Среда, 18 Март 2015   
Нафтената геополитика требаше во Македонија да предизвика Обоена револуција

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

На веб страната на „Global Research“, на 15 март 2015 година, беше објавен текст под наслов „Јужен тек  е заменет со гасоводот Балкански тек“, во кој авторот Андреј Корибко укажува дека обидот на лидерот на СДСМ Зоран Заев да предизвика Обоена револуција во земјата бил инициран од геополитичките игри на САД кои сакаат да ја спречат изградбата на Балканскиот гасоводот. Меѓудругото, авторот во текстот ќе го изнесе следното:

„Целата причина што е зачнат гасоводот „Балканска тек“, на прво место е бидејќи неговиот претходник, „Јужен тек“ беше откажан во декември минатата година. Русија ја донесе оваа одлука откако Бугарија (под влијание на ЕУ која дејствува во име на САД), поради мноштвото политички и правни игри кои се играа, направија да биде невозможно да се изгради гасовод „Јужен тек“ низ нејзината територија.

Русија брзо реагираше и во исто време кога го откажа Јужен тек, го објави "Турскиот тек“. Овој гасовод ќе патуваат под Црното Море како „Јужен тек“, но, ќе дојде на територијата на Турција, а не во Бугарија. Од таму, како што вели руската влада, европските нации ќе можат да купат гас, од терминал на грчко-турската граница....

Путин официјално предложи за време на неговата годишна прес-конференција дека грчко-македонското "скршнување" може да претставува решение за прекинатиот „Јужен тек“, под услов да се појави интерес за неговиот предлог. Ова можеше да се слушне од унгарскиот министер за надворешни работи во средината на јануари, кога тој рече дека неговата земја ќе го поддржи проектот. Толкувајќи го ова како зелено светло да се движи напред, Путин разговараше на оваа тема со Виктор Орбан за време на посетата на Будимпешта минатиот месец. Оваа недела беше монументална во однос на напредокот на проектот, бидејќи Строитрансгас, една од компаниите кои се вклучени во оригиналниот „Јужен тек“, објави.. дека ќе се гради гасовод низ Македонија... Истиот ден, унгарскиот претседател, за време на неговата четиридневна посета на Турција, разговараше со Ердоган во врска со планот за финансирање на проектот, и еден ден потоа, македонскиот министер за надворешни работи беше во официјална посета на Турција... Преку серија на овие дипломатски чекори, „Балкан тек“ направи скок од хартија во пракса.

Според авторот на текстот одјавен во „Global Research“, токму патот на гасоводот низ Македонија, беше причина Зоран Заев, лидерот на СДСМ да влезе во игра и да предизвика дестабилизација на земјата што би довела до промена на актуелната влада.

Тргнувајќи од овие геополитички интереси за контролата на снавдувањето со гас на Европа, авторот ќе напише:  

„ ...Свесен дека тоа е клучно грло преку кое „Балкански тек“ мора да помине, Вашингтон сака да организира државен удар во земјата, со цел да се инсталира нов лидер кој ќе го отфрли проектот и ќе стави крај на плановите на регионот за сигурен транзит на енергијата. Никола Груевски, премиерот на Македонија, претходно ги напушти редовите со своите партнери во ЕУ одбивајќи да се санкционира Русија...

Во последните неколку изминати години, постоеше договор за услугите на поранешниот шеф на разузнавањето Зоран Верушевски со цел илегално да се прислушуваат повеќе од 20.000 луѓе во малата земја од 2 милиони, вклучувајќи политичари, новинари и обични граѓани. Кога стана јасно на крајот на минатото лето дека „Јужниот тек“ ќе биде спречен во Бугарија и новиот пат, најверојатно, ќе мора да се насочи (спред диктатот на географијата, очигледно ќе мора да оди преку Македонија), ги активираше своите разузнавачки ќелии со цел да се спречат овие планови, само во случај ако тие почнат да се спроведуваат во иднина.

На Зоран Заев, лидерот на опозицијата му беа дадени копии од овие илегални ленти, со цел да се уценува владата, а кој тој го направил од септември до ноември. Кога Груевски одби да биде уценет, Заев се закани дека ќе оди во јавноста со прислушувани разговори и ја обвини владата за работа со тие системи, наведувајќи дека тие, исто така се содржани со срамни политички информации и ќе доведат до Обоена револуција. На крајот на јануари, македонските безбедносни служби, конечно го уапсија Верушевски и неколку други заговорници за заговор за државен удар, а на Заев му беше одземен пасошот за да го спречат да избега додека трае истрагата. Синот на Верушевски дури и се обиде да го уништи компјутерот на неговиот татко, пред полицијата да го запре. Сепак властите беа во можност да пристапат до хард дискот и да ги откријат Скајп разговорите на Верушевски и уште еден таен план во кој се говори за отпочнување на граѓанска војна во земјата, како резултат на уцена со "откровенијата“.

Додека Заев минатиот месец се обидуваше да создаде вистинска Обоена револуција, преку поттикнување на луѓето да се собираат на улиците во знак на протест против владата, тој не успеа да добие значителен број следбеници, што покажа дека повеќето Македонци во сето тоа го гледаа истиот трик за она што се случи во Украина - стилизиран мек обид за државен удар.

Преземање на понатамошните чекори, покажаа дека двете албански партии во земјата.. гласно се дистанцираа од Заев, а со тоа ги намалија шансите за враќање на меѓуетничкото насилство во 2001 година... што ја заговораа претходно споменатите.

Русија очигледно чувствува дека со комбинираните активности на Владата, албанската лојалност и поддршката од народот конечно се стабилизира ситуацијата, бидејќи не би продолжиле напред со изградба на гасоводот низ Македонија доколку таа мислеше дека тој би можел да биде изложен на обид на Обоена револуција. Според тоа, може да се толкува ова како признавање на Москва дека заговорот на Вашингтон на крајот не успеа.“ – пишува Андреј Корибко за „Global Research“.

Авторот уште ќе додаде дека „И покрај очигледниот неуспех на дестабилизација, Заев е сериозна закана дека и понатаму може да го загрози опстанокот на „Балканскиот тек“.

За изградбата на овој гасовод Унгарија и Србија исто така мора да се справат со подложноста на обиди за слична Обоена револуција (или повторното јавување на нестабилноста во Македонија), како и на кревкоста на грчката влада. Ако овие проблеми се надминат, што е сосема изводливо, тогаш „Балканскиот тек“ има потенцијал за збогатување на регионот и да се обезбеди стабилен транзит на енергијата на Европа во децениите што доаѓаат.“

Во контекст на овој текст, како потврда, треба да се потсетиме и на изјавата на американскиот помошник државен секретар задолжен за односи со јавноста, Даглас Френц, кој важи за „десна рака“ на американскиот државен секретар Џон Кери, кој посочи дека „очите на САД се фокусирани кон Балканот“ и дека „Американците се секогаш тука за да помогнат“. Исто така посочил дека настаните во Украина треба да ги загрижуваат и земјите од Балканот, додавајќи дека тие може да сметаат на помошта од САД на секаков можен начин. Ваквиот став на американскиот помошник-државен секретар доаѓа по неодамнешната официјална изјава на Кери дека Македонија, Србија, Косово, Црна Гора  и другите земји од Балканот „се на линијата на огнот меѓу САД и Руската Федерација“.

Но, со оглед дека САД е стратешки партнер на Македонија, ваквите ставови само укажуваат дека обидите на Заев со т.н. „бомби“ да ја дестабилизираат Македонија мораат да имаат покрај политичка и судска транспаретна разрешница.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.