Среда, 08 Април 2015   
Македонските случувања денес - треба или не треба да извлечеме поука од историјата

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Денес Македонија се наоѓа во една сегментирана положба, народот под притисок на опшествените случувања е притиснат да избере некоја страна за пред се` самиот да се спаси, но тој исто така мисли и на својата татковина, размислува за нејзината иднина и во тој контекст ја донесува одлуката за своето понатамошно делување.

Македонија е суверена и независна држава од 8 септември 1991 година, но тоа не значи дека таа никна од нигде никаде, формално-правно македонската држава постои од 2 август 1944 година и таа од тогаш до денес континуирано постои. Дури и кога македонскиот народ немал своја држава и кога со него владееле други нации тој својот идентитет не го изгубил, иако многумина одродници од својот род на тој идеал му служеле.

За одродниците идеологот Гоце Делчев ќе каже: „Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа...“

Политичките случувања кои овие неколку месеци го ставаат македонскиот народ повторно пред тест на неговиот интелект, храброст и мудрост.

Македонската држава и нејзините институции имаат одредени недостатоци, но тоа не значи дека истите не се компетенти за да ги разрешат внатреполитичките случувања, да не се заборави дека само кога сами ќе си го решиме својот проблем тој навистина ќе биде решен за доброто на самите нас, а доколку други ни го решаваат логично е тој да биде решен во интерес на оние што го решаваат.

Опшеството во кое живееме има недостатоци и одредени проблеми, но тие проблеми не се проблеми кои се решаваат со туѓа арбитража, внатредржавните проблеми се решаваат во македонските институции, во нашата земја и секогаш треба да тежнееме да ги решаваме практично, а не филозофско идеалистички.

Во суштината на живиот човек е да твори, да се бори за подобро и да се стреми кон совршенство. За овој аспект на секојдневието Јане Сандански ќе каже: „Да живееш значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот - за совршенство“.

Сепак не треба да дозволиме другите да ни го условуваат и насочуваат патот на подобровањето доколку тоа ни штети на нас, тоа треба да биде резултат на самосвеста на секој еден граѓанин на оваа држава, на секој еден свесен човек кој сака подобра иднина за својот народ и потомство. Во овој контекст можеме да ја вметнеме и мислата на Јане Сандански искажана при една негова агитација. Тој вели: „Да, Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во самата себе. Нејзината слобода не ќе биде подарок, туку крвав откуп, платен со илјадници жртви, какви што ние дадовме и продолжуваме да даваме“.

Татковината пред се` се греди со реце на своите граѓани и не треба пред секој проблем да се раздвојуваме и сегментирани, заедно сме посилни, а и повеќе умови мислат подобро од еден.

Имаме долг кон оние кои ја пролеале својата крв за добробитот на оваа земја истата да ја зачуваме за нашите деца и внуци и да им ја оставиме во што подобра состојба.

Имаме богата историја, што значи огромно искуство и богата база на испробани и практицирани знаења и убедувања. Да ја искористиме таа база, да ја искористиме за добробитот на нашата земја, кога ќе настапи проблем заедно практично и помеѓу себе со консензус да ја разрешиме.

Силата и разумот ние ги имаме, потребна ни е само малку поголема волја и храброст и работите секогаш ќе течат онака како што треба во полза на сите нас.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.