Среда, 26 Август 2015   
Потребен е заеднички одговор на мигрантската криза

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Од своето осамостојување во неколку наврати Македонија се соочи со бегалски кризи и тогаш ја покажа целата својата хуманост и широкоградост за прифат и заштита на бегалците од кризните подрачја. Во текот на овие бегалски кризи во земјата беа згрижени во прифатилишта, колективни центри и приватно сместување, околу 400.000 бегалци се додека не беа создадени услови за нивно враќање. Македонија деновиве повторно е изложена на огромен бран од бегалци кои доаѓаат од Сирија, Авганистан, Ирак и други африкански земји. Тие не се задржуваат во земјата, туку транзитираат упатувајќи се кон земјите членки на ЕУ. Меѓутоа, масовниот и неконтролиран наплив на бегалци ја натераа Македонија да преземе низа мерки и активности за да може да им пружи соодветен и хуман третман бегалците.

Македонија од досегашните бегалски кризи има стекнато големо искуство. Така по настаните во Република Албанија во 1991 година, во Македонија заштита побараа над 1.100 лица. Во 1993 година поради воениот конфликт во Босна и Херцеговина заштита во Македонија побараа 63.000 бегалци. Во 1999 година, на судирите на Косово заштита во Македонија побараа 360.000 бегалци. Најголем дел од овие бегалци со подобрување на безбедносната состојба во нивните земји беа вратени, додека еден дел кои сметаа дека немаат услови за безбедно враќање, им беше овозможено да поднесат индивидулни барања за добивање на азил согласно Законот за азил и привремена заштита.

Во оваа бегалска криза е карактеристично што бегалците масовно и неконтролирано влегуваа во земјата од Грција, земја членка во ЕУ, што од друга страна го отежнуваше прифатот и соодветниот третман и транспорт на бегалците низ земјата кон северната граница. Прогласувањето на кризна состојба на северната и јужната граница од страна на Владата, со што се овозможи вклучувањето на АРМ, даде резултати и овозможи да се релаксира состојбата со бегалците на јужната граница. Ваквата состојба ќе трае се додека има потреба, а во случај доколку потрае повеќе од 30 дена Владата треба да побара одобрување од Собранието.

Во меѓувреме, воспоставен е транспортен коридор и бегалците се пренесуваат со возови, автобуси и такси возила до кампот во Прешево, Србија, а од таму према Унгарија. Инаку само за еден ден во текот на викендот во Гевгелија имаше наплив од 8.000 бегалци што е една третина од населението на градот. Македонија и Србија кои се наоѓаат на коридорот по кои се движат бегалците заеднички соработуваат, но зачудува изостанокот на соодветен кординиран одговор од страна на ЕУ.

Ова го потврдува и шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц кој заедно со македонскиот министер за внатрешни работи Митко Чавков го посети прифатниот камп за мигранти во Гевгелија. Согледувајќи ја ситуацијата на теренот, тој ќе изјави дека состојбата е драматична, дека земјата е оставена сама да се справува со бегалската криза. Според него „неопходен е заеднички пристап и не смее понатаму да се дозволи во Македонија да влегуваат нерегистрирани мигранти од Грција. Европската унија конечно мора да погледне и на бегалската рута низ Македонија, а не само на таа во Италија. Долгорочно решение на проблемот е можно само ако се договорат кризните држави. Во секој случај, Австрија ќе помогне и ќе соработува со македонската Влада.“

Исто така, шефот на австриската дипломатија ќе информира дека наскоро во Македонија за изнаоѓање заеднички решенија околу бегалската криза ќе се состанат министрите за внатрешни работи на Австрија, Унгарија, Србија и Македонија.

Според проценките на безбедносните служби се очекува ескалацијата со бегалците да продолжи. Меѓутоа, како што истакнува македонскиот министер за внатрешни работи, „нелогично е што проблемот ни доаѓа од земја-членка на ЕУ со која немаме никакви контакти во тој дел поради што очекува конкретна помош од Европската унија.“

Ако се има предвид дека во Македонија влегуваат нерегистрирани мигранти од Грција, потоа дека на северната граница на Србија, Унгарија гради зид кој треба да ги спречи да влезат на нејзина територија, како и изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека поради алармантната ситуација со мигрантите бугарската армија ќе се распореди на границите со Македонија, но и изостанокот на интегриран одговор на ЕУ, само по себе го наметнува прашањето дали ЕУ сака да ги задржи бегалците на Балканот. Неодамнешните најави дека ќе се градат кампови на Балканот, предупредува на таков развој на настаните и дека во иднина можно е да се очекува со бегалците да се справуваат Македонија, Србија и Хрватска.

Според изјавите на мигрантите очигледно е дека нивните дестинации се земјите членки на ЕУ. Тогаш зошто Грција не ги регистрира и транспортира кон нивното одредиште или земјите членки кои Брисел ќе ги посочи. Зошто ЕУ во овие земји не направи кампови, туку Грција без никаков документ нив ги гони кон Македонија и Србија, а пак соседните земји членки на ЕУ полека подигаат ѕидови, распоредуваат војска и ги надгледуваат границите со секакви средства само да ги спречат бегалците да влезат во нивните земји.

Досегашното искуство со хуманитарните катастрофи, укажува дека тука нешто не е во ред и дека Македонија, Србија, па и Хрватска, од транзитна зона може преку ноќ да станат огромен камп за азиланти, но и безбедносен ризик за балканските земји поради бројноста на младата машка популација меѓу мигрантите и верските разлики.

Не треба да се запостават заканите дека за пет години ќе се формира „Балкански калифат“, но и изјавата на министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билт, дека „православието е поопасно од исламскиот фундаментализам и поради тоа преставува најголема опасност за западната цивилизација“.

Ако се има сето ова во предвид, како што вели на својот пост академик К. Ќулавкова, не е тешко да се претпостави дека сето што се случува е резултат на демографски инженеринг, создавање хаос за да се направи редизајнирање на државите, нов поредок во согласност со нивните геостратешки интереси. Впрочем и политичката криза во која влезе Македонија е само мал дел од големото сценариото кое што го влечат мајсторите на играва.

Меѓутоа, ако падне Балканот, истото им се пишува и на цела Европа. Затоа е потребен заеднички одговор на мигранстката криза, односно интегриран европски пристап и одговор за остранување на причините кои довеле до бегалска криза и враќање на мигрантите во нивните држави. Македонија не смее да се претвори во бегалски камп, но, Македонија има големо искуство и може како дел од големото европско семејство да помогне во справувањето и надминувањето на последиците на оваа голема хуманитарна криза.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.