Среда, 08 Април 2015   
СДСМ има стандарден манир преку злоупотреба на чувствата на Албанците и дестабилизација на земјата

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

По обидот да ги наруши односите со Кина и Израел, лидерот на СДСМ Зоран Заев со новата седумнаесета т.н. бомба која ја пласира во јавноста, а која се однесува на хашките случаи, го продолжува своето сценарио за дестабилизирање на земјата. Овој пат, тој уште еднаш заигра мизерно на картата да предизвика меѓуетнички и меѓуверски тензии меѓу Македонците и Албанците, со надеж дека тоа би довело до излегување на ДУИ од власта и формирање на преодна влада. 

Меѓутоа, како никој во СДСМ да не размислува што ќе се случи доколку поранешните команданти на УЧК кои сеуште сонуваат за окрупнување и обединување на албанскиот народ се оттргнат од контролата на нивниот лидер и побараат трета албанска држава. Кој тогаш ќе ја сноси одговорноста за последиците?

Историјатот на СДСМ покажува дека оваа партија има стандарден манир преку злоупотреба на чувствата на Албанците и дестабилизација на земјата да доаѓа на власт.

Во 1994 година им додели 150.000 илјади државјанства за да ја обезбеди нивната поддршка на претседателските избори. Но, кога во 1996 година во Собранието се расправаше во врска со тогашните 200.000 илјади потписи за предвремени избори, иницијативата за референдум од нив беше одбиена со образложение дека не може за секое прашање да се распишува плебисцит. Тогаш социјалдемократите арогантно му одговорија на народот дека „Некои прашања не заслужуваат одговор“ и аргументираа „што ако ВМРО собере 150.000 потписи за укинување на даноците или на основното образование на албански јазик“?

Истата оваа партија, чии челници беа длабоко инволвирани, само за да ја заташка аферата ТАТ и девалвацијата на денарот, на 9 јули 1997 година предизвика етнички конфликт во Гостивар и Тетово. Во 2001 година, преку слично сценарио на објавување на прислушувани разговори, познато како „Големото уво“, се обидоа повторно да дојдат на власт, што резултираше со меѓуетнички кофликт.

Набргу Албанците си ги наплатија своите услуги преку Охридскиот договор и Законот за територијална поделба од 2004. Во меѓувреме, во 2002 година, социјалдемократите го поддржаа и Законот за амнестија. Бидејќи предлог законот во 2003 година водеше кон албанизација на Струга и Кичево. Македонците очекуваа дека тогашниот мајстор на играта Бранко Црвенковски ќе ги спаси, но наместо тоа, тој им го придодаде и Скопје (во првата фаза не се предвидуваше двојазичност), а за награда имаше масовна поддршка што му ја дадоа Албанците на претседателските избори. Иронијата да биде поголема, тој ги обвини партиските пот-претседатели дека лошо ги воделе преговорите, а Македонците од Струга изедоа ќотек.

Социјалдемократите за преговорите со ДУИ тогаш постојано ја манипулираа јавноста преку своите медиуми. Повеќе од месец дена тие му сервираа на народот разни приказни како „Осломеј ќе се приклучи кон Кичево без Зајас, Струга ќе остане во старите граници, а кон Скопје ќе се додаде Сарај, но да се одземе Кале, со што ќе се продолжи по патот на евроатласките интеграции“!?

Преговорачите на СДСМ одеа со девизата: Ние ќе ги зафркнеме сите!

Но, наместо да ги зафркнат  сите, неспособните социјалдемократи, како во 2001 така и во 2004 година, создадоа состојба  во која малцинската ја победија мнозинската заедница. Струга, Кичево, Чаир и некои други општини станаа доминантно албански. Тогаш Ермира Мехмети ќе изјави дека токму СДСМ инсистирал на овој модел на територијална поделба во Западна Македонија, во кој единствената општина со македонско население е Јегуновце. Всушност, Струга е дадена курбан за Јегуновце, само за доброто на политичарите од 6 изборна единица.

Македонците уште еднаш беа изневерени од СДСМ, за што беа казнети во 2006 година и оттогаш не видоа бел ден. На наредните последователни локални, парламентарни и претседателски избори, народот гласаше за ВМРО-ДПМНЕ, како партија која се залагаше да ја сочува државата, името, идентитетот и јазикот.

Од тогаш па до днес ВМРО-ДПМНЕ вложи многу во безбедносите сили, го реформира судството со што го спречија криминалот, се зголеми контролата на границата, се намали шверцот, трговијата со дрога, трговијата на луѓе.

Но, како што изгледа, токму воспоставениот ред во државата и на нејзините граници му смета на аболираниот лидер на СДСМ, на неговите налогодавачи, па и на дел од етничките Албанци на кои поважен им е криминалот од државата... Оттука, за да може слободно да продолжат овие дејанија мора да се нарушат институциите кои се дел од безбедносниот систем во земјата, како и оние служби и држави кои им даваат поддршка.  

За да ја оствари својата цел лидерот на СДСМ не бира соработници без разлика дали се тие внатрешни или надворешни, дали тие имаат крминални, политички или други цели. Во својата заслепеност да се дојде до власта, тој дури не се стеснува да се врзе и со екстремните радикали, сметајќи дека еден ден ќе ги изигра сите!.

Но, ниту македонскиот, ниту албанскиот народ се наивни и заборавени. Тие не забораваат и не сакаат да живеат во земја во која владее беззаконие, каква што им ја нуди Заев. Во услови кога владата предводена од Никола Груевски отвара нови работни места и кои нудат подобра иднина, никој од нив нема да дозволи да биде вклучен во конфликт заради личните интереси на поединци од раководството на СДСМ.

Премиерот Никола Груевски неколку пати предупредува на тоа дека опозицијата ќе се обиде да направи меѓуетнички тензии и конфликт.

- Слушам во последно време се` почесто се зборува дека откако од опозицијата видоа дека ова што го прават не им проаѓа кај граѓаните, ќе пробаат да инсценираат и да искреираат случај кој ќе разгори меѓуетнички тензии. Мора сите да бидеме максимално присебни и да не дозволиме да го направат финалето за кое оваа нивна операција е измислена. Да не дозволиме да не закрват ниту по политички ниту по етнички линии – посочи премиерот Никола Груевски на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Ниту Македонците, ниту Албанците не сакаат украинско сценарио и дестабилизација на Македонија, каде на крај губитници ќе бидат сите и Македонци и Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Евреи...

Вакво сценарио посакува само Заев и неколку лигуши околу него, Сорос со неговата тајфа и неколку криминални групи од албанскиот блок, се разбира заради лични финансиски интереси. На ваквите лангачи деновите им се избројани и ќе бидат фрлени на буништето од историјата, каде впрочем и им е местото.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.