Среда, 09 Септември 2015   
Македонците ни за пари не ја менуваа својата македонска национална свест

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Решениата на Санстефенскиот договор за мир (март 1878), како и на Берлинскиот конгрес (13 јуни – 13 јули) не ги исполнија очекувањата и преставуваа неправда за македонскиот народ. По останувањето на Македонија во рамките на Османската империја, Турците за да го спречат она што се случи во Босна, будно внимаваа на Македонија. Тие беа готови на секое безумие, па оваа состојба ја користеа агентите на српската, бугарската и грчката пропаганда за кодошење на Македонците кои се погласно ја искажуваа својата македонска национална свест.

Македонците кои не сакаа да бидат ни со Патријаршијата ни со Егзархијата беа изложени на невиден притисок како од пропагандите така и од турските власти. Со оглед на фактот дека верата имаше главна улога во Османската империја, Македонците не можеа да бидат признаени како посебен народ, бидејќи по укинувањето на Охридската архиепископија (1767) немаа своја црква. Во турските дефтери каде што поданиците беа запишани според верската припадност не постоеше македон-милет, па секое барање да бидат признати како Македонци беше одбивано и турските власти ги упатуваа на веќе постоечките цркви, Патријаршијата и Егзархијата. „Ако си Славјанин, еве ти ја Бугарската егзархија, ако си Грк, еве ти ја Грчката патријашијата. Трета црква нема, па според тоа нема ни трета народност.“ им велеа преставниците на османлиската власт на Македонците.

Во такви околности, и покрај сите притисоци, населението во епархиите во Македонија бараше возобновување на Охридската архиепископија и во училиштата наставата да се изведува на македонски јазик. Во 1896 година, според тогашниот конзул Ристиќ, 10 македонски ученици во Скопје барале од учителот наставата да се изведува на македонски, а не на бугарски јазик, по што биле обвинети дека шират српска пропаганда. Учениците им раскажале на граѓаните дека на таквите обвинувања од страна на учителот му одговориле дека не се Срби, ниту пак тој можеше да докаже дека се Бугари. Во меѓувреме, во Солун дошло до голем расцеп меѓу македонските и бугарските учители, што предизвикало голема вознемиреност во Егзархијата.

Појавувањето на зголемен излив на македонската национална свест кон крајот на XIX  век се сретнува и кај македонската емиграција. Во Бугарија весниците „Македонија“, „Малешевски балкан„, „Автономија“, „Глас македонски“ и други, се полни со статии во кој се изјавува дека меѓу македонскиот народ нема ни Срби, ни Бугари, ниту пак Грци, туку само Македонци, а во Шаховата „Македонија“ од 19 август 1889 година во статијата „Мислење за решавање на македонското прашање меѓудругото стои: „Ние не можеме да бараме свое спасување, ... ни како Грци, ни како Срби, ни како Бугари, туку како Македонци..“

Се погласното искажување на макадонската национална свест ќе го сврти вниманието на светската јавност. Во 1890 година, Русинот Комаров издава етнографска карта, во која Македонците ги одбележува со посебна боја од Србите, Бугарите и Грците. Австријанецот Карл Хрон, кој на лице место ја утврдува вистината за македонските славјами, ја изнесува во својата студија „Народноста на македонските славјани“, издадена во Виена во 1890 година. Сето ова како и претходно издадената студија на П. Драганов за самобитноста на Македонците ќе предизвикаат жива дискусија во европската јавност, но и уште помасовно истапување на македонскиот народ во барање на своите права.

Србија, Бугарија и Грција дури тогаш ќе сватат дека ниту сите пари дадени за пропаганда (цркви, училишта, книги, како и за поткупување на одделни видни личности) не можат да го сменат идентитетот на Македонците и од нив да направат Срби, Бугари или Грци. Извештаите кои Србија во тоа време ги прима од своите преставници од Македонија го говорат следното:

„Точно е дека многу Македонци, особено оние повлијателните по општините, обемно ја користеа оваа “дарежливост“ на странските пропаганди и бараа за работа добро да им се плати, исто како што за своите услуги бараа и Турците. Но, ни Бугарите, ни Грците, ни Србите не успеаја од нив да создадат Бугари, Грци или Срби, туку по примените пари се чуствуваат толку Срби, колку што се денеска Бугари или Грци.

Многу преставници по општините, па и поединци, ги користеа овие судири и настојувања на наведените пропаганди, зошто знаеја дека таму каде што се води борба на пропагандите, тука има и лична корист, на што најмногу ги научи бугарската и грчката пропаганда. Со оглед на тоа што кај овие Македонци, немаше ни бугарски, српски или грчки патриотизам, никој не сакаше да работи бадијава. Нивните барања често ги преминуваа и можностите а самите пропаганди, па беше полесно да се работи со Турците отколку со Македонците.

Знаејќи дека многу полагаме на училиштата, сега кога требаше да се потпишат молбите за отварање на училишта, бараат исплата на досегашните плати и на некои сметки... Крушевската, ...јасно ни кажа дека нема да поднесе молба за училиште, ниту ќе дозволи други да потпишат, додека не им се исплати она, што според нивните сметки, треба да го примат, на име на плата и направени трошоци.

За да извлечат што поголема корист од разните пропаганди и да добијат пари бадијава од кој и да е, тие често се покажуваат како сиромашни и го прикриваат својот капитал, како што тоа го правеше црковно-училишната општина во Струга, а имаше капитал од 200.000 франкови во скадарската штедилница.“

Виталноста и итрината која ја покажаа Македонците, ги изненади лидерите не само на српската туку и на бугарската и грчката пропаганда, кои сватија дека ниту со пари не можат да направат Срби, Бугари или Грци, односно да го сменат идентитетот на македонскиот народ. Напротив, ваквото однесување на пропагандите, притисоците кои ги правеа врз обичниот македонски народ, само ја зголемуваа омразата кон нив и го потикнуваа уште повеќе истакнувањето на македонската посебност, за што постојат премногу докази.

Тоа ќе ги натера лидерите на тогашните пропаганди да го смената своето однесување за да го придобијат македонскиот народ, но и тоа ќе остане безуспешно. Затоа е денес чудно кога од некогашните пропагадни центри повторно некои од соседите на ист или сличен начин се обидуваат да го негираат македонскиот народ или од него да направат нешто не е. Тие никако не ја научија лекцијата од минатото дека ни со пари, ни со стипендии, ни денес со пасоши неможат да ги сменат Македонците и да направат од нив Срби, Бугари или Грци.  

(извор. Д.Т. Раѓање на македонската нација, Скопје 1966, стр. 287 )

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.