Среда, 01 Април 2015   
Што толку лошо им направи државата Македонија на овие со тапија докажани изроди?

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Рани куче да те лае.

Што е дефиниција или причина за пуч? Кога група Македонци, џаболебари и страдни за богатство, раскош и блуд... прифаќаат да се стават на услуга на душмани по цена и на сопствена несреќа и несреќата на идните свои поколенија.

Заев е само прв кадар - стоти пат за последниве сто и кусур години, кој со цвеќиња во раце спектакуларно ги пречекуваа окупаторите на Македонија како свои спасители.

Рани куче да те лае.

Но прашањето кое се наметнува е, што толку лошо им направи државата Македонија на овие со тапија докажани изроди? Им должи ли нешто? Се` додека се манифестира добриот и питом карактер на Македонците, со традиционалното она наше дека сме со крстот на чело и како прави Христијани да им простуваме, оти нели, наши се... Се` дотогаш оваа багра криминалци желни за власт со подршка од странски центри ќе не` малтретираат сите нас и ќе го кочат напредокот и развојот на Македонија во секое поле и поглед. 

На социјалните мрежи им поставувам јавно прашање на сите СДСМ-овци кој е Македонец, колку ја сакате Македонија и каква бенефиција има Македонија од нивната Партија ?

Кој да ми верува дека ни еден од нив не сака да каже дека е Македонец или бар малку некој да ја сака Македонија.

А сакаат да управуваат во Македонија, да ја водат, да ја газат, да ја продаваат... што би рекол почитуваниот Амди - мамето да и` го расплакаат на Македонија. Дури сакаат и живот добар и голем стандард како во Австралија (што е добро и јас истото сто пати повеќе го посакувам) ама со СДСМ на чело (за што и јас не се противам, ама со нови, чесни и млади луѓе со идеи, визии и програми) - но немаат идеја и се прават како од Марс паднати. Одговорот им е една иста реторика како папагали дека оваа Влада е фашистичка?!?!? Мијалков и Груевски наводно краделе милиони евра, а никаде докази, а воедно ни еден збор за криминалите на СДСМ и Заев, како да не постои ниту ќе постои такво нешто. 

Едно појаснување: Јас сум роден Скопјанец од Карпош 1, каде комшија баш на едем метар од зградата моја ми беше Бранко Црвенковски. Јас сум 59 генерација, а тој 64. Значи 5 години помлад од мене. Паметам кога растеше, поминуваше за школо покрај нас со неколку чворги за да се знае кој е главен во маалото.... па се чудам до денес како тоа просто и неинтелегентно дете дојде да ја унакази Македонија во тие главни и важни моменти на Македонија? Трагедијата е уште поголема што Бране за оној корнишонот струмички е интелегенција и мозок од друга планета, па замислете до кое дереџе дојдовме со овие Мохиканци да ни ја кројат судбината и да не` продаваат како стока на пазар за дај што ќе дадеш. 

Да се разбереме: Овој пуч како и сите пучови од минатото, помали или поголеми, сме ги издржале и ќе ги издржиме. Затоа сме Македонци непокорни и вечни како такви ќе останеме. Господ е со Нас. Но едно ме иритира, зошто да бидеме добри со вакви изроди и измамници, зошто да не скапуваат во затвори, а скапувале добри и чесни Македонци (Драган Богдановски, Ченто,...) само затоа што си ја сакале Македонија и се изјаснувале како Македонци!

НАЈСТРОГ ЗАТВОР И НИКАКВА МИЛОСТ, те бил Заев или Свети Заев. Не смее да има ни една политичка партија или лидер во Македонија, без да се изјасни и заколне дека нема да ја издаде Македонија, дека ќе служи верно и ако фали и украде некој од државата да сноси голема одговорност. За политички партии од други етноси, да важат меѓународни правила од Русија и Кина, никако од Америка и ЕУ - доволно беше и никогаш да не се повтори. 

Можеме да констатираме само дека со овој пуч - Заев стави клуч на СДСМ.

Оваа Партија нема никогаш да се консолидира и застане на свои нозе. Нивната десперација за власт е преголема и тоа е тоа што ќе ги закопа, заедно со предавничкиот нивни карактер каде името на земјата која сакаат да ја водат и продадат, нејќат дури ни името да и` го спомнат.

Затоа ги нема никаде на успесите на ракометарите, кошаркарите и секој еден што ќе постигне успех што ја величи Македонија. Милионите на Сорос се храна и пасош за пеколот. На здравје нека им се!!!

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.