Среда, 01 Јули 2015   
Грција е вештачки создадена држава која во својата историја повеќе пати ја потресуваат должнички кризи

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Способноста на Грците да мамат, да поткупуваат и да се служат со секакви средства за да ја постигнат целта, Македонците одамна ја познаваат. Нивната византиска политика македонскиот народ многупати ја има почуствувано на своја кожа. Сега тоа на својот грб го чувствува Европа и може да го види вистинското лице на Грција, да почувствува како грчките политичари ја плетат својата кошница на штета на другите народи.

Во својата заслепеност со таканаречената грчка историја, Европа заборави на неколку важни историски факти за Грција. Таа е вештачки создадена држава која во својата историја повеќе пати ја потресуваат должнички кризи. Не случајно постои изреката должен си како Грчка.

Бизнис инсајдер (13 mind-blowing facts about Greece's economy) изнесува неколку важни факти за да може подобро да се разбере историјата на грчката економија која сега е пред колапс.  

1. Уште во IV век пред нашата ера 13 грчки градови-држави позајмиле пари од храмот во Делос, а голем дел од нив никогаш не го отплатиле долгот. Делос тогаш изгубил 80% од позајмениот капитал.

2. Грција досега претрпела пет должнички кризи. Првата во 1826 година, за време на војната за ослободување од Отоманската империја. Втората во 1843 година кога средствата од кредитот од 1832 година ги потрошила на војската и „одржување на власта на баварскиот принц Отон“. Потоа во 1860 година, кога по банкротот, Грција била исфрлена од меѓународниот финансиски пазар се` до 1878 година. Во 1894 година кога пазарот повторно и` бил достапен, кредиторите и` давале заеми на Грција во неодржливи количини, а владата престанала да ги плаќа во 1893 година. И конечно во 1932 година за време на Големата депресија.

3. Речиси пола време од стекнувањето на независноста, Грција била во финансиска криза. Грција доби независност од Отоманската империја во 1830 година, откако Велика Британија, Франција и Русија интервенираа за да и помогнат во војната за грчката независност. Од 1826 година до денес, Грците речиси 90 години се во финансиска криза.

4. Корупцијата скапо ја чинеше Грција, бидејќи се работи за 8-10 проценти од годишниот БДП. Се проценува дека голем дел од неа е на “обичните граѓани“ во секојдневните активности. Уште во 2010 година, во спроведените истражувања е заклучено дека Грција би го намалила тој просек барем на половина доколку делумно има контрола на корупцијата.

5. Приватните претприемачи во Грција одвоиле повеќе од 100 отсто од пријавениот приход за сервисирање на потрошувачки кредити, што всушност е невозможно во пракса, а покажува дека голем дел од приходите не се пријавуваат. Се проценува дека само во 2009 година, претприемачите избегнале 39 милони евра данок.  

Покрај овие и другите факти кои ни ги дава, Бизнис инсајдер пишува дека Грчката економска криза е полоша и од онаа на врвот на американската Голема депресија. Сето ова, го наведува авторот на текстот на претпоставката дека еврозоната наскоро ќе има една членка помалку.

Но, излегувањето од еврозоната на Грција ќе биде голем удар за еврото и единството на Европската унија. Поради тоа, ЕУ досега презеде низа мерки за да се санира состојбата во Грција. Огромен број европски политичари и службеници ги запоставија сите други проблеми за да најдат решение за оваа банкрот земја. Меѓутоа, и покрај сите напори, единаесет милиони Грци долго време им одат на нерви на европјаните и ги држат без здив.  

И додека Европа се тресе, Алексис Ципрас и останатите грчки експерти во Атина постојано поставуваат нови и нови барања за да го зачуваат својот застарен државен апарат од потребата за итно спроведување на реформи. Сега Атина во игра вклучува и референдум како решение за кризата. Најавата за референдум е последна капка и за најдобронамерните во Европа кои се прашуваат до каде може да оди инаетот и уцените на Атина!

Многумина аналитичари сметаат дека премиерот Ципрас одамна морал да го прифати спасувачкиот пакет на Тројката (ММФ, СБ и ЕЦБ) или пак да се договорел за контролирано излегување од еврото. Според нив, со најавата за референдум, тој сака да ја избегне одговорноста пред својот народ или дека не е способен за водење на разумна политика.

Сосема е јасно дека Грција без помош однадвор е осудена на финансиска пропаст. Оттука, многумина се прашуваат кој стои позади него, кој со вакви подмолни постапки ја тресе цела Европа, а според некои и го доведува во прашање опстанокот на еврото и ЕУ.

Референдумот во Грција е опасна работа, ако Грците кажат не за еврото и реформите. Тоа би бил голем шамар за ЕУ и за сите тие кои се залагаат да и` помогнат. Но, добро познавајќи ги нашите соседи тие ќе продолжат со уцени до крај и се доволно залудени за да го направат тоа.

Покрај финансиските импликации во ЕУ, Грција се заканува да ги отвори ширум портитие за бегалците од Азија и Африка, кои би ја преплавиле не само Македонија и Балканот, туку и Европа. Македонија и балканските земји се немоќни да се справат со тоа. Сето ова може да доведе до излегување на работите од контрола.  

Никој од Европа досега не сакал да ја понижи Грција. Од секогаш таа била поддржувана, иако како проект на големите сили, како што може погоре да се види, таа многупати се покажала како неуспешна. Дури и сега, Европа не се откажува и подава рака на спасот. Но, кога и покрај сите напори на членките на ЕУ и НАТО, грчката влада продолжува да си игра со нервите на европјаните и со уцени да се заканува на стабилноста на Балканот и ЕУ, многумина се прашуваат дали вреди залудно да се троши енергија и средства за да опстане една вештачки создадена држава.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.