Среда, 18 Март 2015   
Бугарската Комунистичка партија и македонското прашање

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Периодот од 1920 па се` до 1941 во Македонија и општо на Балканот ќе биде обележан со масовното прифаќање на социјалистичката идеја и се` поголем и поголем пристап на Македонците во комунистичките партии на земјите кои присвоиле македонска територија по Букурешкиот договор од 1913 година.

Бугарската комунистичка партија била една од комунистичките партии во кои македонското население масовно се вклучувало. Имено и самите почетоци на комунистичките идеи се тесно поврзани со македонските социјалисти кои се вбројуваат во генерација на првите социјалисти на Балканот меѓу кои Васил Главинов од Штип, и Димитар Благоев Дедото од костурското село Загоричани, според кој е именуван и градот Благоевград по наредба на Георги Димитров.

Причината за масовната партиципација на македонското население во БКП лежи во самите идеи темелници на социјализмот, а тоа се: правото на секој народ на самопределување, борбата за слобода и економска моќ на секој еден народ на земјата, борбата за еден подобар свет во кој што ќе нема угнетувачи и ќе нема угнетени.

БКП била единствениот политички моќен фактор кој во Бугарија ја признавал македонската националност и одговорно тврдел дека Пиринска Македонија е неправедно присвоена од страна на Бугарија во Букурешт 1913 година, поради големодржавничките и експанзионистички интереси на бугарскиот кралски двор и на бугарската влада.

Македонците во Пиринска Македонија во периодот помеѓу двете светски војни се наоѓал во една тешка и незавидна позиција. Економски биле измачувани, биле асимилирани и подложувани на драконски казни доколку се декларирале како Македонци.

Голем дел Македонци биле и вклучени во различните фракции на македонското револуционерно движење, кое со исклучок на неколку фракции бил под делумно, а во некои случаи и целосна контрола на бугарскиот двор било на финансиски или на политичко управен план.

Димитар Благоев во неговото обраќање во парламентот на Бугарија во 1917 година ги посочува и ставовите на македонското население и ставовите на бугарскиот двор и влада.

  • Тој одговарајќи на пратеничките прашања ќе каже: Која историја? Таа ли, која вие ја фалсификувате? Таква историја ние не признаваме, бидејќи целите на војната не се за никакво „обединување на бугарското племе“, туку за бугарска хегемонија на Балканот, поточно да се завладеат местата што и` се неопходни на бугарската буржоазија за да може да излезе на големите водни патишта и на Егејско Море“.
  • „Јас сум родом од Загоричане, меѓутоа јас не сум Бугарин, јас сум Македонец, Македонски Славјанин! ...И како таков, ако сакате да знаете, јас сум за Македонија како словенска земја, која ќе има сопствена управа“.
  • „Ако сте вие убедени дека во Добруџа живеат Бугари, дека во Моравско, дека во Македонија живеат Бугари, дека во Сер, Драма и Кавала се Бугари, зошто тогаш се плашите од формулата на рускиот цар, „мир без анексии, без обештетување и со право на народите на самоопределување“. Ако сте убедени дека некаде има Бугари, нека се спроведе референдум и да видиме што ќе кажат“.
  • “Зошто кревате врева? Значи несигурни сте, значи има нешто што ве тревожи, има некои области завладеани од вас, кои ако се подложат на референдум ќе ви се измолкнат од рацете“.

Овој говор бил инспирација за многу други македонските дејци јавно да го искажат своето потекло па и по победата на комунизмот кога во комунистичка Бугарија во 1946 година ќе се спроведе попис на населението и на тој попис 70% од населението во Пиринска Македонија ќе се изјасни како македонско.

Во БКП Македонците го пронашле она што со векови го барале: признавање на националните права, признавање на културната автономија, основните работи кои што секој човек треба да ги ужива, но за жал по смртта на Георги Димитров инаку по потекло Македонец, Македонците од Пиринска Македонија повторно ќе ги изгубат своите права и се` до ден денес нивната борба продолжува.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.