Среда, 22 Април 2015   
Нападната караулата кај Гошинце, дали се повторува 2001 г. !?

grb-VEPМанедонска нација

По неуспешните обиди со т.н. бомби да се предизвика кај македонскиот народ и меѓународната заедница недоверба кон владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, со цел нејзина оставка и формирање на преодна влада, спрегата на странските налогодавачи и домашните извршители ја започнаа четвртата фаза на специјалната војна веднаш по јавно изразената поддршка од страна на поранешниот претседател и лидер на СДСМ Бранко Црвенковски. Смислениот обид за дестабилизација на земјата започна по слично сценарио како во 2001 година, што претставува акт на терористичко дејствие.

На 21 април 2015 година, како што соопштува МВР, поголема добро вооружена група од 40-тина лица во маскирни униформи на УЧК, ноќта во 2 часот и 30 минути ја нападнаа карулата Гошинце во близина на границата на Македонија со Косово при што биле заробени четворица полициски службеници. Тројца од нив ги врзале со лисици, започнале да ги тепаат, а еден од напаѓачите извадил мобилен и снимал. Групата меѓу себе говорела на албански јазик.

Првичните и непотврдени сознанија, како што пренесува порталот Република, велат дека е утврден идентитетотот на дел од членовите на групата, а како лидер е идентификуван командант Џеваир Адеми од Гњилане, Косово.

Инаку овој напад врз македонската караула Министерството за внатрешни работи го окрактеризира како терористички напад. Со ист став се и експертите кои велат дека овој акт ги има сите елементи на терористички напад, а целта е да се испрати порака на застрашување и побарување. Односно дека се присутни на теренот кој го сметаат за свој.

Во изјава за медиумите, претставник на опозицијата вели дека пред извесно време имал информации дека на криминална банда и` била дадена голема сума на пари за да извршат напад врз полициска станица, врз полициска патрола, а за кое ја обвини актуелната власт. Но, настаните укажуваат на дејност на странските налогодавачи кои ја користат опозицијата, пред се` ако се има предвид местото каде се одвива, времето кога е извршено, како и односот на опозициските медиуми по инцидентот кај караулата Гошинце.

Прво, иако оваа информација не беше сеуште официјално потврдена, опозиционите медиуми веднаш објавија организирани напади против власта, со однапред подготвени колумни, анализи и сл. за претпоставените случувања. Всушност, сето тоа говори за однапред подготвено сценарио за дестабилизација на Македонија. Координираноста на настаните, прислушкувањето и објавувањето во јавноста на нелегелно прислушкувани разговори, политички конфликти, меѓуетнички тензии и терористички активности (напад врз Владата, Гошинце), говори за повторување на истото ценарио со кое во 2001 година СДСМ ја турна Македонија во војна и ја уназади за повеќе години.

Второ, ова се случува во моментот кога премиерот Никола Груевски се наоѓаше во Брисел и беше еден од шесте премиери на балканските земји на конференција за интегрирањето на копнениот, речниот и воздушниот сообраќај на Балканот во заедничката европска мрежа, како и инвестициска соработка и поддршка на ЕУ за инфраструктурните конкретни проекти важни за регионот. Исто така, ако се има во предвид најавената гасификација кој треба да ги поврзе Македонија и Србија, очигледно е дека групата испрати соодветна порака за овој проект.

Трето, македонската влада која се залага да ги зголеми инвестициите во земјата нема ама баш никаков интерес за нарушување на безбедносната состојба, но затоа пак опозицијата е таа која има причина за вакви настани за потоа да може да ја обвинува власта и да бара нејзина оставка, што е конечно и нејзина цел што е најавена во јавноста. Токму опозицијата е таа која ја предизвика политичката криза во земјата и со своите т.н. бомби го наруши безбедносниот систем.

Сепак безбедносните органи внимателно ја следат ситуацијата и превземаат мерки за превенција на ваквите настани, меѓутоа мора да се имаат во предвид сите политички субјекти во државата без разлика на етничката припадност мора да го осудат и да се оградат од ваквиот чин и на тој начин да испратат јасна порака дека Македонија останува единствена по ова прашање.

По овој инцидент со свое соопштение излезе ВМРО-ДПМНЕ во кое најостро се осудува терористички настан во селото Гошинце и ги повикува институциите одлучно и решително да постапат за расчистување на овој случај, како и да ја обезбедат законитоста, сигурноста и стабилноста по сите основи. Истовремено партијата препорачува следното: „Граѓаните на Република Македонија треба да останат смирени и да не дозволат реализација на сценарија чија цел е дестабилизација на земјата и загрозување на редот и поредокот. Сите политички чинители, поединци и партии треба одговорно да се постават во овие моменти, да се воздржат од манипулации и да не подгреваат тензии кои се единствено во теснопартиски и лични интереси, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ“.

На настаните во Македонија не останаа рамнодушни во Брисел од каде Комесарот за проширување Јоханес Хан порача дека е потребна правна и политичка разрешница, како и враќање на опозицијата во Парламентот и кривична одговорност. Меѓутоа тоа изгледа не доаѓа до ушите на опозицијата, која со појавувањето на Бранко Црвенковски, осветољубиво сака по секоја цена да дојде на власт. Затоа македонските граѓани треба да се сплотат кон единствената платформа, а таа е Македонија и зачувување на нејзиниот интегритет и суверенитет, името и идентитетот кое единствена закрила ја има во ВМРО-ДПМНЕ.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.