води култова борба и се бара преку меѓусебни убивања убиецот на Александров, иако тоа убиство било испратено од бугарскиот двор.

Преку овие борби водачите на различните фракции се бореле за превласт и едни со други покрај вербално и физички се пресметувале за на крај да остане само фракцијата на Иван Михајлов кој велел и се` до неговата смрт не се откжал од идејата дека Македонија е неделив дел од Бугарија и дека иднината на Македонија може единствено да се гледа во Бугарија.

Во фракциите на македонското движење ќе се појават и други идеи со федералистички погледи како што е појавата на ВМРО обединета во чија основа стои Македонија како автономна но членка на една идна Балканска Федерација. Оваа организација дејствува повеќе на културен и политички план и не пројавува терористичка активност но насекаде низ Европа ја промовира идејата за автономна Македонија.

Во период од 1919 до 1934 година ќе бидат убиени безброј македонски револуционери меѓу нив можеме да споменеме: Димо Хаџи Димов, Славчо Ковачев, Тодор Паница, Наум Томалевски итн. Секој различна приказна, секој еден трибун за слободна и обединета Македонија.

Сите фракции и делби не донеле ништо добро, тие само го разнебитувале и го терале македонскиот народ меѓусебно да се убива, а тие убиства биле поттикнувани од соседните држави се` со цел полесно да завладеат со македонсата земја и Македонците кои никако не покажувале покорнички дух. Преку овие внатрешни делби максимата ”Раздели па владеј” го доживува својот врв. а Алберт Лондр во својата книга „Комитаџии - тероризмот на Балканот” ќе каже: „Улиците на Софија беа натопени со крвта на Македонците“, мала реченица но вистински отсликува еден крвав период од македонската историја, период во кој се изгубило премногу, а не се добило ништо.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.