Среда, 08 Април 2015   
Последен АПЕЛ до СДСМ

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Најпосле дојде денот кога можам "господа" или "другари" да ви ја треснам вистината во лице. 

Последниве 9 години на Интернет се расправам со вас и не гледате како сте го изгубиле компасот и достоинството. Ми велевте - лесно ти е тебе од Австралија да збориш, платите ваши се големи и кукате до денес за животниот стандард дека ви е мизерен итн. ЕУ и Америка не ги кривите, ама затоа ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мијалков ги зацрнувате до несвест. Дури се измисли и најнова професија во човештвото - ПЛУКАЧ. Чичко ви Сорос како плукачи ве плаќа што повеќе да плукате по Македонија, што еден дежурен плукач, ѓоамити некој новинар, се фали дека ќе плука со цела плуќа додека го држи земјата. Значи, оваа велетројка - ЕУ, Америка и Сорос кои ветуваа мед и млеко на Бугарите и Романците, запустеа се`, Македонија жедна преку вода 23 години ја носат во Европа и НАТО... И види мајката, нема ништо освен стандардот на животот во Македонија е сведен на исто ниво, со цел да речете: Батали името, дај некоја пара. 

СЕГА, КОГА ИМАТЕ НАЈУБАВА МОЖНОСТ ЕКОНОМСКИ ПОЛЕКА ДА ЗАКРЕПНУВАТЕ И ДА ДОЈДЕТЕ НА ДОСТОЈНО ЕКОНОМСКО НИВО, БЛАГОДАРЕНИЕ НА РУСКИОТ ГАСОВОД... Овие аждаи што тотално цицаат крв од цела планета последниве сто до двеста години, едноставно преку Заев, Шеќеринска и компанија ве тера да бидете дел од братоубиствено сценарио, преку докажани монтажи за деца. Тие ќе кркнат милиони евра и некои поблиски до стотици илјади, како и петоосомничениот. Вие највероватно ќе добиете малку повеќе од сега, само за краток период, но доживотно ќе мизерувате како просјаци. Затоа што чичко Сем и чичко Сорос ќе ве исцедат 20 пати повеќе со преголема камата, за сите пари што ги вложувале. Со еден збор, ќе имате убав живот како во моментов во Ирак, Сирија, Авганистан. Тие така им веруваа и си добија. Дали сакате и вие? За ваша информација, Јенките се исфрлени од Австралија одамна и економски сме поврзани со Кина. Тоа е причината што Австралија нема осетено рецесија. Дали сега ја разбирате заврзламата на Заев во врска со Кина? САКАТЕ ДОБАР СТАНДАРД НА ЖИВЕЕЊЕ, НО БЕЗ КИНА? БЕЗ РУСКИОТ ГАСОВОД, КОЈ Е РАМЕН НА ЛОТАРИЈА СО ПРВА НАГРАДА ЗА СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ? Ваш избор, после немој повторно да ми кукате на интернет. 

Ова е последен апел до СДСМ и платените плукачи. Ако (не дај Боже) дојдете на власт, ќе мора да гласате против гасоводот Руски, против Кинеската економија и сонот на македонските идни генерации ќе го уништите, доколку ви е тоа цел. Но како помалубројни, секагаш ќе паѓате на избори и нема да има леб за вас. Секогаш ќе останете жигосани како изроди, народски кажано проклети комуњари и ќе пропаднете и така и вака, освен што неколку членови од СДСМ ќе се збогатат. Но, затоа има Господ па зема се`, исто како што дава и ве гледа на искушение. 

ЗАПОМНЕТЕ СДСМ - Последен апел до вас и изборот ќе го направите вие. Етничките судири што ги планира Заев е последната негова карта, заедно со муџахедините. Ако сте жедни за власт, ѓаволот е жеден за крв. Љубчо, бери памет и ти. Последна шанса и за тебе. Време е и ВМРО - НП, ако во деведесетите години се бореле за самостојна Македониоја, тогаш треба во овие тешки времиња да се борат заедно со ВМРО - ДПМНЕ. Време е сите на кои Македонија им е во срцата, да се обединат и борат за иднината на самостојна Македонија. Сето ова е адресирано и важи и за сите нормални и чесни членови и на СДСМ.

За крај, историјата помни како комунистите правеле диверзиички некои и како кукавици после се криеле по шумите. Македонците патриоти, се судрувале директно во борба и покажувале и ќе покажуваат голема храброст во сите битки и се докажани низ историјата... Затоа што не се плашат да умрат за Македонија, а вие се плашите да не ви пропаднат парите од Сорос и Јенките.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.