Коментари

Се јави октоподниот губитник Црвенковски

rubinco

rubinco
Дипл. екк. Рубинчо Јованоски, Прилеп

На македонската политичка сцена, по пауза од точно две години, со писмо до јавноста и со целосна максимална поддршка на т.н. „Заеви бомби“, се огласи некогашниот прв човек на најголемата опозициона партија СДСМ и некогашен Претседател на Република Македонија Бранко Црвенсковски.

На прв момент како обичен граѓанин на Република Македонија се израдував дека конечно време беше да се јави мецената Б.Ц. и да стави крај на деструктивната политика, која ја води неговиот пулен и голем аболициран должник Зоран Заев. За голем должник мислам на фактот што Зоки Заев, алијас Бошко Буха, во не така далечната 2008 година, за финансиската афера „Глобал“ беше осуден на казна затвор. Но, тогашниот Претседател на Република Македонија Бранко Црвенсковски, го искористи своето законско право и го аболицира Зоран Заев.

Но, за жал, Црвенковски во своето писмо му се восхитува на кукавичката политика и храброста на Зоки, каде што истиот со помош на странски разузнавачки служби, ширум нашата земја објавува монтирани телефонски разговори за високи политички функционери од извршната и локалната власт.

Но, иронијата да биде уште поголема, Црвенковски го објавува писмото до јавноста точно на одбележувањето на полнолетството, поточно 18 години од пропаѓањето на пирамадалната штедилница ТАТ од Битола. Само да Ве потсетам Господине Црвенковски, Вие во тоа време бевте Премиер на Република Македонија и пред цела македонска јавност ветивте дека октоподот ќе биде уништен и парите вратени на штедачите.

Но за жал, господине „ораторе“ Вие пред целата македонска јавност испаднавте голем лажго и не го вративте она што ветивте на измамените штедачи, а тоа се нивните заштедени пари.

Исто така, македонскиот електорат го служи меморијата на втората ваша лага искажана на фамозниот 15 септември 2002 година, каде ветувавте вработување на барем еден член од семејство. Исто така господине Црвенковски, сакам да Ве потсетам, како прилепчанец, дека со поставувањето на Вашиот другар Тони Мицајков – Цванцикот, а потоа и Димитар Богдан за први луѓе на прилепскиот монопол, направивте невиден криминал во Тутунскиот комбинат, каде во тоа време со наместени тендери се офајдија и повеќемина актуелни високи функционери на СДСМ од Прилеп. Ова е на ниво на извршна власт.

На локално ниво, со поставувањето од Ваша страна за градоначалник на општина Прилеп, во личноста на психијатарот Сашко Пирганоски, градот под Марковите Кули, цели четири години тапкаше во место без инвестиции и во вистинска смисла на зборот стана мртов град. Со доаѓањето на власт во 2005 година најревносниот градоначалник Марјан Ристески, тогашната општинска каса беше во финансиска була од преку 7 милони евра.

Господине Црвенковски ова е само за Прилеп. Затоа во 2013 година на локалните избори македонскиот електорат му дозволи на опозициониот блок, од можни 120, да добие само 4 градоначалнички мандати.

Господине Црвенковски, Ве молам да го продолжите својот зимски сон, зашто македонскиот народ се` уште памети и не сака нови пирамиди, туку напротив сака финансиски стабилна и просперитетна Македонија.

На крајот од ова писмо со спортски жаргон, кажано, не може некогашен селектор кој бил заменет заради лоши резултати да му дава поддршка на својот наследник, кој со својата екипа губи девет пати по ред од ист противник.

Во тој случај најдобро е и двајцата селектори, и некогашниот и актуелниот, а во конкретниот случај Црвенковски и Заев, да си заминат од македонската политичка сцена поради лошите резултати.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top