Среда, 03 Јуни 2015   
Ако сме географски поделени, имаме едно сонце и едно срце македонско

mane jakovleski 1
Мане Јаковлески

Многу сита и решета за нас МАКЕДОНЦИТЕ, одкако паметам, само препишуваат а, и да препишуваат излегува дека фалсификуваат.

Време е да и ставиме крај на  голготата  околу името, околу мистеријата за потеклото, околу генезата со Александар Македонски, Античките Mакедонци, Библиска Македонија или Славјаните кои се нарекувале Македонци, или ?

Идентитетот е неотповиклив вкалкулиран печат за секој човек, се раѓаме со жигот на генезата, дајте го еднаш, да се видиме, да се преброиме. На народот веќе му е преку глава ова тргачење по истории, генези, по медиуми, по весници по енциклопедии.

Дајте малку народски и логично да размислуваме, еве гласно резмислувам:

  1. Македонија е Библиска земја со Апостолска Црква,
  2. Античките Македонци се нашите предци по генеза, од Македон, Каран, Филип таткото на Александар Македонски, Светите Климент, Наум, Самоил, Гоце, Александров, Ченто.... Ние сме нивни наследници.
  3. Славјаните дошле од зад или пред карпатите (до ден денес не се  докажа дека навистина дошле) на територијата каде живееле нашите предци, Македонци.
  4. Дошле и многу други освојувачи и си заминале, или се асимилирале.
  5. Македонците останале до ден денешен и ќе останат засекогаш на овие простори.
  6. Ние сме Македонци.

Ве молам да се прибереме, да се приземјиме, да си ги собереме браќата и сестрите по крв, по генеза и по татко и по мајка, и да си ја напишеме еднаш за секогаш ПРАВАТА  ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА, Да најдеме други историчари,  само не од тие кои целиот живот профитирале да не трујат за трските на некакви Словени.

Ме гризе црвот од внатре, се секавам на зборовите на баба ми, Бог да ја прости, која ми кажуваше дека до Солун со магаре патувале 8 дена и 9 ноќи, а на вториот ден се разболела од заморот и 42 дена не можела да се соземе од грозница. Назад по истиот пат се вратила по 4 месеци од поаѓањето.

Си замислувам како од зад Карпатите Словените стигнале до Македонија? Колку мина успеале, здрави и живи да стигнат?

Колку стока донеле?

Како стоката  го препливала Дунав?

Како што пишуваат, луѓето кога пливале по Дунав, трските ги ставале во уста, каде ги ставале на стоката, во задникот?

Кој бил војсководецот што ги водел, како се викал?

Дали археолозите откриле некои ископини?

АЈДЕ ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ ВРЕМЕ Е И ДОСТА Е...Навистина се претера...

НИ ТРЕБА ВИСТИНАТА ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ...

Дајте да ја пренесуваме вистината за Македонија и Македонците во семејствата, во училиштата, да ја пренесуваме кон светот, да сме единствени и со ист став за нашето потекло, ни требаат содржини кои обединуваат, нашите Архиви и полици да ги наполниме со ВИСТИНИ....

Потребно ни е како леб насушен обединување на големиот македонски дух и она што секој народ го одржува во целост, единството на битието....Ме срдат и плуканиците по се што е македонско. ДОСТА Е!

АКО СМЕ ГЕОГРАФСКИ ПОДЕЛЕНИ, ИМАМЕ ЕДНО СОНЦЕ И ЕДНО СРЦЕ МАКЕДОНСКО, КАРАНОВО, ФИЛИПОВО, АЛЕКСАНДРОВО,...

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.