Среда, 15 Април 2015   
Еднаш кодош, засекогаш кодош.

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Еднаш кодош, засекогаш кодош. Така вели Македонскиот народ - најнапатениот народ од овие изроди. До кога така, зависи само од нас, не од нив. Денешните кодоши, за разлика од поранешните, ќе ги препознаете по изјавите дека оваа Влада (а и било која која освен нивната) е фашистичка, не носат знамиња на земјата која имаат намера да ја водат од тука до рајот и назад, името на "родната земја " не ја спомнуваат и го продаваат по комшилук и вредат за сто особи, бидејќи имаат толку лажни профили на интернет... Тоа се тие од Бране, Заев па се` до последниот анонимец со нивна книшка. 

Но, јас би се задржал на еден "наш и ваш" кодош, со намера да дојдеме до еден конструктивен заклучок. Тоа е Божин Павловски. 

Како дошол до титула Академик не е релевантно, затоа што за името Југославија пред Македонија во тоа време ако се заколнеше дека е императив и си спремен да ги убиеш и своите родители, автоматски можеше да добиеш титула космонаут, генералисимус, авионски пиротехничар и било што... само да пееш „од Вардара па до Триглава“. Кога виде Божин дека таа идила Југославија ќе се распадне, одма тргна да прошета неколку континенти и да врти петка - глава каде ќе остане, затоа што неговата Мисла каде тој беше чаушот, нели, не требаше да остане на Македонија. Вработените тогаш и до ден денес се прашуваат како останаа на улица и фирмата нагло почна демек да пропаѓа поради наводни загуби. Јас како и сите нормални луѓе, сме тргнале во неизвесност со куфер во раце или со ништо кога сме бегале од комунистите... Но Божин тргна за Америка, па не му се допадна, па најпосле дојде до Австралија и му се допадна. Реши да направи ново гнездо или база каде го остави едниот син да живее... и види мајката, ни Лото играл ни ракета измислил и... одеднаш куќа, бизнис новинарски си купи, а богами и да добиеш виза во тоа време за фамилијата, требаше да се плати и да прикажеш големи пари, затоа што Австралија не дава визи на кодоши и изроди без пари. 

Како и да е, во 1988 во Канбера се сретнав со Панко Стамковски, Македонец, патриот, легенда од Егејска Македонија. Јас свирев со оркестарот Китка и имавме хит во дијаспората - Александар Македонски, па како реномиран состав бевме поканети да свириме по повод Црковната делегација од МПЦ со тројца Владици, а со нив беше и новинарот, а воедно мој школски другар Марјан Велевски. Тогаш Панко ме запозна со Божин и рече овој е еден од нашите Македонци и голем патриот.

Го тргнав Панко на страна и му реков дали знае што збори и да се тргне од него, затоа што имав осет дека го шпионира и се гледаше тоа од авион. После неколку недели го праша Драган Богдановски што мисли за оваа ситуација. Драган му објасни дека ми верува мене, знаејќи што му направив на Грчкиот конзул во Малме, Шведска во 1984... Кога мораше  да ги слуша моите песни: „Абер ми дојде од Солуна града“, „Бегајте Грци не ве сакаме“, „Огин го гори Брезово“, а на Гркот му излегуваше чад од ушите. Како и да е, се докажа дека Божин го шпионираше Панко и во една прилика ме праша како тоа ги откривам кодошите. Му реков земи пример со Шишков, Богдановски... Мачени и тепани по затвори за Македонија, а овие со одела, вратовсрски и милиони долари од чековите на однапред пропаднати фирми, на сметка на Македонскиот народ одат по белиот свет и се декларираат како Македонци патриоти, а воедно продаваат  ветер во магла и се нудат кај душманите комшии да ја закопат Македонија. 

Значи доаѓаме до заклучок дека овие кодоши се големи профитери, без име и знаме на државата што сакаат да ја водат, водат сладок и живот на висока нога на сметка на народот, ве убедуваат дека оваа или онаа Влада е фашистичка, наводно сите крадат, а тие сиромашките за жалење се и треба бар на секој од нив да им обезбедиме по 10 милиони евра и власт до следните 525 години. 

Еднаш кодош, засекогаш кодош. Божин има лице одкога го лустрираа, дури уште да отвара уста и да тресе глупости против сегашната влада. Ако Божин имаше и малку доблест, немаше да дозволи преку својата новина во Мелбурн да прима 5.500 долари годишно од другата страна која се води како приватна компаниска црква и на тој начин да ја поткопува и уништува МПЦ, како и нивни платени огласи за плукање против МПЦ и Владиката, а воедно и да бара одговор од МПЦ под услов ако платат, за да на крај пак мафијашите да платат со последен одговор. Да не заборавиме, како Божин и син му дозволуваат еден неписмен продавач на пиперки со 7 завршено одделение, да стане Доктор на науки во Македонија, а да при тоа како новинари не откриваат и укажуваат на такви аномалии, штетни за Македонија? Одговорот е: Бог да ги бие кодошите. Еднаш кодош, засекогаш кодош.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.