Среда, 18 Февруари 2015   
ВМРО-ДПМНЕ во минатото запаѓаше во кризи подлабоки од оваа сегашнава

mane jakovleski 3
Мане Јаковлески

Повеќе од две децении од своето осамостојување во 1991 година, Македонија е изложена на континуирано негирање од некои наши соседи. Тие никогаш не ја пропуштиле можноста за да ги привлечат на своја страна, најкорумпираните и најпоткупливите елементи помеѓу Македонците, организирајќи ги под разни имиња, за потоа да ги фрли против претставниците на една независна македонска политика. Овие дејствија, особено на Атина, којашто и понатаму упорно сака македонското прашање да го смета како просто оружје за целите на својата внатрешна и надворешна политика, во последно време доби свој интензитет кој може да ги доведе во прашање не само меѓуетничките односи, туку и односите меѓу самите Македонци, проследени со елиминирање на сите оние што искрено ја сакаат независноста на својата земја.

За да се прикријат подлите злосторства извршени врз македонскиот народ, како и да се оствари крајната цел, а тоа е уништување на македонската држава, преку отпадници, во оваа фаза се пласираат во јавноста нелегални снимки од прислушувани разговори на претставници од власта, политичари, јавни личности, новинари и др., кои имаат за цел да ја компромитираат актуелната власт, а сето тоа да резултира со меѓуетнички тензии и да ја дестабилизира земјата. Впрочем, познати се намерите на јужниот сосед кој со децении во минатото имаат завиено во црно илјадници фамилии на македонскиот народ.

Во оваа фаза, тоа е злосторнички и одвратен план, со кој се сака, откако ќе се уништат водечките личности на актуелната власт, македонската организација да ја потчинат на својата волја или, ако тоа не може, неа да ја уништат, како последен бастион каде се брани името, идентитетот и јазикот на македонскиот народ. Грубата и црна пропаганда е премногу очевидна за да може да го има саканиот успех, но, сепак не ја исклучува можноста повторно да доведе до нови страдања на македонскиот народ.

Целата оваа игра на соседот и внатрешните отпадници не може да успее ако не е предмет на најгрубо и надмено бесчестие од страна на дипломатскиот свет, зашто тука силно се истакнуваат аспирациите и мечтите на големите сили. Односите на последниве кон Македонците, какви и да стануваат во текот на времето, не можат да бидат добродетелни и хумани. Сведоци сме како се нарушува меѓународното право и како бесрамно со најразлични неаргументирани причини се спречува членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

Димо Хаџи Димов уште на почетокот на XX век за македонското прашање ќе изјави дека:

„не би постоело никакво источно прашање ако не беше таа фатална тактика на големите држави да прават најчудовишни злосторства за задоволување на својата незаситена дрчност. Одамна ќе изгрееше во Македонија, како и насекаде каде што има потреба, сонцето на слободата, ако само човекољубивост ја движеше дипломатијата! Зарем не гледаат тие дека од векови се измачува безбожно еден кроток народ, осквернувајќи му ги светите чувства, мисли и желби?
Тие го гледаат, но за несреќа пасивно ропско негодување не е доволно да ја предизвика нивната благородна интервенција: тие само го унесреќуваат уште повеќе и без тоа злосреќниот народ, како во непомирливата омраза и нетрпеливост, што ги чувствуваат меѓу себе, се забораваат и се подбиваат со патилата на оние што во еден миг, без капка крв би можеле да се престорат во слободни граѓани. Да! Се подбиваат, зашто наместо да издигнат еден измачен народ на нозе, за да почне да дише слободно, кое можат да го сторат само со еден збор: „да биде слободен“ - тие го оставаат на дивиот човечки произвол олицетворен во една грозна и убиствена тиранија, каква што е (на пример грчката н.з.)... А зошто сето ова е така, рековме веќе. Робот се валка во калта на моралните и физички страдања, во калта, во ужасната кал на теророт, неморалот и насилствата, само за тоа зашто царува меѓусебна недоверба меѓу големите сили, отпечатени врз нивните противречни претензии на Исток“.


И денес, во името на правдата и човечноста апелираме до меѓународната заедница, политичарите, интелектуалците и обичните граѓани од Европа и целиот свет, да го кренат својот моќен глас на протест против попречувањето на интеграцијата на македонската држава во ЕУ и НАТО, против попречувањето на македонскиот народ да го користи своето уставно име и јазик. Апелираме да се почитува меѓународното право и да се заштити македонскиот народ, македонската држава од крволочни садисти - чиишто не дела ја возбудуваат секоја човечка совест!

ВМРО-ДПМНЕ во минатото запаѓаше во кризи подлабоки од оваа сегашнава, остана и ќе остане на патот за остварувањето на својата програма. Најголем дел од народот ја следи по овој пат. Но, во овие дни пред кобните најави од домашните изроди за нови злодејанија, македонскиот народ апелира и ја опоменува Македонската опозиција да не го валка името и угледот на Македонија и дека без разлика на се` никогаш нема да се откажеме од своето македонско име, држава и идентитет.

Македонија на Македонците! АМИН!

 

На прво место

Историја

News image

Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Македонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.