Среда, 18 Март 2015   
Македонија, некогашниот господар на светот, сега чека пред портите на НАТО

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Македонците пред повеќе од 2300 години, под водство на Александар III Македонски го освојуваат светот. Под водството на еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото, тие ја покоруваат моќната Персиска империја и ги прошируваат своите граници дури до Авганистан и Индија. Александар воден од идејата да создаде „светска држава“ ги интегрирал освоените земји, притоа почитувјќи ги народите и нивните традиции, обичаи и култури.

Ако се навратиме во историјата ќе видиме дека неговата кампања започнува во пролетта 334 година пред нашата ера, од градот Амфаксит. Тука било собирно место на македонската војска со трупите од другите Балкански земји. Во составот на оваа воена алијанса предводена од Македонија, Александар располагал со 12.000 македонска пешадија, 1.000 агријански стрелци, 7.000 илирска, трибалска и одриска пешадија, 1800 тесалиска коњица, 1.800 „пријателска коњица“ и 900 лесна коњица, меѓу кои биле Пеонските и Тракиските извидувачи. Сојузните Македонско балкански трупи во устието на Струма во Егејското Море се сретнале со македонско-атинска флота. На ова место се приклучиле и трупите од атинскиот свет: 7.000 сојузничка пешадија, 5.000 пешадија  платеници и 600 атински коњаници. Во составот на вака организираната армија постоеле опсадни и инжинериски единици, санитет и логистика за снабдување на армијата. Флотата броела преку 180 бродови. Вкупно се проценува дека Александар на почетокот на воената кампања располагал со 90.000 луѓе. Предводени од Александар, Македонците со сојузните

балкански држави речиси го освоиле целиот тогашен познат свет, стигнувајќи дури на бреговите на Индискиот океан.  

По повеќе од два милениуми, по осамостојувањето на Македонија, македонската армија повторно излезе од своите граници. Сега како придружна членка на НАТО, таа учествуваше и учествува во повеќе мировни мисии, како што се „ИСАФ“ (2002), „Слобода за Ирак“(2003), „Подршка за КФОР“(2005), АЛТЕА“(2006), со што македонските  војници даваат несомнен придонес кон светскиот мир и стабилност. Во рамките на новата мисија на НАТО алијансата „Одлучна поддршка“, македонските војници денес се во Авганистан. Тие, како и нивните претходници професионално ги извршуваат сите обврски и почитувани се не само од нивните колеги, туку и од локалното население, меѓу кое се` уште живееат легендите за Александар и неговите Македонци.  

Македонската армија досега има добиено највисоки оценки за своето учество во меѓународните мировни мисии. Македонските војници и старешини, рамо до рамо со војниците на САД и други коалициони партнери, во текот на овие мисии покажаа висок професионализам, висок степен на обученост и спремност во извршување на задачите, што им овозможи да се справат со разните предизвици, закани и опасности. Македонските војници со својата посветеност, храброст, одговорност и патриотизам, достоинствено и во најубаво светло ја претставија својата таковина и беа вистински амбасадори на Република Македонија. За својата посветеност, храброст и успешно спроведени мисии, македонските војници добија бројни пофалници и медали.

Македонските војници во рамките на мировната мисија АЛТЕА, ги дадоа и првите жртви.  На 12 јануари 2008 година, во хеликоптерска несреќа кај катлановско Блаце, животот го загубија 11 припадници на АРМ, на самото враќање од успешно спроведената мисија во Босна и Херцеговина.

За разлика од Македонија која со своите воени потенцијали даде голем допринос во обезбедувањето на мирот и стабилноста во светот, Грчкото учество не е само минорно, туку се` повеќе станува фактор на нестабилност во Балканскиот регион и Европа. Спорот кој Грција го наметнува околу името и нејзиното попречување на Македонија да стане рамноправен член во НАТО и ЕУ па дури и под привремената референца ПЈРМ, може многу лесно да го загрози мирот на Балканот. Политиката која Атина ја води спрема Македонија, како и самата економска криза во Грција, дополнително го зголемуваат ризикот по регионалната и европската безбедност.

Денес кога заради спротивставувањето на Грција, Македонија е се` уште пред портите на НАТО, се прашуваме дали НАТО алијансата го заборави придонесот што Македонија го даде и го дава во мировните мисии. Само за потсетување, за време на кампањата на Алијансата на Косово во 1999 година, Македонија не само што го отвори воздушниот простор за НАТО авионите, таа ги отвори границите и прими преку 390.000 лица од кои згрижи на нејзина територија повеќе од 360.000 бегалци. Македонија беше таа која ги отстапи касарните и ги отвори патиштата за транспортите на НАТО трупите и на крај овие трупи влегоа на Косово преку македонско-косовската граница кај Блаце.

Македонија и покрај сите признанија дека е подготвена да стане членка на НАТО, постојано го добива истиот одговор од претставниците на алијансата кои велат дека нема прием дури и под привремента референца, се` додека не го решиме спорот околу името со Грција. Затоа се прашуваме дали сето ова има смисла по се` што Македонија направи. Која е гаранцијата дека утре Грција нема да побара покрај името да ја смениме верата или да исполниме уште некое нелогично барање. Тоа никој не може да го очекува од никого, а не посебно од поранешниот „господар на светот“.

Без разлика дали Македонија ќе биде примена во ЕУ и НАТО, македонскиот народ доброволно нема да го промени своето име, освен ако со сила не биде натеран на тоа. Познато е дека во минатото многумина освојувачи се обиделе да ги асимилираат Македонците и да го избришат нивното име. Но сите тие биле минливи, додека  македонскиот народ опстанал, а во колективната меморија останале спомените за сопственото славно македонско име. Колку и да било името потиснувано, македонскиот народ повторно го воскреснувал, а името на Александар Македонски било ѕвездата која го водела македонскиот народ по патот на слободата. Не случајно неговото име се сретнува во документите на низа македонски дејци.  

Некогашниот господар на светот никогаш не бил измеќар, колку и да изгледало така кога други управувале со земјата, ниту пак ќе биде дури и да го присилат.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.