Среда, 08 Април 2015   
Заедно сме посилни

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Во процесот на глобализација колективната безбедност е нарушена. Нема никакви гаранции, ниту се почитува меѓународното право. Темните води на хаосот зафатија повеќе земји од Европа, Азија, Африка, а ветриштата на војната ја носат смрдеата од трулежот низ целиот свет. Изгледа како никој да не се обидува да биде спасител на светот, а речиси да нема држава која не се обидува да го избегне виорот на војната.

И додека елитите во светот кои се потпираат на волјата на својот народ се обидуваат да си го заштитат народот и државата, кај нас има елита која води политика за дестабилизација на земјата. Како инаку да се коментира однесувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговите т.н. бомби, како да се коментира статусот на претседателот на партијата Достоинство С. Ангелов во кој вели дека сака заедно со УЧК да оди против демократски избраната власт.

Зоран Заев и Стојанче Ангелов по се` изгледа не сфаќаат дека си играат со оган и дека е време да ги остават настрана своите играчки.

Сега е време за возрасни да донесуваат одлуки. Македонија може, но дали тоа го сака маѓународната заедница? Постои шанса ако ЕУ и НАТО го испочитуваат меѓународното право и меѓународните договори. Само ако ја испочитуваат одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Македонија ќе биде спастрена под нивниот безбедносен чадор.

Но, светот полн со противречности, а оставање на статус кво состојба, остава простор глабализацискиот хаос кој го зафати и соседството, заедно со внатрешните играчи, да го наруши суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Промените кои се за економско лидерство, вообичаено се пропратени ако не со глобална војна, со интензивни кофликти на локално ниво. Ако се има предвид дека светот поминува низ тешки времиња, треба да се знае дека безбедносните системи обично се ослабени, фрагментирани и деформирани и тогаш не постои гаранција дека тие се во состојба да заштитат од пресврти.

Во време на оваа историска пресвртница, кога светот се менува многу брзо и во него владеат нови правила или игра без правила, македонскиот народ мора да сфати дека може да опстане само ако се држи заедно, ако не си игра со оган. За жал, во време на драматични трансформации во светот, кога Македонија, како што велат се наоѓа на линија на огнот, раководството на СДСМ никако да разбере дека не смее да си игра со оган. Тие никако да сфатат дека не се избрани од Бога, елита која ќе владее со „рајата“ и која ќе биде лидерот кој ќе го контролира капиталот на надворешните глобални играчи.

Меѓутоа, обидот на СДСМ преку уцени да влезе во Владата, без да има изборен легитимитет, како и стравот од конфликти и губење на суверенитетот, името и идентитетот, кој ја носи ваквата нивна политика, го сплоти народот. Оттука, треба да бидеме искрени и да кажеме дека најголемиот дел од народот застана зад партијата ВМРО-ДПМНЕ како единствен чувар на овие македонски светињи. Тие застанаа зад програмата која има тренд на развој на земјата, онаков каков што го нуди и постави премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Во време кога глобализацијата предизвикува нацинална ерозија во соседството и ги открива вистинските корени на различните етнички групи, македонското малцинство во соседството почнува да се буди. Токму ова малцинство, иако не е признато во сите соседни земји, не само што ја зголемува бројноста на македонскиот народ, туку и се придружи кон чуварите на македонските светињи, што претставува најдобар одговор кон сите закани кон Македонија.


Досега и покрај сите обиди македонскиот етнички супстрат да се сведе на обична раја без име и идентитет, нарачателите немаат начин како него да го разделат или разложат. Многукратните обиди за негово асимилирање го имаат доведено до состојба на самоуништивање. Но во тој процес дојде само туѓите елементи во него да отпаднат. Оттука натаму, тој национален темел само се надополнува, а од неодамна и со колебливите елементи во земјата и од балканската македонска дијаспора.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со својата мисија и визија е на вистинскиот пат да ги спроведе вековните желби на македонскиот народ и да спаси од исчезнување кое го носи хаосот на глобализацијата. Тој ја црпи снагата од самиот народ и сите проекти со својот тим ги спроведува за самиот народ. Тоа е вистинскиот рецепт. Но, ќе биде уште посилен, ако на тој македонски пат еднаш за секогаш застане и членството на СДСМ, зошто заедно сме посилни.

Ќе дојдат времиња кога ќе настапи рамноправност меѓу сите народи, големи и мали. Дотогаш македонскиот народ мора да издржи, мора да го сочува своето име, јазик и идентитет.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.