Среда, 27 Мај 2015   
„Човек сам што може да си направи, никој не може да му направи“

mane jakovleski 1
Мане Јаковлески

Години по ред опозицијата не успева легално да ја добие довербата на граѓаните. Останати на маргините на политичката скала, опозицијата станува очајна но и опасна, зошто очајот ги тера овие луѓе да направат секакви постапки па и да се здружат со самиот ѓавол, без разлика дали со тоа и` прават штета на сопствената земја.  Кога се во прашање парите и моќта, нив не ги интересира ниту народот, ниту стабилноста на државата.

Секоја опозицијата има право да се бори со сите легални средства против актуелната Влада да дојде на власт. Но тоа не и дава за право да го прави на штета на националните интереси. Вообичаено е и граѓаните да бараат од своите политичари да ги спроведуваат  нивните интереси, но и да ги штитат виталните интереси на државата. Иако ова им е добро познато на политичките гарнитури, изненадува однесувањето на најголемата опозициона партија која иако долго време се обидува да се врати на власт, сепак оди спритивно на интересите на граѓаните.

Резултатите кои ги постигнува актуелната власт се импресивни и за европски рамки. Она што се чинеше невозможно, денес станува реалност. Македонија во последните години драстично го менува ликот, на сите страни се гради, народ се вработува, ветувањата се исполнуваат едно по друго, завршените проекти се редат како бисерна нишка која се` повеќе свети и привлекува. Македонија создава нови вредности кои се препознатливи во светот, а тоа се` повеќе ги привлекува странските ивеститори. Тие знаат дека она што денес се ветува утре се остварува и дека се` повеќе се остварува македонскиот сон - напредна и просперитетна земја во која за секого кој сака да допринесува за доброто на земјата има место.

Најголемата опозициона партија предводена од Зоран Заев до сега немала ниту визија ниту стратегија, туку низ неа провејувале лични интереси. Сето она што беше кажано досега за заштита на интересите на народот беа само празна фраза. Така што лево декларирана партија, почна да "буричка" десно, па се изгуби во зоната на неразбирливото, спротиставувајќи ги зборот и делата, за на крај ни сама да не знае ни што сака, ни како сака...а богами, ни каде сака....

Опозицијата нема одговор како да парира на актуелната власт на внатрешен план, целата своја надеж ја има во надворешниот фактор и затоа така безобразно и недолично им се додворува и ја напаѓа сопствената земја.

Заев ќе ја ослободувал Македонија јадејќи ја човек по човек како канибал? Народната вели „Човек сам што може да си направи, никој не може да му направи„.

Со неговите постапки наштетувајќи и на државата, Заев се дозаглави во калта од која тешко дека ќе има излегување. Народот нема  да дозволи повампирување на духовите од минатото. Дали ќе дозволиме да се случи хорор, братоубиствена војна кој го заговара Зоран Заев и неговите надворешни подржувачи кои не и мислат добро на Македонија? Тоа зависи од самите нас.

Неколку влијателни држави се надеваат дека ќе ја видат Македонија на колена, дека македонците ќе дигнат оружје еден против друг, меѓутоа Македонија и досега во најтешки моменти секогаш покажувала капацитет и наоѓала излез.

На Македонија во минатото и се направени многу неправди и покрај нејзината мирољубива политика во согласност со преземените меѓународни обврски. Македонскиот народ е уморен барајќи правда насекаде. Редно е веќе меѓународната заедница да возврати со благонаклоност и да ја исправи вековната неправда која и ја има нанесено на Македонија, а не да бара начин како да и наштети на државата, се заради нечии бизнис интереси.

Ако се сплотиме и бидеме доволно цврсти, како што навистина знае и умее македонскиот народ, тогаш не само што ќе ја сочуваме државата, туку можеме да застанеме гордо и да го покажеме нашето националното достоинство и дигнитет. Наместо како досега да им се радуваме на поразите, време е да се радуваме на националните успеси.

Што се однесува до СДСМ време е членството да излезе од заложништвото на нивниот лидер, да се дистанцира од неговата погубна политика за македонскиот народ и држава и да го испрати на буништето на политичката историја. Во редовите на СДСМ постојат прекрасни млади политичари кои се кадарни да се носат со предизвиците на новото време и кои ја сакаат својата сопствена земја и народ. Само така ќе се создаде конзенсус за македонското прашање, баланс на политичките сили, услови за развој на демократијата а со тоа и целокупниот развој на Македонија.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.