Среда, 02 Септември 2015   
Македонија слави 24 години самостојност

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

На 8 септември 2015 година Република Македонија одбележува 24 години од референдумот на кој македонските граѓани во Македонија и дијаспората се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливото мнозинство, над 95 % од граѓаните кои излегоа на референдумот во 1991 година позитивно одговорија на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

На 8 септември 1991 година, веднаш по затворањето на избирачките места, македонскиот народ во Македонија и дијаспората спонтано излезе на плоштадот “Македонија“ во Скопје, се славеше и во сите градови во Македонија, се славеше и во многу градови во дијаспората каде што живеат нашите сограѓани и го прославија осамостојувањето на својата земја.

Во своето обраќање до насобраниот народ тогашниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров ќе каже: „Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“.

Сонот на македонскиот народ за своја слободна, суверена и самостојна држава беше остварен на референдум, на кој му претходеше Декларација за независност која беше усвоена од првото повеќепартиско Собраније на Република Македонија на 25 јануари 1991 година. Искажаната воља на македонскиот народот, формално беше потврдена со изјавата за прифаќање на резултатите од референдумот на 18 септември 1991 година во Собранието на Македонија.

Референдумот беше само афирмативен пристап на вековната борба на македонскиот народ за слободна и независна македонска држава, која некогаш се решавала со пушки и крв. 

Тогашниот претседател на Владата Никола Кљусев во своето обраќање пред насобраниот народ за патот по кој ќе чекори македонскиот народ меѓудругото во својот говор ќе нагласи: „ ... самата историска обврска и судбина ќе не тера да ние пристапиме кон спокојно изодување на своја суверена држава, односно сите нејзини сегменти во правниот, политичкиот, економскиот систем и тоа ќе ни даде шанса да воспоставиме партнерство со сите оние кои ќе имаат интерес со нас да бидат, а Европа е тој дом кој ќе не интегрира и ќе не спои….“

Македонија беше единствена република која од СФРЈ излезе без судири и жртви. На 15 јануари 1992 година, по соопштувањето на Извештајот на арбитражната комисија на Евроската заедница на чело со Робер Бадинтер, дека покрај Словенија, Македонија ги исполнуваат сите услови за меѓународно признавање, државноста на Македонија ја призна Бугарија а потоа повеќе пријателски земји како Турција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина,...

Меѓутоа тоа само беше почеток на еден друг пат кој сеуште не е завршен. Тоа е трнлив пат исполнет со многу притисоци, закани и искушенија. Спорот кој го наметна Грција околу името, од осамостојувањето на земјата до денешен ден го попречува Европскиот дом да не спои, го попречува развојот и евроатланското интегрирање на земјата.

Европската заедница на 27 јуни 1992 година, под притисок на Грција, ја усвои Лисабонската декларација со која се условува дека ќе ја признае Република Македонија, но не под име кое ќе го содржи терминот Македонија. Но, многу брзо следуваше одговор на Лисабонската декларација на ЕЗ и поддршка на уставното име на земјата. На почетокот на август 1992 година Русија, а месец дена потоа и Белорусија ја признава државноста на Македонија. Тоа, беше знак за Грција да започне серија правокации, притисоци, лобирања, што ќе доведе и до промена на власта во Македонија.

По смената на првата експертска влада на Република Македонија на Никола Кљусев (17 август 1992), која во периодот од 1991 – 1992 година одигра значајна улога во воспоставувањето на независноста и сувереноста на македонската држава, и во чиј мандат беше воведена македонска валута и се формираше Армијата на Република Македонија, новата Влада предводена од Бранко Црвенковски подлегна на притисоците и прифати до разрешување на спорот со Грција да се користи привремената референца “ПРЈМ“ и на 7 април 1993 година, Советот за безбедност со Резолуцијата 817 го одобрува влезот на Македонија во ОН. По потврдувањето на меѓународно-правниот субјективитет на државата во ОН, каде со акламација на Генералното собрание Македонија под привремената референца беше примена за 181 членка на светската организација, следеа во текот на истата и почетокот на 1994 година серија признавања од Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство, Јапонија, САД и други.

Признавањето на Македонија предизвикува дополнителна нервоза меѓу Грција и Македонија и ќе доведе до прекин на преговорите во ОН, а Грција како дополнителен притисок воведува трговско ембарго кон Македонија во февруари 1994 година.

Тензиите меѓу двете земји се намалија со Привремената спогодба која е потпишана на 13 септември 1995 година во Њујорк. Со овој договор Македонија се согласи да го смени своето знаме (ѕвездата од Кутлеш) и да го измени Уставот во делот на преамбулата во која се вели дека земјата нема територијални претензии кон соседните земји. Истовремено Грција со спогодбата се обрза дека нема да го попречува патот на Македонија при зачленување во меѓународните институции, како што се монетарните институции, НАТО, ЕУ и др. Истовремено, под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот името кои се уште траат.

Во 2005 година Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, а во 2008 и препорака од ЕК за почеток на пристапните преговори со Унијата. Но, тој процес постојано е опструиран од Грција, која не го испочитува договорот и по примерот со НАТО, континуирано ја блокира евроатланската интеграција на Македонија, условувајќи со промена на името.

Во изминатите 24 години самостојно живеење македонската држава се соочи со низа тешкотии и проблеми. Покрај грчките блокади Македонија, од своето осамостојување се соочи со трицифрената инфлација на почетокот на 90-тите години, потоа со косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година, што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели. Тогаш тие беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава, Но, ваквите закани не ја одминуваат земјата ни до денес.

Сепак, по 2006 година, кога на власт дојде партијата ВМРО ДПМНЕ, до израз дојде новата прагматична политика на премиерот Никола Груевски, кој преку институциите на власта успешно се справува со сите нови предизвици.

Во меѓувреме Македонија го измени својот амбиент и е вистинско градилиште. Врз основа на зацртаните цели и визии, чија најголема задача е да се подобти животот на граѓаните, да придонесеме за економски развоj и општествен напредок кој државата ќе ја напрaви посилна, а граѓаните посреќни и сигурни,  денес се градат нови капацитети во кои се вработуваат млади луѓе, се градат километри нови патишта, се обновуваат болници, се гледа на секој начин да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните, но и на идните поколенија.    

Денот на независноста - 8 септември е празникот со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Македонија. Ова е празник кој преставува остварување на идеалите на многу генерации, идеал за кој многумина во вековната борба за самостојна и суверена држава ги жртвувале своите животи.

Оваа година се одбележуваат 24 години од независноста на државата, години низ кои македонските граѓани покажаа мудрост, но и години во кои покажавме зрелост како држава. Овие години покажаа дека Македонија е способна самостојно да одлучува и да оди напред овозможувајќи подобра иднина на своите граѓани.

Меѓутоа, само единствени како на 8 септември 1991 година, можеме да ги постигнеме целите и да одиме напред, да изградиеме подобра иднина.

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста - 8-ми Септември !

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.