Среда, 13 Мај 2015   
Оставена сама, Македонија плати висока цена за да се справи со терористичката група во Куманово

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Високо кренато победничкото знаме

Македонските безбедносни структури по непрекинатата 28 часовна борба во Дива населба, Куманово, со крајно високо професионална, патриотска и херојска акција, неутрализираа уфрлена терористичка група поддржана од домашни соучесници. Во текот на акцијата за неутрализирање на една од најопасните терористички групи на Балканот, животот го загубија 8 припадници на македонските безбедносни сили, а ранети се 37 полицајци.  

Херојската акција која се одвиваше на Денот на победата над фашизмот – 9 мај и продолжи на 10 мај, како и жртвите на мекедонските безбедносни сили не беа залудни, зошто тие неутрализираа опасна добро вооружена терористичка група во чии редови имало повратници од фронтовите во Сирија и Ирак, а кои во последните две децении биле дел од конфликтите на албанските простори. Со стекнатото искуство и знаење за терористичко дејствување и водење на герилска војна, оваа паравоена структура планирала напади на цивилни и државни објекти.

Според досегашните сознанија, оваа бројна добро организирана и опремена терористичка група влегла во Македонија на почетокот на мај и планирала кон средината на месецот да изврши терористички напади и што би довело до дестабилизација на земјата, што коинцидира со дејствувањето на опозицијата и нејзиното барање за преодна техничка влада.

Државните органи, како што ќе изјави претседателот Ѓорѓе Иванов, имале информации за опасната група и уште на почетокот на оваа година било доставено барање за соработка до 17 земји партнери од ЕУ и НАТО. Но, никој од нив не одговорил на барањето, што би можело со размена на информации да го спречи судирот во Куманово и непотребните жртви.

Оставена сама, Македонија плати висока цена за да се справи со терористичката група во Куманово. Но, без разлика на се`, македонскиот народ нема да дозволи некој било од надвор или од дома да го загрозува нејзиниот суверенитет. Нејзините скапоцени синови, Македонци, Албанци, Власи, Срби, Турци, Роми и други, како што дејствуваа во Куманово, ако е потребно повторно ќе застанат во одбраната на земјата, а секој кој не и` посакува добро на земјата скапо ќе плати за она што го направи или планира да го направи.

Некогаш е добро сами да се потсетиме, но и да ги потсетиме другите за македонскиот народ, за тоа кои сме и што сме, за сите наши маани и доблести, но и за тоа што тежнееме. Мошне инспиративен е текстот содржан во Манифестот на Привремената влада на Македонија - Единство, што го донела на 23 март 1881 година, и кој го испратила до сите дипломатски претставништва во Турција. Во него, меѓу другото се вели:

„Македонци, нашата мила татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ, исто така, удирајќи ги првите темели на воената вештина, со своите победнички фаланги и Аристотеловата просвета, ги цивилизирал човештвото и Азија. Но таа некогаш толку славна наша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и заборавање на нашето потекло. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност која, светејќи со таков сјај, не може и нема никогаш да пропадне. Таа станала како некоја вдовица: толку грозно ја напуштиле нејзините синови. Не го развева повеќе знамето што го носеа во триумф победничките македонски војски. Таа е денес само географски поим. Како да се настојува нејзините победнички белези да бидат покриени со покривот на заборавот. Гробот и го ископале нејзините интриганти кои, крстосувајќи ја нашата земја, и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гробари на големата и славна татковина; тоа се, исто така, оние интриганти што бараат... да го заменат јаремот со друг јарем. Со тоа ќе пропадне и регенерацијата на македонскиот народ. Моментот за Македонија е критичен: се работи за нејзиниот живот или смрт.

Вистински Македонци, верни деца на татковината! Зар ќе трпите нашата мила земја да пропадне? ...Наоѓајќи се во ваквата немоќ и гледајќи ја целата расплакана, наша мила Македонија, нашата драга татковина Ве вика: вие што сте мои верни деца; вие што по Аристотела и Александра Велики сте мои наследници; вие во чиишто жили тече македонска крв, не оставајте ме да умрам, туку помогнете ми! Каква тажна глетка за вас, вистински Македонци, ќе биде ако станете очевидци на мојот погреб! Не, не, еве ви ги моите крвави грозни рани, еве ви ги моите тешки синџири: скршете ги нив, излекувајте ми ги моите рани; направете се` на знамето што ќе го кренам да биде напишано: единствена и обединета Македонија! Штом тоа ќе го сторите храбро, истерајте ги од вашата земја овие убијци, кои го држат во своите раце знамето на неслогата и внесуваат отцепувачки страсти, ве делат вас, мои деца, на безброј народности, потоа собирајќи се околу знамето на Македонија, како ваш единствен национален белег, дигнете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно: Да живее македонскиот народ, да живее Македонија“!

(Документи за борбата на македонскиот народ за самос-тојност и за национална држава, Том Први, Скопје, 1981, стр. 266 -267).

Македонските безбедносни сили го развеаа победничкото знаме. Во Куманово тие покажаа висока професионалност и пожртвуваност. Тие покажаа дека веќе не се Македончиња, туку Македонци, кои се спремни да одговорат на секој предизвик и без разлика на грешките или интригантите, нема да дозволат да ескалира состојбата. На тоа ги обврзува минатото, но и иднината на своите деца и на Македонија.

Слава им на сите херои кои загинаа за Македонија!

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.