Среда, 24 Јуни 2015   
Македонската кралица Клеопатра се капела во магарешко млеко

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Познато е дека магарешкото млеко било ценето уште од древноста. Македонската кралица на Египет Клеопатра VII Филопатор од Птоломејската династија, за да ја зачува свежината на кожата се капела во него. Таа никогаш не се разделувала од караванот кој ја полнел нејзината када со еликсирот на младоста. Римјаните него го користеле како луксузен пијалок, а историските извори укажуваат дека магарешкото млеко се користело како средство за спречување на бактериската инфекција. Уште Хипократ го препорачувал за лекување на торакални (градни) болести и рани. Тој го вклучува во првата позната рецепта за лекување акни и розацеа (црвенило на кожата), што подоцна ќе ја потврди и академската наука.

Малку е познато за животот на древниот лекар Хипократ, но некои текстови подоцна биле документирани од Аристотел и Платон. Подоцнежните ставови на лекарот Гален се под силно влијание на Хипократ, а во средновековните медицински книги се цитираат и Хипократ и Гален. Во денешната народна медицина меѓу балканските народи сочувани се со традицијата по нешто од oваа средновековна литература.

Во средновековните списи се даваат упаства како треба да лекува грозница, забоболка, зуење во ушите и глувост, крварење од нос, сончаница, несоница, кашлица и болки во вратот, осип на кожата, жолтица, катар во цревата, особно ако човек преплива река, подагра (гихт), слабост на срцето, болести со камен и др. Покрај ова доаѓаат лекови за рани од удари од меч, кај прелом на коските, изгореници, од каснување на куче или змија.

Најголем дел од лековите биле од растителна природа: гуње (?), смокви, урми, лук, тиква, пипер, бадем, различни корени, семе и кори, алој, розова вода, смола, маст, мов и т.н. рана предизвикана од мач се лечела, на пример со смола и маст. Против кашлица се употребувале гуње, печени на кравја маст или лук пржен со мед. Исто така, се користело смокви натопени во добро вино, а покрај тоа и градите се мачкале со овча маст. Често се употребувало виното, особено старото, оцетот и медот.

Лекови од животинско потекло кои се препишувале биле: јајца, овчо и магарешко млеко, гускина или еленска маст, еленски рог, магарешко копито, мозок од елен или ласица, козји лој или козја плуќа, кожа од еж, полжави и ракови, измет од ластовица и свиња. Така свинскиот измет се користел против каснување од куче. Ретко се употребувале минерали како сулфур и сол. Многу често се пуштало крв и многу се бањале.

Во овие збирки имало и средства за разубавување. Лицата се разубавувале со моќни облоги со брашно од грав. Забите пак, останувале бели со употреба на прашок од еленски рог, а за растење на косата се препорачувало таа да се трие со испржено магарешко копито. Оцетот бил добар да се пие против последиците од пиење вино, а против главоболки од виното било препорачувано челото да се обложува со листови од бршлен или зелка. Постојат рецепти кои говорат за лечее на болки во нозете, кои се јавуваат поради тесни обувки. Се препишувале лекови за машката немоќ и неплодност, а метлата натопена со крв од црн јарец ги растерувала болвите и ореовите реси и дивите краставици стениците.

Покрај лекарствата се употребувале и магии. Некои од нив се молитви или изреки против каснување од змии, крварење од нос, забоболка, реума, грозница, чирови, како и против сите штеточини: гасеници, скакулци, црви, полжави итн. Некои пак, се записи, често сосема неразбирливи, напишани на лист хартија, против крварење од нос, беснило, каснување од змија, или нацртани на лебна кора, како лек против забоболка и како средство да се најдат крадците. Исто така, имало написи против грозница, како и лек испишан на јаболко кое требало да се изеде. На оловна таблица се испишувале проколнувања. Така во една од книгите од овој период може да се прочита „Милитва идуштом на суд“. Во неа се вели „Нека бог пред се` на противниците им го одземе јазикот и нека тие занемат“. Во животинските магични средства спаѓале глава, крв и срце на лилјак, а оној кој имал срце од гавран добивал на коцкање. Во изворите од овој период се говори за лекарите (врачеви) и за тоа како луѓето залудно го потрошиле цел имот, па на крај помош побарале и нашле на светите гробови.

Сепак, денешната наука докажа дека многу од тие природни лекови содржеле лековити состојки, поради што се употребуваат и денес. Така на пример розовата вода и магарешкото млеко, кое е доста барано на пазарот. Само цената на магарешкото сирење добиено од магарешко млеко достигнува и до 1.000 евра за килограм.

Уште таткото на медицината Хипократ го сметал магарешкото млеко како противотров за силните отрови. Оттука и во сторијата за Александар Македонски, во која бил отруен од Јола, се говори дека во чашата на македонскиот император бил ставен отров за кој немало противотров и единствено можел да се чува во магарешко копито - секој метал би бил разјаден од отровот.

Сториите за Александар и Клеопатра, како и учењата на Хипократ и Гален, ќе бидат причина во Средниот век, но и во XIX и XX век магарешкото млеко да се користи како средство за зголемување на имунитетот и еликсир на младоста. Во поголемите европски градови, особено во Париз намерно биле отварани продавници за магарешко млеко за подмладување на богаташите. Дури и некои болници одгледувале магариња, специјално за исхрана на бебиња на богати родилки кои немаат млеко. Инаку ова млеко лесно се абсорбира и ги содржи  речиси сите материи кои се наоѓаат во мајчиното млеко.   

Се тврди дека „белиот еликсир“ е могу корисен за зајакнување на имунолошкиот систем, за остранување на проблеми со кожата (ја храни кожата и ги отфрла мртвите клетки), ја регулира цревната флора, како и за остранување на хроничниот замор. Магарешкото млеко не содржи патогени бактерии и нема потреба да се пастеризира, па така се зачувуваат сите полезни својства, меѓу кои антибактериска активност за некои видови ешерихија коли и салмонели. Инаку, ова млеко има 60 пати повеќе витамин Ц од кравјото, а содржи и многу витамини А, Д и Е.  Состојките се особено корисни за спортисти, бремени жени, бебиња и астматичари.

Се` поголемиот интерес за здрава исхрана, ги натера луѓето да се вратат кон практиките на древна Македонија, Грција и Рим. Се отворија фарми во Србија, Белгија, Франција, Италија, Грција. Испитувањата покажаа дека магерешкото млеко помага за слабеење, дека триглицеридите се смалуваат, а се намалува и матаболниот стрес.

Денес во природниот резерват Задавица во Србија, каде постои ергела од над стотина магариња, од магарешко млеко се произведува магарешко сирење „Пулен“ кое чини 1.000 евра за еден килограм. Причината сирењето да е толку скапо е зошто тоа е многу ретко, а пак неговото производство е инзвонредно скапо. Еден литар магарешко млеко чини 40 евра, а за производство на 1 кг. сирење се потребни околу 25 литри млеко.

Македонија има природни услови да се одгледуваат магариња, па и српскиот резерват ги набавувал од кај нас. Наместо да ги извезуваме, подобро е да проработи нашиот претприемнички дух. Тогаш, зошто не и во Македонија?

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.