Среда, 11 Февруари 2015   
Струмица и Балканот ќе му бидат претесни да се сокрие од родољубите од западниот дел на Македонија

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Доколку Зоран Заев со неговите потези ги загрози животите на Македонците во западна Македонија, а многу брзо ќе се дознае, тоа ќе биде уште едно предавство во историјата на Македонија, потврда дека Македонецот е најголем непријал на Македонија. Тогаш Зоран Заев, нека очекува дека бесот од овие луѓе, ќе биде насочен токму кон него лично и кон раководството на неговата партија.

Користењето на закани и уцени од страна на претседателот на најголемата опозициона партија само за да дојде на власт е неприфатливо. Уште понеприфатливо е да поседуваш снимени материјали од странска разузнавачка служба и да ги користиш за уцена и да бараш смена на легално избрана влада на демократски начин и на избори на кои немаа забелешки ниту набљудувачите од меѓународната заедница, ниту нак СДСМ. Вечерта по изборите, СДСМ не најави никакви забелешки или докази дека имало некакви нерегуларности.

Повеќе од очигледно е дека лидерите на СДСМ немаат никаква визија, ниту програма којашто може да им ја понудат на избирачите, па по неколку последователни порази, на ваков начин се обидуваат да дојдат до власта. Тоа е уште еден доказ дека најголемата опозициона партија се самоуништува и го достигна дното од своето постоење.

Доколку дојде до објавување на некакви докази, како што веќе долго време Заев најавува со кои, “...ќе ги загрозат меѓуетничките односи“, повеќе штета ќе и’ направи на Македонија и опозицијата, отколку на владеачката партија, која е модерна и доброорганизирана, има членство кое е стабилно.

ВМРО-ДПМНЕ одамна ги надмина “детските болести“, подготвена е да се справи со последиците кои можат да произлезат, но нема да дозволи да бидат загрозени интересите на државата и македонскит народ. Како што рече и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, веќе нема македончиња, туку има Македонци, кои знаат да се носат и да се справат со било какви проблеми и предизвици.

Факт е дека постојат надворешни и внатрешни сили кои не му мислат добро на македонскиот народ и држава. Тоа го покажува случајот со лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој самиот призна дека материјалите од прислушкуваните разговори ги добил од странска разузнувачка служба. Поради тоа е потребно збивање на редовите на македонскиот народ и отстранување на оние лица кои се подготвени заради свои лични интереси да ги загрозат интересите на својот народ и држава.

Како што самиот Зоран Заев изјави дека документите што ги има, “ќе и’ наштетат на угледот на Македонија и ќе ги загрозат меѓуетничките односи“, би му поставил едно прашање: дали мисли за иднината, пред се`, на тие кои живеат во западна Македонија? Или уште еднаш сака да ги жртвува тие луѓе како што некои ги жртвуваа во 2001 година и со законот за територијалната организација на локалната самоуправа што го донесе Владата на СДСМ, бојкотирајќи го референдумот со имбецилниот слоган “некои прашања не заслуќуваат одговор“?

Можеби на Заев му е лесно да “истресе“ некоја глупост и да си замине во неговата Струмица на сигурно, без да размисли какви последици ќе имаат луѓето во западниот дел од Македонија.

Иако со душа и срце му припаѓам на ВМРО-ДПМНЕ, заради збивање на редовите и зачувување на интересите и безбедноста на Македонија, мислам дека е крајно време за коренити промени во редовите СДСМ и создавање на модерна партија способна да одговори на предизвиците на дваесет и првиот век.

Само нивните млади сили кои имаат нова матрица на размислување и кои не се заложници на минатото, можат да создадат партија која ќе знае да ги чува и брани интересите на сопствениот народ и Македонската држава.

Доколку Зоран Заев со неговите потези ги загрози животите на Македонците во западна Македонија, а многу брзо ќе се дознае, тоа ќе биде уште едно предавство во историјата на Македонија, потврда дека Македонецот е најголем непријал на Македонија. Тогаш Зоран Заев, нека очекува дека бесот од овие луѓе, ќе биде насочен токму кон него лично и кон раководството на неговата партија.

Струмица и Балканот ќе му бидат претесни да се сокрие од родољубите од западниот дел на Македонија.

Господ да ни е на помош! АМИН!

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.