Среда, 09 Септември 2015   
Црква Света Злата Мегленска во Воден, С’ботско. Црква на сите Македонци од целиот свет.

klaudija

Клаудија Лутовска

Под заложбите на Архимандритот Никодим Царкњас Црквата Св. Злата Мегленска треба да биде живописана, на нејзините sидови да се најдат икони на Македонските и Православните Светии и живописан Олтар

nikodim

Архимандритот Никодим Царкњас е етнички македонски, православен монах. Роден е во селото С'ботско, Воденско, Егејска Македонија во 1942. година. Со својата упорна и посветена борба за признавање на правото на сопствен јазик и црква на Македонците во северна Грција, Отец Никодим Царкњас е една од водечките фигури и симбол на движењето на македонците од Егејска Македонија за остварување на националните и политичките права.

Во 1973 бил замонашен како член на грчката православна црква. Во 1991, на позиција архимандрит, бил протеран од Црквата во Грција. Причините за неговото исклучување се спорни. Грчката Црква го обвинува за сериозно нарушување на етиката, и по одлуката на Светиот Синод бил доведен пред црковното правосудство и на 11 март 1992 година бил исфрлен од грчката црква.

Самиот бил иницијатор и носител на градбата на црква во родното село, која е осветена во 2001., и во која проповеда на македонски јазик.

За својата упорност морал да лежи затвор, бил спречуван и понижуван. Еден од иницијаторите е на постапката пред Судот во Стразбур против државата Грција за да овозможи постоење на законски регистрирана црква која ќе богослужи на македонски јазик и озаконување на сите црковни и духовни активности. Постапката е во тек (2008).

Добитник е (2006) на признанието „Духовен воин“, што го доделува културната манифестација „Македонски духовни конаци“ за смиреноста и истрајноста во заложбата за проповед на македонски јазик.

Архимандритот Никодим Царкњас вели дека растот на неонацизмот и на „Златна Зора“ во Грција во иднина можат да претставува сериозна закана за Македонците кои живеат таму. На предизборен митинг во Грција годинава, припадници на „Златна Зора“ веќе се заканувале дека ќе ја запалат црквата на Царкњас.

Според него, Синодот на Македонската православна црква недоволно се грижи за македонското малцинство во Грција, но и во останатите соседни земји.

Откако дел од Македонците во Австралија најавија дека ќе побараат отцепување од МПЦ, доколку Синодот не го реши нивниот проблем со владиката Петар, отец Царкњас се споменува како најсериозен кандидат за владика кој тие би го избрале да ја предводи новата епархија. Царкњас вели – хиротонисувањето ќе го прифати, но нема да создава паралелна црква на МПЦ.

nikodim2

Македонската православна црква ја интересираат само парите, скапите одежди на владиците и големите епархии, воопшто не води грижа за верниците надвор од Македонија, обвини единственото свештено лице што богослужи во деловите кај што живеат Македонци во северниот дел на Грција, вели отец Никодим Царкњас.

Информирајќи за продолжувањето на изградбата на храмот на север од Воден, почната пред десет години, отец Царкњас нагласи дека средствата до кои дошле се од американската дијаспора  и нешто малку средства од дијаспората од Австралија.

Тој го впери прстот и во митрополитот на Европската епархија на МПЦ кој воопшто ги немал посетено, барем да им дадел духовна подршка на верниците.

Тој изјави дека немаат никаква поддршка и од македонските власти чии залагања како и од црквата биле премногу тивки што ги обесхрабрило и активистите од македонското малцинство во Грција.

Со божја промисла, силна воља и помош од дијаспората, Отец Царкњас е уверен дека Македонците во Грција набрзо ќе имаат целосно изграден храм, за да можат да се молат, крштеваат, венчаваат и да ги испраќаат упокоените.

Смета дека може да им помогне на Македонците во Австралија, дека е запознаен со нивната проблематика, како и дека е многу почитуван таму.

Неговото име почна да се спомнува откако претставниците на 12 црковни општини и противници на надлежниот владика Петар го предложија како алтернатива и решение за долгогодишниот црковен проблем во австралиско-новозеландската епархија, каде што постојат вкупно 28 црковни општини.

Верските аналитичари се прашуваат дали неговиот избор е вистински чекор за МПЦ-ОА. Дали неговата позиција би била од корист за МПЦ-ОА во нејзината борба за томос за автокефалност или, пак, би создало дополнителни проблеми?

Одговорите се поделени. Едни сметаат дека изборот на Царкњас ќе ја смири состојбата со црквите во австралиската епархија, а други дека тоа ќе донесе допoлнителни тешкотии со Грчката православна црква.

Македонските владици, пак, велат дека една од пречките е фактот што тој е расчинет од Грчката православна црква, а нејзиното влијание е големо кај преостанатите православни цркви, од кои зависи статусот на МПЦ-ОА.

nikodim3

nikodim4

nikodim5

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.