Среда, 03 Јуни 2015   
Од војна никој нема корист!

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Станува поочигледно дека големите сили го користат Балканот како полигон за одмерување на силите.

Времето на појавување на внатрешната политичка криза, во која опозицијата бара оставка од владата и формирање на преодна влада, се совпаѓа со заострувањето на односите меѓу САД и Русија, но и кога Македонија е заинтересирана за рускиот гасовод „Турски тек“. Судирот на двете сили кој се одвива воглавно во Европа, во моментот се прекршува врз Македонија која се смета за најслаба алка на патот на предвидениот гасовод.

Интензитетот со кој ќе се одвива кризата ќе зависи од многу фактори, како и подготвеноста на балканските земји активно да се вклучат во игрите на големите сили. Во меѓувреме, Европа штитејќи ги своите интереси само декларативно се меша, но, всушност го остава регионот да осиромашува и да го затвори македонското прашање.

Од своето осамостојување во 1991 година Македонија континуирано е изложена од соседите на процеси кои водат кон нејзино разградување. Традиционалните идеи за распарчување на Македонија и припојување кон соседните држави, кои датираат од Балканските војни, сеуште се актуелни. Планот на соседните академии од деведесетите години од минатиот век, денес повторно е ставен во игра, користејќи ја актуелната политичка криза во Македонија, која ја создаде опозицијата предводена од Зоран Заев. Неодамна албанскиот премиер Еди Рама го најави спојувањето на Албанија и Косово, како и на сите Албанци во наредната година.

Имено, уште „во 1990 година, Европската унија, под покровителство на британската разузнавачка служба МИ 5, направи план за границите на Западен Балкан, кој нуди решавање на албанското и на српското прашање. Оваа карта покажува дека таму каде е Република Српска, северниот дел на Косово и дел од Македонија, со Скопје – Велес до Росоман и дијагонално до Кратово би требало да останат во Србија. Дел од Куманово до Струга би и припаднал на новата албанска држава, а битолскиот дел од Охрид до Штип, би бил дел од новосоздадена република која би се протегала до Јужна Албанија и до Јонско Море. И Струмица која би се припоила кон Бугарија. Таа е првата поделба од 1912 година, која како опција долго време беше актуелна. Но, ако се тргне од етничкиот принцип, тогаш таа не го решаваше македонското прашање, зошто во Грција, Бугарија и Албанија остануваат еден и половина милион Македонци и Власи“ (В. Ш. - „Нашата земја под стечај или растурање!?“, Македонско сонце, 31.08.2007, стр.14-15).

Двете децении на војни на Балканот покажаа дека не може со оружје да се решат границите по етнички принцип, дека војните им донесоа само жртви и уназадување на економиите на балканските земји и дека единствен излез се евроинтеграциите и почитување на правата на етничките заедници. Но, за жал, целосно Балканот ниту се интегрира ниту некој од соседите на Македонија кој е веќе влезен во ЕУ или НАТО ги почитува правата на Македонците.

Чуствувајќи се загрозени од создавање на Голема Албанија, балканските држави се повеќе се свртуваат едни кон други. Оттука, во најновиот извештај на ЦИА за состојбата на регионот, се предупредува дека секоја понатамошна силна поддршка на Албанците би ги турнала православните во прегратка на Русија. Исто така, во извештајот се предупредува дека е сосема можно Србија, Грција, Бугарија и Македонија да направат православен сојуз! Затоа се предлага на рамнотежа на Балканот.

Албанскиот народ сето тоа добро го знае и не сака да војува за туѓи интереси. Тоа беше видливо за време на настаните во Гошинце и Куманово, каде не им даде масовна подршка на криминално-терористичката група од Куманово. Но, секогаш ќе се најде некој кој за пари ќе изврши одредени валкани работи, спротивни на интересите на својот народ и држава. Но, овој пат Македонија не е истата како од 2001 година, ниту одбраната ќе биде како што беше тогаш, а како што се гледа ниту Македонија е сама.

Меѓутоа, ако некој се обиде да го потпали бурето барут во Македонија, за да ги оствари своите мрачни намери, тогаш ќе гори целиот регон, Европа, но и пошироко. Од ваквите воено-политички игри никој нема да има добробит, туку сите ќе загубат.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.