Среда, 25 Февруари 2015   
Во 1996 г. без присуство на опозицијата, во една вечер беа избрани над 600 судии

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Во периодот додека беа на власт (1994-1998 и 2002 – 2006), СДСМ и неговите партнери оставија таков хаос во државата, што и ден денес не можат целосно да се санираат последиците од нивното владеење. Таканаречените леви сили во Македонија уште тогаш ги удрија темелите на сите негативни процеси во земјата, мотивирани од желбата за целосна контрола на движењата во општеството, како услов за што подолго да останат на власт.

Тие го промовираа системот на привилегии за оние што се во власта или близу до неа, за можности за пристап кон материјалните богатства, брзо богатење со полукриминални дејствија, уништување на општествениот капитал заради лична полза, партиска селекција на вработување, партиска полиција и судство, институции, контролирани медиуми, и се` друго од што е потребно да се опстане на власт.

Со цел полесно да се контролираат полулегалните дејствија СДСМ го имаше целосно партизирано судството. Врвот одлучуваше кој ќе стане судија, а парламентарното мнозинство на СДСМ тоа го верификуваше. Во 1996 г., без присуство на опозицијата, во една вечер беа избрани над 600 судии.

Во отсуство на програма и без визија за иднината, во оваа партија доминираше исклучиво борбата за гола власт, со акцент на привилегиите од неа и можностите за драстична промена на статусот на учесниците во неа. Сето тоа се одрази катастрофално врз државната политика, без оглед кој моментално се наоѓа на власт. Особено што тогаш постоеше тенденција за уривање на било какви вредности, затварање во сопствениот двор, запоставување и потиснување на знаењата на поединци кои можеа да помогнат да се направи вистинскиот чекор во приближувањето кон Европа, за која декларативно се залагавме

Во текот на владеењето на СДСМ едно се говореше, а друго се мислеше. Додека во јавноста се презентираше некаква лажна сигурност и еуфоричност за оазата на мирот, во секоја нивна постапка се криеше план како да се растури државата. Така тогаш слушавме дека името ФИРОМ е само за неколку месеци. Но, набргу се виде дека тоа име е за подолга употреба, дека тоа стана предмет на СДСМ за трговија. Додека тие тргуваа со името, народот немаше ни за леб! Бројката на невработени надминуваше над 36 проценти од работоспособното население.

За да го решат овој проблем СДСМ и партнерите решија дека треба да превземат нешто. Увидоа дека државата трошела многу, дека буџетот треба да се смали за да одговара на џебот на граѓаните. И види чудо, навистина им “помогнаа“ на граѓаните. Набрзина им ги олеснија џебовите оти парите им тежеле и им ги кинеле џебовите.

Но и тоа им беше малку па повторно решија да тргуваат со националните интереси. Дозволија парите на штедачите да се префрлат во странство во соседните пирамидални штедилници. Потоа го пуштија октоподот за да им брцне со своите пипци уште подлабоко во џебовите на штедачите. А тоа што потоа некој од нив се самоубил, никому ништо. Тоа за нив беше само колатерална штета.

Некој сакаше народот да го обезличи, да го направи тесто кое лесно се обликува. Меѓутоа, народот повеќе не им веруваше, не ги сакаше во власта. Сето тоа беше нешто ново, беше застрашувачко за елитата на СДСМ. Почнаа да се прашуваат како ќе живеат ако им секне изворот на моќта, изворот на пари и на крај што ќе им е држава ако ја немаат власта. Следен чекор беше Македонија да остане без одбрана и без мир, а повторно предмет на трговија беше државата на македонскиот народ. Од оаза на мирот, по Големото уво, дел од земјата во 2001 година стана полигон на вооружени активности кои требаше СДСМ и партнерите да ги врати на власт како спасители.

Да, СДСМ 2002 г. се врати во власта. Прво за време на конфликтот во техичката влада, кога ја попречуваа секоја одбрана на земјата, а потоа откако ветија на 15 септември ќе има од секое семејство по еден вработен, владееа од 2002 до 2006 година. Повторно излажаа, ниту вработија, ниту потече мед и млеко. Но, затоа ја платија цената на договорот. Изменет устав, Рамковен договор, нова територијална поделба (2004), услови за федерализација на земјата и за нејзина поделба. Откако завршија со ова тргнаа да не внесат во Европа без идентитет, како да не сме Македонци. Вакви раководства некој ги нарекува отпадници, а други Квислинзи, луѓе кои си ја продаваат земјата за пари за туѓи интереси.

Народот чувствува кога раководството не го сака, кога тоа гледа од висина и со омраза кон сопствената раја и кога некој сака да му го уништи достоинството. Во 2006 година им рече НЕ на СДСМ. Новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ мораше долго да работи да го поправи она што СДСМ претходно го уништи. Народот целосно му даде доверба на оваа гарнитура на чело со Никола Груевски за да го врати дигнитетот на македонскиот народ. За девет години се направи многу. Влегоа бројни инвестиции, се градат патишта, болници, народот почна да се вработува итн.

Но, таа доверба на народот кон ВМРО-ДПМНЕ му влеа страв на раководството на СДСМ кој беше предолго време во опозиција. Парите се трошеа, а тие никако не можеа да се доберат до власта за да го завршат она што беше во минатото предмет на трговија и за што беа очигледно добро платени. Тие мораа да го обезличат народот, да го изгуби идентитетот и државата. Така бараат тие што плаќаат.

Но, ни по девет години во опозиција СДСМ не ја научија лекцијата како се доаѓа на демократски начин на власт, дека без програма, без визија и со голи фрази нема успех. Дека со туѓи агенди нема успех. Оттука, по сите неуспешни походи кон врвот на власта тие се вратија кон старата испробана пракса исполнета со негативна кампања. Нивното мото повторно стана како и во минатото - „Што ќе ми држава ако не сум на власт“!

Затоа неодамна раководството на СДСМ започна да објавува аудио снимки од разговори на личности од актуелната власт кои треба да ја дестабилизираат државата и да предизвикаат пад на ВМРО-ДПМНЕ. Но, наместо тие да бидат вистинска бомба како што најави лидерот на СДСМ Зоран Заев, тие повеќе личат на шпанска серија чија содржина брзо се заборава. Всушност, таа е веќе видена серија од 2000/2001 година.

Меѓутоа, појавата на неколку видео снимки од Љубе Бошковски (еден од главните актери во 2001 г. за што лежеше и во Хаг) на интернет каналот „YouTube“, каде се гледа дека се работи за земање големи пари за нелегално финансирање на кампања за избори во 2011 година, претставуваат вистинска бомба. Во нив, тој со соговорникот кој говори со грчки нагласок му потврдува дека за возврат за парите кои ги добива е подготвен на промена на името на државата.

Сето ова наведува дека јужниот сосед превзема широка лепеза на активности, вклучувајќи и парични средства со кои ги подмитуваат раководните лица од опозицијата, како и албанскиот фактор, се` со цел преку нив да делуваат за промена на името, чија пак крајна цел е исчезнување на македонската држава и народ. Самиот факт дека високи личности на безбедносните служни во земјата се преслушувани опоменува, а последователно може да има голема штета по Македонија.

Но, токму заради тоа македонскиот народ треба да ги збие своите редови, да му даде поддршка на актуелната власт и преку институциите на системот да одговори на соодветен начин.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.