Среда, 30 Септември 2015   
Сотиров: Како Славе Петров го променил своето име на TITUS FLAVIUS PETRO

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Во својот осврт за јазикот на Константин Велики („Elementa Nova Pro Historia Macedono-Bulgarica", G. Sotiroff, Regina, Lynn Publishing Co., Saskatchewan, Canada, 1986), Георги Сотиров кој еигрирал и истражувал во Канада за „бугарската античка историја“ вели: „Имало голем број факти од историјата, лингвистиката, археологијата, нумизматиката и фолклорот надвор од споменатите во оваа студија, кои го потенцираат заклучоот дека јазикот на Константин Велики бил една постара форма на славјанскиот дијалект...“

Според Сотиров, „собирајќи ги и класифицирајќи ги овие факти, може да се добие еден интересен истражувачки проект. Сепак, како што вели, не треба да се обременува (necessaria non sunt multiplicanda) со докази кои се повторуваат. Оттука следните примери кои тој ги дава нека се сметаат за додавање на мастило кон она што беше кажано претходно.

„Лаоник Халкондил (Laonicus Chalcondyles) вели дека утврдил дека Трибалите (Triballi) биле најстар и најголем од сите народи. "Сега тие се нарекувани Бугари", вели тој. За Страбон Трибалите биле Тракијци. Дион Касиј ги сметал Трибалите и Дарданците (Dardani) за Мизи.

Според Цезар Барониј (Cesare Baronius) Константин Велики тврдел дека е потомок на Веспазијан (Vespasian). Ние знаеме дека Веспазијан е основач на родот Флавио (gens Flavia). Од друга страна, латинскиот збор "flavius" значи "рус", додека "руси", како именка, значи "Руси". Човек се доведува во искушение да праша дали еден рус славјанин некако не станал латинизиран на Flavian (us)... Да претпоставиме дека некој ни каже дека таткото на Веспазијан бил нарекуван од своите роднини и пријатели чичко Славе Петров. Како едно такво варварско име ќе биде латинизирано така што да му се допадне на римската публика? Едната можност е - а можно е да има и други - да го промени своето име на TITUS FLAVIUS PETRO; што е точно името, запишано од Светониј (Suetonius).“ – пишува Сотиров

Врз основа на претходно изнесените факти, тој тврди дека славјаните биле тука на Балканот многу одамна пред Христа, а за оние кои „не веруваат дека јазикот на Константин Велики бил тракиски, односно славјански дијалект“, вели дека „би и направиле услуга на историографијата, ако само можат да покажат каков друг јазик мора да бил тој“.

Свесно или несвесно тој ни покажува зошто соседите се толку упорни во докажувањето дека Македонците биле Бугари. Како што пишува: „Јулијан вели дека неговото семејство е дојдено од Мизија крај Дунав, каде што луѓето биле познати по тоа што се многу тврдоглави. Веднаш составиле мислење и одлучиле, па никогаш не го смениле. Како може некој да помогне да се мисли дека толку одамна, уште во времето на Јулијан, во Дунавската рамнина имало некакви тврдоглави Бугари - во денешната секојдневен говор ИНАТ БУГАРИ?“

Дека постои и ден денес овој инает кај Бугарите е општо познато, посебно од гледна страна на македонската историографија. Но, не навлегувајќи во таа дискусија, нас не интересираат фактите кој Сотиров ги изнесува и го збогатуваат мозаикот од докази дека славјанскиот елемент бил присутен на Балканот уште од времето на Тројанската војна, многу векови пред таканареченото доселување на Славјаните во 6 и 7 век од нашата ера.

Меѓудругото, тој изнесува и други интересни податоци до кои дошол при своето истражување:

„Човекот за кој се претпоставува дека им кажал на Грците како да прават јогурт, се викал Аристеј (Aristaeus). Ни кажува дека тој го научил тоа искуство од нимфите. Ние не знаеме каде Аристеј ги сретнал овие нимфи. Сепак, од Херодот дознаваме дека Аристеј бил голем патник, дека одел далеку, дури до Иседон (Issedones) во Скитија (Scythia), и дека, напишал песна наречена "Аримаспиите". Плиниј говори небаре ги прочитал делата на Аристеј и додава дека во Тракија тој бил првиот човек кој се смешал мед со вино. Страбон познавал луѓе кои тврделе дека Аристеј бил учителот на Хомер.

Диодор Сикул (Diodorus Siculus) (Диодор Сицилијски?) ни кажува дека е можно Аристеј да се преселил на место близу до планината Хемус, каде го завршил својот живот. Можно ли е при една од своите долги посети во Тракија Аристеј да сретнал некои локални жени ("нимфи"), кои му кажале како се прави јогурт? Свидас (Suidas) нарекува Аристеј еден од гигантите. Од други извори можеме да научиме дека "гиганти" најверојатно биле тракиски народ на Халкидики“ – пишува Сотиров.

Во своето истражување тој не ги изнел сите достапни факти, зошто сметал дека со тоа би ја обременил самата статија далеку надвор од утврдените граници, а придобивките немало да бидат особено големи. Тоа значи, како што вели, дека во случаи доколку неколку древни автори го истакнале истото, не се сите цитирани. На ист начин таму, каде даден автор го направил истото набљудување неколкупати, не се сите примери запишани тука.

Во контекст за изворите кои му биле достапни во текот на пишувањето во Квебек, Канада, тој ќе забележи следново:

„Во однос на нивните релативни квалитети не треба да се подразбираат индиректни проценки, освен наведените во некој друг аспект. Конкретно, не се претпостави дека еден објавен текст, да речеме во Corpus scriptorum historise byzantinae, е ipso facto (по сила на самиот овој факт, сам по себе) се многу посигурни, отколку соодветниот текст во Patrologia Graeca или обратно... Јас го делам мислењето на оние научници кои укажале, дека по правило најстарите извори се најсигурни. Поголемо внимание е потребно кога се користат поновите извори, додека на мислењата изразени од современите писатели, секогаш треба да се гледа со сомнеж.“

Тој сомнеж кај Сотиров се јавува како во текот на истражувањето, така и поради предупредувањето од страна на други искусни истражувачи кои се обидувале да потврдат некој факт. Осврнувајчи се кон овој проблем Сотиров вели:

„Бевме предупредени да не се потпираме премногу на некои автори, бидејќи истите цитираат извори кои веќе не можат да се најдат. Таков е особено случај со Scriptores Historiae Augustae (SHA), од која треба да учиме за голем дел од информациите во врска со Константин и неговите современици... На автор кој ги измислува своите извори, не може да се има доверба. Небаре уништувањето на библиотеки и архиви не била вообичаена практика меѓу луѓето во власта во сите времиња, по сите делови на светот. Меѓутоа, ако некој направи труд да ги каталогизира сите такви веќе непостоечки извори, ќе видите дека повеќето од нив влијаат врз потеклото, животот и јазикот на Константин Велики и оној на неговите тракиски сонародници; во целата приказна.“

Сотиров се прашува „Па каде се записите на Фригијците и Мизите, кои според Страбон (12.8.4) се враќаат назад во времето од пред Тројанската војна?“ – и додава -  „Истото се однесува и за загубените делови од книги кои преживеале во изопачени вид. Отсечени страници и исцртани зборови и редови главно таму каде авторот очигледно кажал или се канел да каже нешто важно што се однесува на Константин и неговиот народ, или се однесува до Тракија воопшто... За да бидат работите уште полоши, ревносни, но пристрасни преведувачи често го изопачуваат значењето на оригиналните извори.“

Во контекст на извртувањето на историските извори, Сотиров дава уште еден пример:

„Ние сме изложени на фантастичен толкувања дадени во разни случаи од некои познати научници. Еден пример: Плутарх (Moralia, 282a) "објаснува" зошто римската аристократија имала по чевлите орнаменти, оформени како Месечеви српови. Можеби, подметнува тој, тоа е затоа што тие биле Аркадијци (од Аркадија), Προσελενοι кои дошле во Италија со Евандер (Evander). А како го толкува овој збор (Προσελενοι) преведувачот за изданието на "Loeb"? "Пред-Месечевите луѓе", вели тој, небаре Аркадија и Евандер можеле да имаат нешто заедничко со времето пред месечината. Προσελενοι, сосема очигледно, не е ништо друго, освен славјанскиот збор преселување, значи "имигранти", "доселеници", "придојдени" (лит. "преместени"). Што се однесува до малите (лунообразни) орнаменти со форма на полумесечина во чевлите на богатите Римјани, човек навистина треба да си нема друга работа и да е со силна имагинација за да види дека тука има врска со месечевата ера.“

Авторот заклучува дека „чудни работи се случуваат не само со книгите. Во музејот на Капитол во Рим човек може да ја види главата, рацете и нозете на она што некогаш била колосална мермерна статуа на Константин. Кој ја раздробил? Кога и зошто? Што се случило со телото? Имало ли натпис на него? Pontifices maximi нема да проговорат“.

На крај може да се каже дека сето погоре изнесено од Сотиров се однесува како за Тракијците, така и за Македонците и другите сродни балкански племиња. Долго време некој се обидувал да ја скрие вистината за нив, но, светот се менува и таа се повеќе се појавува на површината.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.