Среда, 06 Мај 2015   
112 години од смртта на големиот македонски револуционер и патриот

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

На 4 мај оваа година се навршија 112 години од херојската смрт на Гоце Делчев, легендарниот борец за ослободување и обединување на македонскиот народ. На тој ден македонскиот народ и Македонците во целиот свет му оддадоа длабока почит и признание на делото на великанот на македонскиот народ - Гоце Делчев, кој го посвети својот живот на борбата за својата сакана и измачена Македонија.

Славна и херојска е историјата на македонскиот народ, кој со децении водеше и сеуште води смела борба за независност и слобода, за да постои како рамноправен народ меѓу сите други народи, за своето право да се натпреварува на полето на културата и прогресот со другите народи.

Во македонската револуционерна борба се изродија големи борци како Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Пере Тошев, но и многу други достојни синови на  македонскиот народ . Во таа борба за слобода и рамноправност македонскиот народ даде десетици илјади скапи жртви. Нема педа земја на целата територија на Македонија, каде не се оставени коски на загинати македонски револуционери, борци за македонската слобода.

Еден од најголемите и најценетите синови на македонскиот народ беше Гоце Делчев. Со своето воспитување, образование, политичко убедување, чуство за правда и храброст, Гоце Делчев стана идеолог и душа на ВМРО, која што ја канализираше и ја раководеше борбата на македонскиот народ за создавање на независна и слободна македонска држава.

Гоце Делчев беше непомирлив противник и борец против стремежите на европската и балканската буржоазија за поробување на Македонија. Тој се противеше на игрите кои беа  параван за присоединување на Македонија кон една од балканските земји. Признат од сите како водач на славната Македонска револуционерна организација, тој создаде вистинско македонско народноослободително движење кое се бореше за правото на македонскиот народ на самостоен живот, за создавање на самостојна држава, но и за пријателството меѓу народите во светот. Тој велеше: „Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите."

Македонската револуционерната организација го подготви и го спроведе епското Илинденско востание на 2 август 1903 година. Но тоа го направи без Гоце, без својот идеолог, без својот водач. Три месеци пред востанието, на 4 мај 1903 година, во нерамен бој со османлиската војска загина бесмртниот водач на македонскиот народ Гоце Делчев.

Димо X. Димов, во своите спомени за Гоце Делчев пишува:

„Петнаесет часа Турците не смееја да се доближат до нашите загинати. Петнаесет часа ние скршени го гледавме својот водач, легнат како жив, со главата наведната кон земјата, небаре наведнат над гробот на Македонија ..."

Светлите идеи на Гоце Делчев, неговото херојско дело го инспирира македонскиот народ во неговата понатамошна борба за ослободување од соседните држави водени од монархофашистичка буржоазија, која ја окупира и подели Македонија во 1913 година. Споменот на него го носеше македонскиот народ во антифашистичката борба за време на Втората светска војна.

Празнувајќи го светлиот спомен на Гоце Делчев, треба да одбележиме дека денеска, по долги години крвава и нерамна борба, среде купишта коски и реки од пролеана крв,  слободна е само Република Македонија, само дел од природната територија на која живее македонскиот народ. Жалосно, но вистинито во 21 век, македонскиот народ сеуште не е  признат на делови од македонската територија кои по поделбата во 1913 година останаа  во склоп на други соседни држави. Истите тие кои го негираат правото на името, јазикот, идентитетот и црквата на македонскиот народ.

Денес во Република Македонија, каде се пренесени коските на овој македонски великан, се остварени идеалите на Гоце Делчев, Јане Сандански и плејадата македонски борци за слобода. Меѓутоа, тоа не важи за останатите делови на Македонија, каде се погазени основните принципи на демократијата и човековите права. И покрај сите искушенија на кој е подложен тамошниот македонски народ никогаш не го заборавил својот учител Гоце Делчев и неговата порака дека светот треба да биде само поле за културен натпревар меѓу народите. 

Сепак ќе дојде денот кога ќе победи демократијата, кога ќе нема кој да го негира македонското име, јазик и идентитет, ќе дојде време кога и македонскиот народ ќе го заземе своето место во семејството на рамноправни балкански народи за заемна помош во изградбата на својата и нивната подобра иднина.

Да се биде верен на заветите на Гоце Делчев, за нас, Македонците, значи да работиме заедно со братските балкански народи, заедно со европските и со решавачката помош на ЕУ и НАТО да ја зацврстиме европска иднина и перспектива, но и да се бориме со сите демократски сили против предавниците на демократијата и делото Гоце.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.